(Видео) Швеѓаните преку музички спот се исмеваат со Исламска држава


Музички видео-спот кој ги исмева џихадистите и Исламска држава предизвика остри реакции во јавноста во Шведска. Националната телевизиска мрежа СВТ, која го објави спотот, е на удар на гневни коментари во кои се бара забрана на спотот. Сатиричното видео прикажува шведски државјани кои одлучиле да се приклучат на ИД, а во него со хип-хоп музика […]

Повикан амбасадорот да го објасни инцидентот над Балтикот


Шведското Министерство за надворешни работи соопшти дека ќе го повикаат на разговор рускиот амбасадор за да објасни зошто порано оваа недела руски борбен авион пролетал на само 20 метри од шведскиот извиднички авион над Балтичкото Море. Портпаролката на шведското министерство Дијана Кудхаиб за шведската ТВ станица СВТ рече дека Шведска, овој инцидент го смета за […]

Таен состанок на претставници на САД и на Северна Кореја во Шведска


Високи претставници на САД и на Северна Кореја имале денеска ненајавен состанок во Стокхолм. Според претставник од шведското Министерство за надворешни работи, на состанокот присуствувал заменикот министер за надворешни работи на Северна Кореја, Чо Сон Хви и специјалниот претставник на САД за Северна Кореја, Стивен Бигун. – Тоа се само разговори од мал формат во […]

Стефан Ловен реизбран за премиер на Шведска


Шведска– Шведскиот Парламент денеска го избра лидерот на Социјалдемократската работничка партија (САП), Стефан Ловен за премиер на Шведска, јави ДПА. Со изборот на Ловен се става крај на четиримесечната политичка криза во која западна Шведска по изборите одржани лани во септември, на кои ниту еден од двата големи блока не освои мнозинство во Парламентот. Ловен, […]

Банкет во чест на Нобеловците: Шведските принцези со историски тијари


Шведска- Принцезите Викторија и Софија од Шведска блескаа со свечени тоалети и историски тијари на банкетот во чест на нобеловците во Стокхолм. Принцезата Викторија, најстарата ќерка на кралот Карл Густав  облече колоритна балски фустан што го носела мајка ѝ, кралицата Силвија за истата церемонија, во 1995 година и дијамантски тијара и обетки кои датираат од […]

Од Шведска за Македонија со срце: Донација вредна 300.000 евра за делчевската болница


На граничниот премин „Делчево“ денеска пристигна донација од Шведска вредна 300.000 евра што е наменета за здравствениот дом „Гоце Делчев“ во Делчево. Активноста е иницијатива на хуманитарната организација „Хенд тил хенд“ од Стокхолм. „Со оваа донација техничкиот капацитет на Здравствениот дом во Делчево во голема мера ќе се зголеми. Од друга страна сите инструменти кои […]

Избори во Шведска: Подем на екстремната десница


Шведска, по се изгледа, успеа да одолее на националистичката треска предизвикана од миграциската криза во Европа, оценува францускиот весник „Монд“. Весникот наведува дека првичните резултати од вчерашните парламентарни избори покажуваат дека левицата и десницата се речиси изедначени, со тоа што екстремната десница ги подобри своите позиции што ќе и овозможи поголемо влијание во политиката во земјата. […]

Парламентарни избори во Шведска


Шведска денеска избира нов парламент, а исто така и 20 провинциски и 290 општински собранија. Според аналитичарите, изборите ќе завршат без ниту една партија да освои потребно мнозинство, а екстремната десница би можела да добие позиција на арбитер во Парламентот. Право на глас имаат околу 7,5 милиони луѓе. По изборите составот на новата влада се […]

Капитенот на Шведска ќе го пропушти раѓањето на своето дете за да игра против Англија


Капитенот на репрезентацијата на Шведска, Андреас Гранквист ќе го пропушти раѓањето на детето, за да игра в сабота против Англија во четвртфиналето на Светското првенство во Русија. Сопругата на дефанзивецот требаше да се породи со второто дете во вторникот, еден ден по победата на Шведска над Швајцарија со 1:0 во осминафиналето. Триесет и тригодишниот Гранквист […]

СП 2018: Селекторот на Шведска: Задоволен сум од тактичката дисциплина на моите играчи


Селекторот на Шведска, Јане Андерсон не ја криеше радоста од победата против тимот на Швајцарија во осминафиналето на СП во Русија. Скандинавците победија со 1: 0 и се пласираа во следната фаза на турнирот, каде ќе се сретнат со победникот од дуелот помеѓу Англија и Колумбија. – Бевме трпеливи и го постигнавме своето. Јас сум […]

