Иванов и Јилдерим: Поканата за НАТО ќе биде дополнителен поттик за реформите и безбедноста


Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во рамки на официјалната посета на Република Турција, денеска во Анкара имаше средби со турскиот премиер Бинали Јилдирим и со претседателот на Големото национално собрание Исмаил Караман. Како што соопшти Кабинетот на претседателот, на средбите биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Турција, при што било […]

Грчки медиуми: „Бомба“ од Заев – за идентитетот не се преговара


Оптимизмот од македонскиот премиер за решение на името до јули и изјавата дека идентитетот не е една од седумте точки за кои што се преговара, не останаа незабележани од грчките медиуми. „Бомба од Заев“ и „Заев откри дека за идентитетот не се преговара“, се главните коментари во текстовите на новинарите во Грција, по интервјуто на […]

Претседателот Иванов во официјална посета на Турција


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова, од денеска престојува во официјална посета на Република Турција. Претседателот Иванов во Анкара, како што соопштија од неговиот кабинет, ќе биде примен со највисоки државни и воени почести и ќе оствари билатерална средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган и со претставници […]

Радев ја почна официјалната посета на Македонија


Бугарскиот претседател Румен Радев денеска со средба со шефот на македонската држава Ѓорге Иванов ја почна дводневна официјална посета на Република Македонија. Радев беше пречекан со највисоки државни и воени почести на платото пред кабинетот на претседателот Иванов, а потоа двајцата државници заминаа на тет-а-тет средба. Радев и Иванов утре ќе имаат средба со претставници […]

Бугарскиот претседател Радев денес е во посета на Македонија


Бугарскиот претседател Румен Радев од денеска престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија. Радев во земјава пристигнува на покана на шефот на македонската држава Ѓорге Иванов. Тој ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на платото пред кабинетот на претседателот Иванов, а потоа двајцата државници ќе имаат тет-а-тет средба. Радев и Иванов […]

Традиционален ручек на Иванов со амбасадорите на земјите – членки на Вишеградската група


Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска приреди традиционален работен ручек со амбасадорите на земјите – членки на Вишеградската група, акредитирани во Република Македонија. На средбата присуствувале амбасадорот на Унгарија, Ласло Иштван Дукс, амбасадорот на Словачката Република, Хенрик Маркуш, амбасадорот на Република Полска, Јацек Мултановски и амбасадорот на Чешката Република Мирослав Томан. Како што соопштија […]

Иванов не е информиран за каков било постигнат договор меѓу Заев и Ципрас


Претседателот Ѓорге Иванов не е информиран за каков било постигнат договор меѓу македонскиот и грчкиот премиер од нивната средба во Давос, на кој договор се темелат јавните изјави на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, информираат од Кабинетот на Иванов. На информативната средба одржана во Клубот на пратеници на 27 јануари 2018 година, […]

Иванов блокира професионални дипломати, а форсира свои кадри


Најмалку тројца професионални дипломати од Министерството за надворешни работи, според информации на „Независен весник“, не добиле виза од претседателот Ѓорге Иванов за заминување во дипломатска мисија во дел од испразнетите претставништва на Македонија, главно, низ европските земји. Иако нема официјална потврда за кои кадри станува збор, нашите информации говорат дека еден од нив е Игор […]

Политичките лидери на координативен состанок за името


Државно-политичкиот врв денеска ќе одржи координативен состанок на кој ќе се разгледува иницијалната рамка за решавање на разликата околу името меѓу Македонија и Грција, што ја предложи медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц на 17 јануари во Њујорк. Состанокот се одржува на иницијатива на Министерството за надворешни работи во Клубот на пратеници во 18 часот. […]

На координацијата за предлозите на Нимиц ќе присуствуваат и Иванов и Мицкоски


Координацијата за предложената рамка на медијаторот на ОН во спорот за името Метју Нимиц ќе се одржи в сабота попладне во Клубот на пратеници. На средбата која е иницирана од МНР, како што потврдија за МИА, ќе присуствуваат претседателот Ѓорѓе Иванов и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски. – Министерството за надворешни работи е иницијатор […]

