Шведска гради нови нуклеарни реактори


  Шведскиот премиер Улф Кристерсон рече дека на парламентот ќе му го претстави новиот закон кој би овозможил изградба на нови нукеларни реактори. Кристенсон, на конференција за новинарите, изјави дека целта им е да го зголемат производството на електрична енергија и да ја зајакнат енергетската сигурност, пренесе „Анадолија“. „Да подготвиме закони кои ќе овозможат изградба […]

Шведскиот премиер се попрaва – ќе ги исполниме барањата на Турција


  Неодамнешните коментари на шведскиот премиер Улф Кристерсон за невозможноста на неговата земја да ги исполни барањата на Турција во врска со членството во НАТО се „недоразбирање“, појасни тој во средата. Кристерсон минатата недела рече дека Турција – која допрва треба да ја ратификува кандидатурата на Шведска за влез во НАТО – „сака работи што […]

Столтенберг: Време е Шведска да влезе во НАТО, таа направи сè што бара Турција


Време е Шведска да стане членка на НАТО, бидејќи направи сè што е потребно Турција да го одобри нејзиното приклучување, изјави денеска генералниот секретар на алијансата Јенс Столтенберг. – Дојде време процесот на ратификација за Шведска да заврши. Уверен сум дека Шведска ќе стане членка на НАТО. Не сакам да дадам прецизен датум кога тоа […]

Шведска го презема претседателството со Советот на ЕУ


  Безбедноста, отпорноста, просперитетот и демократските вредности и владеењето на правото ќе бидат четирите приоритети на Шведска која од денеска претседава со Советот на Европската Унија. Шведската Влада претходно објави дека овие приоритети ги одразуваат позициите што Шведска традиционално ги претставува во Европската Унија, но дека се во согласност и со актуелните геополитички и економски […]

Чавушоглу: Шведска не е ниту на половина пат да ги исполни условите за поддршка на Анкара за влез во НАТО


Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека земјата ги поздравува чекорите што ги презема Шведска за добивање одобрение за влез во НАТО, но дека не е ниту на „половина“ од исполнувањето на списокот со обврски што ги презеде за да ја обезбеди поддршката на Анкара. Чавушоглу на конференцијата со неговиот шведски колега […]

Пазарот на недвижности во Шведска е пред колапс


Високата инфлација и зголемените трошоци за задолжување влијаеле на значителен пад на вредноста на недвижностите ширум светот, а една од најпогодените земји од овој проблем е Шведска, пренесува „Блумберг“. По децении бум на недвижности поттикнат од евтини кредити и недостиг на станови, Шведска сега се соочува со остар пад на пазарот на недвижности што се […]

Официјална Анкара: Шведска и Финска мора да направат повеќе за да влезат во НАТО


Официјална Анкера верува дека Шведска и Финска презеле „позитивни чекори“ во борбата против тероризмот, што беше услов поставен од Турција за поддршка на нивниот влез во НАТО, но дека треба да направат повеќе за да ги исполнат барањата на Анкара, изјави денеска шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу. – Новата влада во Шведска е порешителна […]

Шведски институт: Половина светски демократии се во распаѓање


  Половина од светските демократии се во состојба на пропаѓање со влоување на граѓанските слободи и владеењето на правото, ао авторитарни власти кои стануваат порепресивни, предупреди во средата Институтот за демократија и изборна помош (ИДЕА) со седиште во Стокхолм. Во својот годишен извештај ИДЕА наведува дека демократските институции се потпкопуваат поради проблеми кои вклучуваат ограничување […]

Шведска: Траги од експлозив пронајдени во близина на оштетените гасоводи во Балтичкото Море


Шведскиот обвинител кој ја води истрагата за оштетувањето на гасоводите Северен тек 1 и 2 потврди дека се работи за саботажа и рече дека се пронајдени траги од експлозив. Обвинителот Матс Лунгквист рече дека сè е внимателно документирано. – За време на истрагата на местото на злосторството што се спроведе во Балтичкото Море, беа извршени опсежни операции и областа беше внимателно […]

Шведска е подготвена да се договори со Турција за кандидатурата за НАТО, тврди новиот шведски министер за надворешни работи


Новата шведска влада е решена да постигне договор со Турција за нејзината кандидатура за НАТО, изјави денеска новиот шеф на дипломатијата Тобијас Билстром. Министерот нагласи дека неговата земја може да ги исполни сите точки од „трилатералниот меморандум“ потпишан од Турција, Шведска и Финска на крајот на јуни. „Ќе можеме да го задоволиме меморандумот и неговите […]

