Пронајден штитеникот од „Ранка Милановиќ“ кој исчезна во понеделникот


Дванаесетгодишниот штитеник на домот „Ранка Милановиќ“ кој исчезна во понеделникот, е пронајден вчера на улицата „Васко Карангелески“. Штитеникот, како што соопшти денеска МВР, во 15:30 часот е вратен во Домот.

Пет дена е исчезнат штитеник од Домот „25-ти Мај“


Седумнаесет годишен штитеник од Домот „25-ти Мај“ пред пет дена се оддалечил во непознат правец и оттогаш го нема, соопшти полицијата. Случајот вчера го пријавила З.М.(43) во Полициска станица Чаир. Се преземаат мерки за пронаоѓање на шитеникот.