Иванови со дипломатскиот кор на Водици во Дојран


Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов со својата сопруга, Маја Иванова, синот Иван и членовите на дипломатскиот кор, учесници на традиционалниот дипломатски прием, денеска во Нов Дојран присуствуваа на одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици. Најсреќен меѓу учесниците што влегоа во водите на Дојранското езеро по светиот крст беше Мите Пејков од Нов […]

Иванов до Столтенберг: Македонија да го добие заслуженото членство во НАТО


Република Македонија во континуитет покажува дека е доверлив и стратешки партнер и сојузник на НАТО, неопходно е да го добиеме одамна заслуженото членство во Алијансата, со што ќе се создадат трајни придобивки за безбедноста, стабилноста и просперитетот во целиот регион, истакна македонскиот претседател Ѓорге Иванов, денеска на средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. […]

Иванов стави „вето“ на Законот за јазици


Претседателот Ѓорге Иванов објави пред малку дека нема да го потпише Указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците, што парламентарното мнозинство го донесе минатата седмица. Овој потег Иванов го образложи во обраќање до нацијата, посочувајќи дека Законот, според него, е неуставен, штетен за државата и дека е донесен во отсуство на опозицијата и […]

Иванов до утре на полноќ треба да се изјасни за законот за јазиците


Утре на полноќ истекува рокот во кој македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов треба да одлучи дали ќе го потпише указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците или ќе го врати во Собранието со или без забелешки. Собранието го донесе Законот за употреба на јазиците на 11 јануари, а потоа текстот беше испратен во кабинетот […]

Ќе се најде ли заеднички јазик за јазиците?


Оваа седмица се очекува одлуката на претседателот Ѓорге Иванов – дали ќе го потпише указот за прогласување на новиот Закон за употреба на јазиците, кој е дел од коалицискиот договор меѓу СДСМ и ДУИ, а парламентот го донесе минатата седмица. Законот, според информациите, е веќе испратен кај Иванов и тој треба да се изјасни за […]

(ФОТО) Коледарите затропаа и на вратата на претседателот Иванов


На Бадник, во пресрет на големиот христијански празник Божик, денеска во домот на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, го посетија децата од Интерактивното филмско училиште „Тинтири Минтири”, кои ја донесоа Божикната литија и со песната „Вечниот Бог“ го најавија Христовото раѓање. Сопругата на македонскиот претседател, Маја Иванова, изјави дека како семејство секогаш ги почитувале верските […]

Претседателот Иванов упати честитка по повод Бадник


Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и до сите христијани, по повод големиот празник раѓањето Христово – Божиќ. – Празнувајќи го Божиќ ние се сеќаваме на еден од клучните настани во историјата, а тоа е денот кога Синот […]

Иванов: Во 2018 да зачекориме по вистинскиот пат


Претседателот Ѓорге Иванов во 2018 година очекува Македонија да зачекори на вистинскиот пат – до поквалитетен живот, просперитет и благосостојба за сите граѓани. Како што вели во новогодишното обраќање, се надева и на праведно општество, втемелено на вистината, слободата и мирот. – Дозволете да ви ја честитам Новата 2018 година и од се срце да […]

Сѐ тече, само Иванов не се менува


Александра М. Митевска Претседателот Ѓорге Иванов не ја искористи деликатноста на политичкиот момент во државата, во кој се случи и неговото редовно годишно обраќање пред пратениците, за да промовира нов стил на извршување на функцијата – соодветно на крупните промени што се случија во годината што ја опсервираше. Шефот на државата пропушти шанса во премиерно […]

Влада на РМ: Иванов упати пораки за натамошни делби


Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов требаше прв да го препознае очекувањето на граѓаните, политичките елити и лидерите да се издигнат над партиските бои и да исчекорат од политичка доктрина на делби, кон јасни политики за обединување, место во својот говор да упати пораки за натамошни делби, реагираат од Владата на РМ на неговото денешно […]