Ѓоковиќ ја донира во добротворни цели наградата од српската влада за олимпиското злато


Новак Ѓоковиќ го освои златото во машка поединечна конкуренција на Олимписките игри во Париз. Во финалето го победи Карлос Алкараз со 7:6 (3), 7:6 (2). Тоа е првиот златен медал во кариерата на 37-годишната српска тениска легенда. Владата на Република Србија великодушно ги наградува своите олимпијци кои освојуваат медали. Така, Ѓоковиќ од неа ќе добие […]

Ѓоковиќ: Златото за Србија на Игрите е мојот најголем успех во кариерата


По два брејка и речиси три часа борба, Новак Ѓоковиќ го освои олимпиското злато, откако во финалето на натпреварувањето во Париз го совлада Карлос Алкараз. Српскиот тенисер на тој начин го освои единствениот трофеј што му недостигаше во кариерата, потврдувајќи го епитетот најголем во историјата на овој спорт и дека повредата на коленото која му […]

Ѓоковиќ го победи Алкараз и го освои олимпиското злато што му недостигаше


Новак Ѓоковиќ го освои златото во машка поединечна конкуренција во тенис на Олимписките игри во Париз. Во финалето го победи Карлос Алкараз со 7:6 (3), 7:6 (2). Тоа е прв златен медал во кариерата на 37-годишната српска тениска легенда, кој на тој начин го заокружи „Златниот слем“ во кариерата, односно ги освои сите четири грен […]

Ѓоковиќ загрижен за коленото по пласманот во полуфиналето на олимпискиот тениски турнир


Србинот Новак Ѓоковиќ, кој го победи Стефанос Циципас од Грција со 6:3, 7:6(3) за да се пласира во полуфиналето на олимпискиот турнир во сингл, рече дека ќе побара дополнителна лекарска проценка за неговата состојба на коленото. На Ѓоковиќ му беше потребен третман на теренот и за време на неговиот четвртфинален натпревар против Циципас и не […]

Ѓоковиќ го победи Циципас и се пласираше во полуфиналето на Олимпијадата


 Србинот Новак Ѓоковиќ вечерва го победи Гркот Стефанос Циципас во четвртфиналето на турнирот во сингл на Олимпијадата 2024 година со 6:3 и 7:6 (7:3). Мечот траеше два часа. Ѓоковиќ се врати од 2:5 во вториот сет, спаси и три сет топки при резултат 4:5 во корист на Циципас. Србинот реализираше 3 од 6 брејк топки […]

Зошто Ѓоковиќ го пропушти свеченото отворање на Олимписките игри


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ очекувано го пропушти свеченото отворање на Олимписките игри во Париз. Причината е повеќе од јасна – тој веќе в сабота има настап во првото коло, кога ривал ќе му биде Австралиецот Метју Ебден. Двајцата околу 13 часот и 30 минути ќе се најдат на теренот на стадионот „Филип Шатрије“. Свеченото отворање […]

Ѓоковиќ го надмина Алкараз на АТП ранг листата


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се искачи на второто место на најновата АТП ранг-листа објавена денес на веб-страницата на организацијата. Шпанецот Карлос Алкараз минатата недела загуби од Британецот Џек Дрејпер во второто коло на турнирот во Лондон и загуби 450 поени. Благодарение на ова, Ѓоковиќ се искачи на второто место. Србинот моментално закрепнува од операцијата. Лидер […]

Докторот кој го оперираше Ѓоковиќ: Вимблдон – речиси невозможен


Антоан Геромета, докторот кој го оперираше Новак Ѓоковиќ, истакна дека мали се шансите третиот тенисер во светот да игра на Вимблдон. Францускиот стручњак за L’Equipe истакнува дека е тешко да се предвиди како ќе се одвива опоравувањето на коленото и дека е речиси невозможно да се биде на 100 проценти за само три недели. „Во […]

Кога би можел Ѓоковиќ да се врати на терените по операцијата на коленото?


Поради скинат менискус на десното колено, Новак Ѓоковиќ беше принуден да се повлече од четвртфиналето на Ролан Гарос и натпреварот против Каспер Руд. На српскиот тенисер во средата попладне итно му беше извршена операција, а болницата во Париз веднаш ја напушти со патерици. По напуштањето, тој ја објави својата прва фотографија на патерици на Инстаграм […]

Ролан Гарос заврши за Ѓоковиќ


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос поради повреда на коленото, соопштија денеска организаторите на турнирот. Српскиот тенисер вчера во осминафиналето го совлада Аргентинецот Франциско Серудола со 6:1, 5:7, 3:6, 7:5, 6:3. На тој натпревар Ѓоковиќ почувствува болка во пределот на десното колено.

