Шаќири: До крајот на второто полугодие треба да се одработат сите 180 работни денови


 Според календарот за работа во образованието, до крајот на второто полугодие треба да се одработат 180 наставни денови, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири одговарајќи на новинарско прашање дали е точно дека поради одложениот почеток на второто полугодие учебната година ќе заврши на 14-ти наместо на 9 јуни. На владина седница минатата недела беше […]

Шаќири: Зимскиот распуст продолжен заради подобро функционирање на училиштата


  Заради подобро функционирање на училиштата е одложен почетокот на второто полугодие од учебната година, на 23-ти наместо на 18 јануари, изјави ресорниот министер Јетон Шаќири. Доколку има потреба, додаде тој, наставата од двата работни дена што ќе се загубат поради продолжениот зимски распуст ќе се надоместат во јуни. -Нема целосна работна недела, се работи […]

Шаќири- Вал: Без квалитетно образование, нема граѓани кои ќе бидат креатори и имплементатори на промените


Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во напорите за унапредување на сите општествени сегменти, вклучително и образовниот систем. Без понуда на квалитетно образование, не може да се создадат граѓани кои ќе бидат креатори и имплементатори на промените што ги наложува новото време и кои мора да се случат заради […]

Шаќири и студентите денеска дискутираат за надградување на законот за субвенциониран студентски оброк


Мерката субвенциониран студентски оброк не само што ќе биде достапна и во иднина, туку во меѓувреме законското решение ќе го унапредиме согласно потребите и барањата на оние за кои се однесува. Дадовме ветување и токму денеска на средба со студентите презентираме предлог измени кои ги подготвивме и јас очекувам од нив, да дадат дополнителни сугестии […]

Шаќири: Ако 30 отсто се грешките во учебникот по Историја и општество за петто одделение, МОН ќе заземе став


 Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири најавува дека до второто полугодие ќе има решение за учебникот по Историја и општество за петто одделение во кој се констатирани низа грешки и нелогичности. – До второто полугодие ќе имаме решение и ќе побараме од авторите да ги корегираат грешките. Ако се утврди дека грешките се повеќе […]

Шаќири полн фалби за студентите – тие вечер ќе му протестираат


Во идните академски граѓани гледаме двигатели на општеството и авангарда на промените кои треба да се случат за да можеме да одиме напред и да се интегрираме во европското семејство и воопшто во развиениот свет. И затоа ги поддржуваме, вложуваме во нив сега, создавајќи им услови и можности за што подобра едукација, за да можеме […]

Од утре испорака на новите учебници – за две недели ќе ги добијат сите


Поминаа два и пол месеци од почетокот на првото полугодие од учебната година, но наставата се одвива во услови на недостиг на учебници. Како решение, учениците фотокопираат наставни материјали или учат од оштетени книги. Министерот за образование, Јетон Шаќири за ТВ21 изјави дека учебниците се готови и дека од утре ќе им бидат достапни на […]

Шаќири: Студентскиот оброк до март ќе се исплаќа по старо


Студентскиот оброк по цена од 120 денари дневно да се исплаќа ретроактивно до март, а дотогаш да се најде системско решение за оваа субвенција. Тоа е договорено на средбата во Собранието меѓу претставници на студентите од сојузите на неколку универзитети, министерот за образование и наука Јетон Шаќири и пратениците кои предложија нов Предлог-закон за субвенциониран […]

Шакири ќе го оптимизира образованието: Некаде нема ученици, а има училишта


Оптимизација на училишната мрежа во основното образование и креирање на нови формули за финансирање на основното и средното образование се меѓу клучните компоненти на планот за реформирање на националниот образовен систем и на нив во моментов работиме заедно со Светска банка и УНИЦЕФ. Целта е подобро искористување на расположливите ресурси, постигнување на поголема ефикасност и […]

Шаќири: Вмрежувањето меѓу германски и македонски институции и компании е пример за одличната соработка помеѓу двете земји