СП 2018: Шведска во четвртфинале по триумфот над Швајцарија


Шведска се пласираше во четвртфинале на Светско првенство првпат од 1994 година откако победи со 1:0 против Швајцарија на „Санкт Петерсбург Арена“ во еден од најслабите натпревари од првиот круг на директните елиминации на Мундијалот 2018. Сепак успехот на Швеѓаните беше заслужен, откако организираа поопасни напади во натпреварот, но и многу вешто одиграа во одбрана. […]

СП 2018: Шведска со силна игра против Мексико до осминафиналето


Шведска одигра многу силен меч и го победи Мексико со 3:0. Скандинавците ги постигнаа сите три гола во второто полувреме. Дефанзивецот Аугустинсон го отвори резултатот малку по паузата, капитенот Гранквист зголеми на 2:0 од пенал во 62-та минута, а резултатот беше оформен по автогол на Алварез. Тимот на Јане Андерсон покажа исклучителен карактер, откако го […]

СП 2018: Шведска со пенал ја совлада Јужна Кореја


Шведска со гол од пенал на натпреварот против Јужна Кореја стигна до минимална победа од 1:0 во групата Ф на Светското првенство во Русија. Натпреварот во Нижи Новогород изобилуваше со прекршоци. Јужна Кореја покажа подобра игра во почетокот, контролирајќи го поседот на топката. Меѓутоа, најсериозната шанса во првиот дел ја имаше Шведска преку Маркус Берг, […]

Шведска ја совлада Македонија, Бајрамоска ја заврши кариерата


Женската ракометна репрезентација на Македонија беше совладана од Шведска со 20:32 во претпоследниот натпревар од квалификациите за Европското првенство (ЕП) во Франција. Македонските ракометарки го доживеаја третиот пораз во квалификациите и ги загубија шансите за пласман на ЕП. Македонија не го искористи домашниот терен во „Кале“ и вторпат претрпува пораз од фаворитот Шведска. Швеѓанките во […]

ЕП ракомет 2018: Шведска и Шпанија во дуел за златото


Репрезентациите на Шведска и Шпанија вечерва во „Арена Загреб“ ќе го играат финалниот меч на Европскиот ракометен шампионат. За двете селекции ова ќе биде петто финале на континенталното првенство, а ниту една друга земја нема толку финални средби на Европските шампионати. За разлика од Швеѓаните кои на изминатите четири свои настапи во финалниот меч секогаш […]

Скандинавската драма за Шведска


Во највозбудливиот натпревар од Европското ракометно првенство во Хрватска, Шведска ја совлада Данска по продолженија со 35-34 и се пласираше во неделното финале против Шпанија. Петочниот ден донесе сосема неочекуван расплет, имајќи предвид дека Данска и Франција беа апсолутни фаворити, но и Швеѓаните и Шпанците заслужено ќе играат за златниот медал. Вечерва, Шведска ја држеше […]

Полуфинале на ракометното ЕП: „Триколорите“ на мегдан на „фуријата“ и битка за Скандинавија


Европското ракометно првенство влегува во завршна фаза. Денешната програма во загрепска „Арена“ нуди три меча. Први во неа ќе влезат репрезентативците на Хрватска и на Чешка кои од 15,30 ч. во дуел за петтото место на турнирот. Попладневниот термин (18 ч.) е резервиран за Франција и Шпанија кои ќе играат во првото полуфинале, а финалната […]

Швеѓаните поразени од Норвешка ќе го чекаат исходот меѓу Хрватска и Франција


Селекцијата на Норвешка ја победи Шведска со три гола разлика (28-25) со што дополнително ги намали шансите на Швеѓаните за пласман во полуфиналето на Европскиот шампионат. Победата од три гола не беше доволна за Норвежаните уште повеќе да ја замрсат ситуацијата во загрепската група 1, бидејќи и тиа како и Швеѓаните, односно Хрватите и Французите […]

ЕП во ракомет: Шведска ја оддува Белорусија и бодовно се израмни со Хрватска


Шведска и Франција ги оправдаа улогите на фаворити во дуелите со Белорусија, односно, Србија во групата 1 во Загреб на Европското ракометно првенство. Швеѓаните во четвртото коло ги поразија Белорусите со 29:20 (полувреме 19:12) и се пробија на третата позиција на табелата колку што има и Хрватска чија селекција денеска беше слободна. Французите во попладневниот […]

ЕП ракомет 2018: Французите ја совладаа Шведска


Ракометарите на Франција ја забележаа првата победа во новоформираната група 1 на Европскиот шампионат што се одржува во Хрватска. Актуелните светски шампиони вечерва во загрепска ,,Арена“ ја совладаa Шведска со 23:17 (полувреме 13:10). Седерик Сораиндо со 5 постигнати голови и голманот Жерар кој средбата ја заврши со 19 одбрани, од кои дури 13 во првиот дел, […]