Стапката на невработеност во Шведска благо опадна во септември


Стапката на невработеност во Шведска малку се намали во септември, откако се зголеми во претходниот месец, покажаа последните бројки на заводот за статистиката на Шведска. Неприспособената стапка на невработеност се намали на 6,5 отсто во септември од 6,6 отсто во август. Во истиот месец лани стапката на невработеност изнесувала 8,2 проценти. Бројот на невработени падна […]

Новиот шведски премиер најави промена на миграциската политика и сузбивање на криминалот


Новиот шведски премиер Улф Кристерсон денеска во парламентот ја претстави коалициската влада на десниот центар, ветувајќи дека ќе го промени курсот за миграциската и енергетската политика и кривичното правосудство. Малцинската влада на Кристерсон, кого парламентот вчера го избра за премиер, ја сочинуваат неговата Умерена партија, Демохристијаните и Либералите, а извршната власт е поддржана од антиимиграциската […]

Шведска оди многу десно и нејзините аспирации за „хуманитарна суперсила“ завршија


  Ќе се намали бројот на баратели на азил на кои ќе им биде дозволено да влезат во Шведска, ќе се намали количината на меѓународна помош што земјата ќе ја обезбеди и ќе се ублажат нејзините аспирации да биде предводник во глобалната промена кон обновливите извори на енергија, изјави Кристерсон за новинарите во парламентот. Кристерсон, […]

Шведска го укина ембаргото за извоз на оружје во Турција


Шведскиот Инспекторат за стратешки производи денеска информираше дека повторно издава дозволи за извоз на воена опрема во Турција, со тоа е укинато ембаргото што беше на сила од 2019 година. Ваквиот потег е поврзан со напорите на Шведска да влезе во НАТО. Нордиската земја поднесе барање за членство во воениот сојуз по руската инвазија на […]

Шведска откри четврта дупка на гасоводот „Северен тек“


  Шведската крајбрежна стража откри четврто истекување гас на оштетените цевководи „Северен поток“, изјави портпаролот на крајбрежната стража за весникот „Свенска дагбладет“. „Двe од овие четтити се во ексклузивната економска зона на Шведска“, изјави за весникот портпаролката на крајбрежната стража Џени Ларсон. Двете други дупки се во данската ексклузивна економска зона. Осомничените чинови на саботажа […]

Шведската разузнавачка служба отвори истрага за „саботажа“ на Северен поток


Шведската разузнавачка служба (САПО) денеска соопшти дека води истрага за експлозиите и истекувањата на гасоводите „Северен поток“ во Балтичкото Море, нарекувајќи ги „саботажа“. САПО ја презема истрагата од полицијата затоа што „тоа може да се однесува на сериозно кривично дело кое барем делумно може да биде насочено кон шведските интереси“, се вели во соопштението. Во […]

Шведска: Лидерот на Умерена партија, Кристерсон именуван за мандатар


  Лидерот на третата по големина партија во Шведска, конзервативната Умерена партија, Улф Кристерсон денеска и официјално е назначен за мандатар за состав на новата влада. На изборите во Шведска, што се одржаа на 11 септември, четири партии од десниот центар освоија 176 места од вкупно 349, додека коалицијата на левиот центар во која беа […]

Турција ја повика новата шведска Влада да преземе мерки против терористичките групи доколку сака влез во НАТО


 Новата шведска влада сега би требало да се позанимава со безбедносните проблеми што Турција ги изнесе како замена за отстранување на ветото за членство на Шведска и Финска во НАТО, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Двете земји поднесоа барање за приклучување на Сојузот, како одговор на руската инвазија врз Украина. Но, тие […]

Шведската премиерка го призна поразот и најави оставка. Десницата ја превзема власта


  Социјалдемократската премиерка на Шведска, Магдалена Андерсон го призна поразот на изборите, предавајќи го раководството на земјата на десничарскиот блок составен од четири партии. Сите гласови сè уште не се преброени, но Андерсон, која минатата година стана првата жена премиер на Шведска, рече дека резултатите покажале дека десничарскиот блок победил. „Затоа утре ќе побарам од […]

Шведските конзервативци добија голема поддршка од гласачите, резултатите од парламентарните избори сè уште се неизвесни


  По 94 отсто преброени гласови на парламентарните избори во Шведска, демократите станаа втората најсилна партија во парламентот, по социјалдемократите на премиерката Магдалена Андерсон. Шведските демократи, популистичка антиимиграциска партија, ветија дека ќе ги разбијат бандите во гетоизираните населби каде стапката на криминал е зголемена, пренесе Бета. Затоа, Швеѓаните се загрижени за безбедносната ситуација во земјата, […]