Соработката меѓу компаниите секогаш придонесува за размена на идеи и искуства, а посебно кога станува збор за соработка на домашни и странски професионалци во своето поле на дејствување. Досегашната соработка меѓу Северна Македонија и Германија ни дава за право да се надеваме на поголем развој на нашата економија и општество. Ова го изјави министерот за […]

Со поддршка од СОНК, МОН ќе продолжи да го модернизира образовниот систем


Промените во образованието треба да продолжат, а СОНК ќе даде активен придонес во креирањето и имплементацијата на политиките со кои МОН и другите надлежни институции ќе го унапредуваат квалитетот на воспитно – образовниот процес во државата. Ова е заклучокот од денешната средба на министерот за образование и наука Јетон Шаќири и претседателот на Самостојниот синдикат […]

Шаќири упорно ветува учебници до крај на октомври или ноември


Во текот на октомври или почетокот на ноември ќе бидат готови учебниците, најави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Министерот, посочи дека во најбрзо можно време ќе почнат со печатење на учебниците за тие кои се одобрени од Националниот совет. – Некои учебници на друга седница ќе се одобрат од Националниот совет. И […]

Шаќири: Една од стратешките цели на МОН е поддршката на квалитетно и инклузивно високо образование и на студентскиот стандард


На почетокот на новата академска година сакам да им честитам на младите кои одлучиле својот животен пат да го продолжат со стекнување нови знаења и вештини, за да го извлечат најдоброто од себе, да продолжат да растат интелектуално и да си отворат повеќе можности за иднина. Пред вас е нова, возбудлива етапа исполнета со предавања […]

Шаќири: Во октомври и ноември ќе завршат сите процеси за учебниците од основно и средно образование


Очекувам во месеците октомври и ноември, сите процеси за сите учебници за основно и средно образование, да завршат во националната Комисија но и во процесот на печатење, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој во изјава за медиумите во Битола предочи дека проблемот со учебниците е од порано и не само во оваа […]

Шаќири: Учебниците ќе бидат готови во текот на првото полугодие


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири верува дека во текот на првото полугодие ќе бидат готови учебниците кои недостасуваат. – Верувам дека во првото полугодие ќе имаме учебници. Со почетокот на новата Концепција за основно образование се изготвени и нови програми коишто се однесуваат на прво, второ, четврто и петто одделение. После основањето на […]

Учениците без учебници, а министерот Шаќири оди на Самит во Њујорк за трансформација на образованието


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе учествува на Самитот за трансформација на образованието, што од 16 до 19 септември ќе се одржи во Њујорк, САД. Самитот, свикан од генералниот секретар на Обединетите Нации, има за цел да мобилизира на глобална политичка акција, барање решенија и покажување солидарност во пост-пандемискиот период, насочени кон подобрување […]

Шкендија ја прекина соработката со тренерот Артим Шаќири


Фудбалскиот клуб Шкендија објави раскинување на соработката со шефот на стручниот штаб Артим Шаќири. – Соработката со тренерот Шаќири е прекината со меѓусебен договор, бидејќи клубот и тренерот сметале дека прекинот на соработката во овој момент е во најдобар интерес на двете страни. Во оваа прилика КФ Шкендија му се заблагодарува на Артим Шаќири за […]

Шаќири: Денеска и секогаш на страната на наставниците, учениците и образованието


Денеска и секогаш на страната на наставниците, на страната на учениците и на страната на образованието. Само заедно можеме да обезбедиме подобро и поквалитетно образование, напиша на Фејсбук министерот за образование и наука Јетон Шаќири, посакувајќи им на учениците, наставниците и родителите среќен почеток на новата учебна година.   -Почнуваме навремено, на 1 септември и […]

Шаќири: Дигиталната писменост ја издигнавме во национален образовен стандард, децата учат и како да се заштитат на Интернет


Интернетот е секојдневие на сé поголем број деца, а пандемијата речиси две години дополнително ги врза децата за дигиталните алатки. Масовната онлајн изложеност на кревките личности, покрај сите придобивки, носи можности и за злоупотреби, закани, насилство и експлоатација, што го потврдуваат познатите случаи за кои јавноста дозна. Но и бројни, за кои само децата и […]