Прекинато водоснабдување во дел од Шуто Оризари


Поради уличен дефект на улицата „Галичица 30“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Галичица, Гвадалахара, Јован Хаџи Шишко, Дринска и Јуриј Розентал. Водоснабдувањето, како што информира „Водовод и канализација“, ќе биде прекинато од 15:25 часот до санирање на дефектот. 

Шабан Салиу во трка за градоначалник на Шуто Оризари


Претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР), Шабан Салиу, синоќа ја претстави својата кандидатура за градоначалник на општина Шуто Оризари. „Стојам пред вас со чувство на гордост и благодарност. Шуто Оризари е единствената општина во светот што ја води ромската заедница, место каде секој камен ја прераскажува нашата историја, култура и непокорлив дух. Денес заедно […]

Без струја дел од општина Шуто Оризари


 Без електрична енергија денеска од 9 до 12 часот ќе останат дел од потрошувачите лоцирани на улиците „Тиквешка“, „Демирхисарска“ и „Хаџи Јован Шишков“ во општина Шуто Оризари.  Како што информира РЦУК – Скопје, прекинот е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на Град Скопје. 

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари


Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје,постапувајќи по претходно добиени оперативни сознанија, расчисти случај во врска со кривичното дело – „измама во службата“ при што против лицето Д.А. (51) вработен како раководител на сектор во општината Шуто Оризари до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по член 355 став 3 од КЗ на РСМ. […]

Град Скопје организира јавна расправа за ГУП за Гази Баба и Шуто Оризари


Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира jавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот. Јавната дискусија за просторот во урбаниот опфат на Генералниот урбанистички план на град Скопје за територијата на Општина Гази Баба и на Општина […]

Расчистено вчерашното убиство во Шуто Оризари, поднесена кривична пријава против две лица


СВР Скопје го расчисти убиството кое вчера (03.05.2025) околу 15 часот во скопската населба Шуто Орузари го изврши Н.А. (38) од Скопје, кој што при семејна расправија со нож ја лишил од живот својата невенчана сопруга Р.А. (36) од Скопје. Откако ја убил Р.А., сторителот се дал во бегство, но по преземени мерки и активности, […]

Курто Дудуш и скопски инспектор пријавиле во полиција: Кој кого навредувал и се заканувал?


Вработен како инспектор во Град Скопје, вчера во 10:30 часот пријавил во полиција дека на улица „2“ без број во близина на дива депонија, при вршење на службени дејствија за вршење надзор и подигање на мостри, дошле две лица. Според пријавата, едно од лицата било К.Д., градоначалник на Шуто Оризари, кој почнал да ги навредува […]

Град Скопје со кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија


Инпекциските служби на Град Скопје денеска на терен откриле дека градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш создал нова дива депонија, поради што најавуваат кривична пријава.  – Денеска на терен инспекторите на градот Скопје со асистенција на интервентна полиција, констатираа нови кривични дела на Курто Дудуш, при креирањето нова дива депонија за што е поднесена […]

Дудуш се заканува дека ѓубрето ќе го донесе пред Град Скопје – но, што има фрлено околу контејнерите?


Градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, остро реагираше на одлуката на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, да ја запре акцијата за собирање смет во оваа општина. Според Дудуш, оваа одлука е одмазда поради неодамнешниот протест на жителите на Шуто Оризари пред канцеларијата на Арсовска. – Данела одлучи да ја  казни цела општина заради мирен […]

(Во живо) Протест на жители од Шуто Оризари пред Град Скопје


Пред канцелариите на Град Скопје попладнево се одржува протест поради состојбата со јавниот превоз и недостиг на автобуси во главниот град.  Во Скопје два дена не сообраќаа автобуси поради тоа што ЈСП Скопје немаше нафта. Возеа само триесетина автобуси од кои 25 возат на гас. Состојбата беше надмината откако Владата донесе одлука на ЈСП да […]

Речиси 3.500 жени од Шуто Oризари немаат избрано матичен гинеколог, иако имаат еден во општината


