Шилегов го тужи Трајановски за незаконско делење концесии за билборди


Градоначалникот Петре Шилегов најави дека градските власти ќе ја тужат предходната администрација бидејќи незаконски ја пренеле концесијата за билборди од една на друга фирма. Градот Скопје веќе ја подготвил кривичната пријава за неовластен пренос на концесија со договор склучен „во четири очи“. Шилегов инфомираше дека договорот предвидувал концесијата на компанијата „Медиас“ да премине на компанијата […]

Бесплатен превоз за сите скопски ученици, независно од оддалеченоста на домот од училиштето


Во новата учебна година новина е бесплатниот превоз за сите ученици во средните училишта на Градот Скопје независно од оддалеченоста на местото на живеење од училиштето во кое учат. -Досега бесплатен превоз користеле околу 20.000 ученици кои ги живеат на повеќе од 2,5 километри оддалеченост од училиштето во кое учат. Од оваа учебна година бесплатен […]

Шилегов: Тендерите на ЈСП се законски


Постапката за избор на двете фирми што се регистрирани на исто седиште и се јавиле на тендерите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ е законита, смета градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Темата за тендерите вчера на седница на Советот на Градот ја отвори советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ирена Попова, која го праша Шилегов како може фирми регистрирани […]

Ќе се гради парк зад Филхармонија


Нов парк ќе се гради на просторот зад објектот на Македонската филхармонија што со години е запуштен и се користи како диво паркиралиште. Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, најави дека во соработка со Општината Центар ќе уредат 14.000 квадратни метри со зеленило и урбана опрема. Проектот го изработи Секторот за урбанизам во Градот Скопје, градежните […]

БЕГ зголемува приклучоци за парно, Шилегов најавува преземање


Акцијата за бесплатно приклучување кон системот за централно греење со кој управуваат лиценцираните компании основани од БЕГ АД почна пред 10 дена а од компанијата соопштуваат дека има голем интерес кај правните лица и домаќинствата во градот Скопје. „Пристигнаа 110 барања за приклучок во новата грејна сезона 2018/2019 година. Споредено со истиот период минатата година, […]

Наместо два, против комарци се прска четири дена по ред


Годинава, наместо по два, се прска против комарци четири дена по ред. Тоа, според градоначалникот Шилегов, не влијае на здравјето на граѓаните, бидејќи средството кое се користи не е штетно. „Временските услови годинава допринесоа за интензивно размножување на комарците. Во јули температурите беа 18 степени, а летото беше многу врнежливо. Иако веќе предходно беа третирани, […]

Во населбите мора да има 60 отсто зеленило


Ќе се зголемуваат зелените површини за 60 отсто во новата населба која ќе се гради покрај Вардар на потегот од хотелот „Александар палас“ до Карпош 4. Советот на Градот Скопје вчера усвои три регулациски планови со кои се интервенира во Генералниот урбанистички план и се ограничува и се уредува поставувањето маркици за станбени и деловни […]

За кого ќе навива политичката елита: Заев за Хрватска и Србија, Мицкоски за Германија, Фетаи за Шпанија…


Двете најмоќни политички фигури во земјава имаат различно мислење и кога е во прашање фудбалот – најважната споредна работа на светот. Првите луѓе на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ ќе навиваат за различни репрезентации на претстојното Светското првенство во фудбал, кое од 14 јуни до 15 јули ќе се одржи во Русија. И двајцата жалат што […]

(Фото) Изложбениот центар за електрична енергија „Матка“ дел од туристичката понуда на Град Скопје


Градоначалникот Шилегов и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Штефан Петер, потпишаа Меморандум за соработка со ЕВН за користење на изложбениот центар „Матка“, кој е прв од ваков вид во регионот. – По потпишувањето на овој Меморандум, изложбениот центар „Матка“ ќе добие поголема промоција и стане повидлив на туристичката мапа на Скопје. Овој изложбен […]

