Скандал во Шведска: Татко му министер за миграција – тој поврзан со екстремни десничарски организации


Синот на шведскиот министер за миграција, Јохан Форсел, бил соработник на екстремно десничарски организации, откри шведскиот весник „Експо“, а потоа потврди и член на владата на оваа земја. Форсел потврди дека неговиот син бил поврзан со одредени десничарски организации, велејќи дека „многу жали“ за тоа и дека „тоа повеќе не е случај“. „Како татко, вие […]

Германија и Шведска формираат коалиција: На удар се танкерите што шверцуваат руска нафта 


За шверц на нафта до трети пазари преку европските мориња, Русија ја користи таканаречената „флота во сенка“, т.е. танкери кои немаат државни ознаки, поради што е формирана шведско-германската поморска коалиција за зголемена контрола на Балтичкото Море. Официјално, од 1 јули, Германија лансира нов механизам за регулирање на поморскиот транспорт преку Балтичкото Море во соработка со […]

„Балет на Украина“ настапи во Шведска и Финска. Се испостави дека тоа биле Руси


Балет-група која тврди дека ја претставува Украина ги обиколувала Шведска и Финска под лажен идентитет, мамејќи ја публиката и наводно пренасочувала пари во Русија, дознава шведскиот медиум СВТ. Истрагата на шведските и финските медиуми откри дека компанијата зад таканаречениот „Балет на Украина“ е регистрирана во Москва, а приходите од настапите завршуваат на сметки поврзани со […]

Шведска одобри нов пакет воена помош за Украина во вредност од 1,47 милијарди евра


Шведска одобри нов пакет воена помош за Украина од 1,47 милијарди евра, што е најголемиот досега што земјата го испратила до Киев, изјави денеска шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон. Тој на прес-конференција рече дека најголемиот дел од пакетот, вреден 850 милиони евра, ќе биде наменет за набавка на воена опрема од шведската Управа за […]

Уште двајца повредени во пожарот во Кочани транспортирани во Шведска


Шведската Амбасада на својата Фејсбук страница објави дека во раните утрински часови уште двајца повредени во пожарот во Кочани се транспортирани во болницата Каролинска во Шведска. – Синоќа во 03:30 часот, летот за медицинска евакуација од тим од Универзитетската болница Каролинска полета од Скопје, носејќи уште двајца пациенти во Стокхолм на медицински третман. Шведска се […]

Во Шведска транспортирани двајца повредени во пожарот во Кочани


Од Скопје денеска напладне полета лет за медицинска евакуација на болницата Каролинска, со кој двајца пациенти се пренесени за медицински третман во Стокхолм во Универзитетската болница Каролинска, објави Амбасадата на Шведска на својата Фејсбук страница. Оттаму додаваат дека континуирано лекување и нега се обезбедени при транспортот на пациентите од Скопје во болницата Каролинска. -Северна Македонија […]

Шведската влада: Училиштата и предучилишните установи ќе мора да ги зголемат безбедносните мерки


Сите шведски училишта и предучилишни установи ќе мора да направат безбедносни планови со цел да ги задржат неовластените лица подалеку од нивните простории, соопшти денеска шведската Влада. „На пример, тоа би можело да вклучува… регистар за упис, контроли и систем за заклучување на вратите“, рече министерот за образование Јохан Персон, но додаде дека на училиштата […]

Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиште за возрасни во Шведска, меѓу кои и напаѓачот


Најмалку 11 лица се убиени во пукање во центар за образование на возрасни во градот Оребро, Шведска, соопшти утрово полицијата. Осомничениот сторител е еден од загинатите, а се уште не се знае точно колку лица се повредени во вчерашниот напад. „Сe уште немаме целосна слика за бројот на повредени“, рече портпаролот на полицијата, додавајќи дека […]

Шведска истражува саботажа, а Латвија бара нови прописи за бродскиот превоз


 Шведските власти денеска запленија брод што пловеше под знаме на Малта со цел да почнат истрага по вчерашното оштетување на подводен кабел во Балтичко Море. По вчерашното оштетување на подводниот кабел што ги поврзува Шведска со Латвија, НАТО распореди патролни бродови, а шведските власти почнаа истрага за саботажа. Додека летонската морнарица вчера соопшти дека три […]

Една од најголемите сензации досега: Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без четвртфинале


Ракометната репрезентација на Бразил направи една од најголемите сензации на големите натпреварувања досега, пласирајќи се меѓу осумте најдобри селекции на Светското првенство. Селекцијата на Јужна Америка го совлада еден од фаворитите за врвот – Шведска во неверојатен дуел со резултат 27:24 и со тоа Скандинавците  останаа без пласман во четвртфиналето. Бразилците одиграа одличен натпревар, по […]