Македонската асоцијација на гинеколози и акушери (МАГО) по повод Неделата на женското здравје 2024 година организира симпозиум на кој ќе бидат презентирани податоците за ХПВ вакцината, вакцинацијата во бременост, улогата на обезитетот во бременоста и Стандардната оперативна процедура на Центрите за жртви од сексуално насилство. Согласно податоците од Министерство за здравство и Фондот за здравствено осигурување, […]

Кривично ќе се гони скопски градоначалник за „несовесно работење во службата”


Полицијата поднесе кривична пријава против градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш.  – СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против К.Д.(49), градоначалник на скопска општина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата” по член 353 од Кривичниот законик. Во текот на 2020 и 2024 […]

Изјава на премиерот Ковачевски (во живо)


Изјава на премиерот Димитар Ковачевски по потпишувањето на договор меѓу УНДП и општина Шуто Оризари за изградба на Ресурсен центар за повратници и други ранливи категории на граѓани.    

Ученици и наставници во Шуто Оризари учеа за климатските промени и заштита на животната средина


Најмалку 150 ученици Роми од основните и средното училиште во Шуто Оризари учествуваа во работилници за подобрување на нивното здравје, за климатските промени и за заштита на животната средина. Во средното училиште „Шаип Јусуф“ и во основните училишта „Браќа Рамиз и Хамид“ и „26-ти Јули“ се реализираа работилници за подигнување на јавната свест и за […]

Избоден малолетник од други двајца малолетници во Шуто Оризари


Малолетник заврши во болница откако бил нападнат од двајца други малолетници во Шутка.  – На 13.12.2023, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Чаир при СВР Скопје лишија од слобода двајца малолетници, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13.35 часот во населба Шуто Оризари во Скопје од страна на две малолетни лица со остар предмет […]

Бесплатна правна помош за жителите на Шуто Оризари


Министерството за правда отвори  канцеларија за бесплатна правна помош. Министерот за правда Кренар Лога и градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш потпишаа Меморандум за соработка . ,,Наша обврска е на сите граѓани да им обезбедиме соодветни независни и непристрасни судски механизми.Со ова на  граѓаните кои се во тешка финансиска состојба ќе им се овозможи да […]

Арсовска ги извалка чевлите во Шуто Оризари – се асфалтира 450 метри улица


Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска беше на терен во општината Шуто Оризари каде за првпат почна изградбата на крак 38 на улицата „Македонско Косовска Бригада“. – Овој проект кој е оценет како еден од заедничките приоритети се реализира од ЈП Улици и патишта, по налог на Град Скопје. Со реализацијата на овој проект, […]

Дискусии со локалните младински совети, ЕУ во Шуто Оризари


Europe House Скопје, во соработка со Општина Шуто Оризари и амбасадата на Холандија во Скопје, вчера беа домаќини на вториот настан од низата дискусии со локалните младински совети, чија цел е да се слушне гласот и да се дебатира за перспективите, потребите и предизвиците на локалната младина во земјава. Овие дебати се дел од годинашната […]

Нова гинеколошка акушерска ординација во Поликлиника Шуто Оризари


Во Поликлиниката Шуто Оризари денеска ќе биде отворена новата гинеколошка акушерска ординација ПЗУ МАЈКА Б&M, со што треба да биде надминат проблемот со пристапот до гинеколошки услуги во општината. Граѓанското движење АВАЈА информира дека успеале да изнајдат решение и донација за гинеколошката амбуланта за ангажирање на медицинска сестра во првите шест месеци за пружање на медицински услуги […]

Се чисти голема дива депонија во Шуто Оризари


ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во текот на изминатиов викенд започна активности за отстранување голема дива депонија лоцирана во скопската општина Шуто Оризари, во непосредна близина на спортската сала. „Во координација со Градот Скопје и општината Шуто Оризари, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје викендов започнаа со отстранување на исклучително обемна дива депонија лоцирана во оваа скопска општина. […]