Ѓоковиќ: Не сум сигурен дали ќе можам да играм во четвртфиналето


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, кој по уште еден маратонски натпревар, се пласираше вчера меѓу осумте најдобри на Ролан Гарос, изјави оти не е сигурен дали неговото тело ќе може да издржи нов напор и дали ќе се појави на теренот во утрешното четвртфинале. По маратонска битка против Италијанецот Лоренцо Мусати во минатото коло и […]

Ѓоковиќ повторно направи подвиг и стана тенисер со најмногу победи на Гренд слем турнирите


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со вечерашната победа против Аргентинецот Франциско Серундоло стана тенисер со најмногу победи на Гренд слем турнирите. Со вечерашната победа во осминафиналето во Париз, најдобриот светски тенисер ја постигна рекордната 370-та победа на Гренд слем турнирите. Така зад себе го остави Роџер Федерер кој има 369 победи, Рафаел Надал е трет на […]

Ролан Гарос: Во 3 часот по полноќ Ѓоковиќ извојува историска победа со неверојатен пресврт (видео)


Новак Ѓоковиќ го совлада Лоренцо Музети со 7:5, 6:7, 2:6, 6:3, 6:0 за осминафиналето на Ролан Гарос. Натпреварот траеше 4 часа и 28 минути. Почна Во саботата во 22:38 часот, а заврши во неделата во 3:06 часот. Тоа е досега најдоцна завршен меч на парискиот Грен слем. На Ролан Гарос никогаш не се играло после […]

Синер ќе стане светски рекет број еден доколку Ѓоковиќ не стигне до финалето на „Ролан Гарос“


Италијанскиот тенисер Јаник Синер може да стане првиот рекет на светот врз основа на резултатите на Ролан Гарос, дури и без учество на турнирот. За да се случи Синер да стане прв светски рекет, потребно е бранителот на трофејот на Грен слемот во Париз, Новак Ѓоковиќ да не стигне до финалето.  Ако Синер обезбеди полуфинале […]

Инцидент во Рим, Ѓоковиќ го погодија со шише во главата (видео)


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доживеа непријатност при напуштањето на теренот по победата во второто коло во Рим. Ѓоковиќ се пласираше во третото коло во Рим, откако за еден час и 26 минути го победи Французинот Корентин Муте со 2:0, по сетови 6:3, 6:1. Во моментот кога го напушташе теренот и даваше автограми за навивачите, во […]

Ѓоковиќ загуби од Руд во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло


Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ денес загуби од Норвежанецот Каспер Руд во полуфиналето на турнирот од серијата АТП 1000 во Монте Карло – 4:6, 6:1 и 4:6. Мечот траеше 2 часа и 18 минути. Руд сервира четири аса, направи четири двојни грешки и реализираше 4 од 7 брејк топки. Ѓоковиќ три пати сервираше ас, направи […]

Ѓоковиќ: Олимписките игри ми се приоритет


Не е тајна дека најголемата желба на светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ е да го освои златниот медал на претстојните Олимписки игри во Париз. Српскиот тенисер тоа го потврди на турнирот во Монте Карло. Ѓоковиќ во интервју за „Тенис Чанел“ ги откри своите планови за остатокот од 2024 година. Планира да ги игра сите Гренд […]

Ѓоковиќ ја прекина соработката со Иванишевиќ


Горан Иванишевиќ веќе не е тренер на Новак Ѓоковиќ, соработката која траеше цели пет години е прекината. Новак Ѓоковиќ реши да ја продолжи кариерата со нов тренер. Веќе нема да соработува со Горан Иванишевиќ со кој стана број еден во светот. За време на петте години во кои беа заедно, Новак Ѓоковиќ освои пет грен […]

Ѓоковиќ нема да игра во Мајами


Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ нема да учествува на „Мастерс“ турнирот во Мајами, дознава „Спорт Клуб“. На Индијан Велс, Србинот неочекувано го заврши учеството веќе во третото коло со пораз од Лука Нарди. – Мајами е тука, ајде да видиме. Пред десетина минути бев на теренот, главата се уште ми е малку жешка. Морам да одвојам […]

Никој не ме познаваше пред натпреварот: Нарди за триумфот над Ѓоковиќ (видео)


Дваесетгодишниот Италијанец Лука Нарди, победата над Ѓоковиќ во третото коло на турнирот во Индијан Велс ја нарече чудо. Тој посочи дека по овој триумф на Мастерсот во Индијан Велс станал познат низ целиот свет. – Пред овој натпревар никој не ме познаваше. Се надевам дека публиката уживаше во играта. Јас сум многу среќен. Не знам […]