Шведска испраќа воени бродови во Балтичкото Море: „Се случуваат чудни работи“


Шведска ќе учествува во операцијата на НАТО за заштита на подморничките кабли во Балтичкото Море, објави денеска шведскиот премиер Улф Кристерсон на прес-конференција за одбрана. Новата членка на НАТО ќе придонесе со три воени бродови и еден надзорен авион во операцијата, рече Кристерсон. НАТО ги засилува своите напори за заштита на инфраструктурата во Балтичкото Море […]

Важен преседан: Првата земја што одлучи да го регистрира своето име


Шведска стана првата земја што одлучи да го регистрира своето име како трговска марка за да обезбеди единствен идентитет и да избегне забуна со други места што го делат истото име. Во светот има осум локации кои го носат името Шведска, а меѓу нив има дури и градови во Соединетите Американски Држави, како и населба […]

Европската земја му порача на народот: Подгответе ги гробиштата, ќе има 500.000 мртви


Откако им достави брошури на своите граѓани во кои објаснуваат што да прават ако избие војна, Шведска исто така почна да подготвува гробишта бидејќи се спрема за сценарио до 500.000 смртни случаи. За потсетување, во ноември повеќе од пет милиони шведски домови добија брошура со наслов „Ако има криза или војна“, во која на граѓаните […]

Шведска е подготвена за радикални мерки: Сакаат да стават крај на бандите кои регрутираат деца преку социјалните мрежи


Според шведската полиција, првиот контакт на криминалците со шведските деца е често на социјалните мрежи како TikTok, Instagram или Snapchat. Шведска не исклучува воведување старосна граница за користење на социјалните мрежи, слично на неодамнешните мерки усвоени во Австралија. Целта е да се потисне регрутирањето млади луѓе во банди на овие платформи. Според шведската полиција, првиот […]

Образовни реформи во Шведска: Децата ќе одат во училиште од шест години


Од 2028 година, шведските деца ќе започнуваат училиште на шестгодишна возраст, една година порано од сегашниот модел, во рамките на реформите на образовниот систем што означува транзиција од учењето базирано на игра. Владата ги објави плановите да ја замени задолжителната предучилишна година за шестгодишните деца позната како förskoleklass со дополнителна година во grundskola (основно училиште). […]

Шведски тинејџери заработуваат убивајќи за данските банди. „Ефтино им е да ги ангажираат“


Малме во јужна Шведска и Копенхаген во Данска се соочија со ескалација на групно насилство во последниве години, интензивиран во текот на летото до точка каде што полицијата од двете земји сега оперира преку границите. Кога шетате низ Малме, сè изгледа многу идилично. Но, под површината се крие помалку романтична вистина. Малме и Копенхаген од […]

Евидентиран е првиот случај од новата варијанта на мајмунски сипаници во Европа


  Шведската агенција за јавно здравје го евидентира првиот случај на зараза со нова варијанта на мајмунски сипаници надвор од африканскиот континент, односно во Европа, јавува Би-би-си. Едно лице од Шведска се заразило за време на неговиот престој во Африка. Веста доаѓа веднаш откако Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи епидемијата на мајмунски сипаници во […]

Британци заминале во Шведска на службен пат. Убиени се и запалени?


Британците Хуан Цифуентес (33) и Фарук Абдулразак (37) отпатувале за Данска и Шведска во саботата на кратко службено патување и требало да се вратат во Велика Британија во 18 часот во неделата, рекле нивните семејства во апелот на социјалните мрежи во кој се моли за помош и се бараат информации за тоа каде се движеле. […]

Бабите и дедовците во Шведска можат да добијат додаток за грижа за нивните внуци


 Во Шведска почна да се применува нов закон што им дозволува на бабите и дедовците да добиваат платено родителско отсуство додека се грижат за своите внуци до три месеци во текот на првата година на детето. Шведскиот парламент го одобри минатиот декември владиниот предлог за трансфер на родителски додаток. Тоа се случува 50 години откако […]

Шведска објави дека руски воени авиони влегле во шведскиот воздушен простор


Руски воен авион го нарушил шведскиот воздушен простор, соопшти денеска шведското Министерство за одбрана. Борбениот авион Су-24 бил пресретнат од шведски Јас-39 Грипен југоисточно од островот Готланд во Балтичкото Море, соопшти Министерството, јави ДПА. Министерот за надворешни работи Тобијас Билстром го нарече неприфатливо однесувањето на Русија и најави дека ќе го повика рускиот амбасадор. Инцидентот […]