(Фото) Дивите трговци протестираат, Шилегов не попушта


Веќе една недела дивите трговци на Бит-пaзар во знак на револт го блокираат сообраќајот на булеварот „Крсте Петков Мисирков“ бидејќи Градот Скопје не им дозволува да продаваат. „Независен весник“ ги посети дивите продавачи кои се жалат дека се оставени без леб и дека не знаат како да преживеат. Тие исто така тврдат дека нема вистина […]

Над 10.000 учесници в недела на „Виз-ер Скопскиот маратон 2018“


На денешната прес-конференција, којашто се одржа во Парк Хотел и Спа градоначалникот Шилегов, директорот на Агенцијата за  млади и спорт , Дарко Каевски, и директорот на Виз Ер Скопски маратон, Кире Синадиновски, ги изнесоа деталите за четиринаесетиот Скопски маратон, којшто ќе се одржи на 6 мај, недела, 2018 година. – Градот Скопје традиционално е домаќин […]

Шилегов си го бара долгот од СРЦ „Борис Трајковски“


  Градските власти се надеваат дека од годинава во касата ќе почнат да им се слеваат пари од Владата, кои таа им ги должи по основа на сопственичкиот удел на Градот во спортскиот комплекс „Борис Трајковски“, кој од градска сопственост премина под државна капа. Поранешната влада му останала должна околу 4 милиони евра на Град […]

Се отстранува постаментот од споменикот на Ќосето


Град Скопје денеска го отстранува постаментот  на кој до неодамна стоеше споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето , a кој беше отстранет ноќта меѓу 21-ви и 22 февруари и однесен во магацините на Металскиот завод-Тито. На официјалната страница на Град Скопје на социјалната мрежа Фејсбук се објавени фотографии од отсранувањето. Споменикот на Ќосето пред Судска палата стоеше […]

Шехтански до Шилегов: Како што го отстрани Ќосето, отстрани гo двоглавиот орел и УЧК во Чаир


Ванчо Шехтански, лидер на политичката партија ТМРО, кој беше функционер во власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ, очекува скопскиот градоначалник Петре Шилегов да постапи по одлуката од февруари 2016, која претходниот градоначалник Коце Трајановски не ја спроведе и веднаш да го отстрани, како што пишува, споменикот на УЧК , кој е дивоградба во скопската населба Чаир. „Петре […]

Шилегов за „Документо“: Меѓу двете влади постои расположение за решавање на проблемот


Подобро е да ги решаваш проблемите отколку да ги игнорираш, вели скопскиот градоначалник за грчкиот весник „Документо“. Петре Шилегов, вели дека тој, но и премиерот Зоран Заев сакаат да ги решаваат, а не да создаваат проблеми. – Кога сакаш да решиш еден проблем, го решаваш. Кога не сакаш, не го решаваш. Она што го гледам […]

Шилегов: Повеќе не даваме пари за барокни фасади, забавата заврши


Градските власти и официјално, на хартија, прекинаа со активностите за нови речиси 100 стилски фасади низ центарот на Скопје. Советот на Град Скопје ги поништи одлуките за програмите за рефасадирање на десетици објекти, проект што го почна претходната градска власт кој требаше да се реализира годинава. „Град Скопје повеќе нема да дава пари за барокни […]

Од утре бесплатен јавен превоз во Скопје


Поради големата загаденост на воздухот Градот Скопје донесе одлука за бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и во автобусите на приватните превозници. Ова е една од мерките што ги донесе Градот Скопје и стапуваат на сила веднаш, а ги објави градоначалникот Петре Шилегов. Бесплатниот превоз ќе биде овозможен се до моментот на намалување на […]

Шилегов: Скопје во моментов го плаќа данокот на неодговорното однесување


Скопје во моментов го плаќа данокот на неодговорното однесување на некои луѓе кои изминатите години направија урбанистички хаос во Скопје, изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов во „Само вистина“ на Канал 5. Тој рече дека главниот град го плаќа данокот на сечење паркови во четири часот наутро, затоа што на некој како што се слушна во […]