Почна демонтажа на две хидроцентрали на Шар Планина


Во координација со надлежните државни институции почна демонтажата и изнесувањето на цевководите од малите хидроцентрали „Пена 84“ и „Пена 85“ во долината на Лешница, соопшти Националниот парк Шар Планина. Оттаму оценуват дека станува збор за значаен чекор кон обновување на природниот екосистем. „Природата не се чува само со зборови. Таа се чува со дела, со […]

Опасност од лавини на Шар Планина


Националниот парк Шар Планина ја информира јавноста дека на територијата на паркот во моментов е присутна висока лавинска опасност, особено во деловите од планината кои се наоѓаат на надморска височина над 1700 метри.   Зголемената лавинска опасност е резултат на специфична комбинација на временски услови, вклучувајќи ја температурата на воздухот, правецот и јачината на ветерот, […]

На Шар Планина со ратраци носеле скијачи без дозвола – контролата попречувана


Националниот парк Шар Планина информира дека при теренски контроли на државен имот констатирале вршење дејност превоз на скијачи со ратраци која била во спротивност со важечката законска регулатива и заштита на природните вредности на паркот. Според управата на паркот, операторот немал склучено договор и спогодба со нив, како што е предвидено со Одлуката за режимот […]

По околу 200.000 евра ќе добијат Националните паркови „Шар Планина“ и „Пелистер“


По предлог на Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, Владата на денешната седница ја усвои одлуката за доделување финансиски средства на двата национални парка „Шар Планина“ и „Пелистер“, кои со години се соочуваат со финансиски предизвици. Целта на доделувањето на средствата е зајакнување на институционалните капацитети […]

Успешна евакуација на повредено лице од Шар Планина со хеликоптер на Армијата


 Вчера во попладневните часови, по добиено барање од Центарот за управување со кризи (ЦУК), Армијата на Република Северна Македонија, поради сериозноста на повредите и непристапниот терен, изврши итна медицинска евакуација со хеликоптер од вВИНГ, на лице кое паднало во провалија во близина на Ливадичко Езеро, Шар Планина. Како што соопшти Генералштабот на Армијата, повреденото лице, […]

Од мај ќе се наплаќа движењето со возила низ Национален парк Шар Планина


 Од 2 мај 2025 година, Јавната установа Национален парк Шар Планина почнува со систем за наплата на влез на моторни возила на територијата на паркот, преку праќање на СМС порака или скенирање на QR код. Треба да платат сите посетители кои со моторни возила се движат по дозволените патишта низ паркот, а ослободени од наплата […]

Студено време со врнежи од дожд и снег


Денеска попладне и во текот на ноќта, во западните, а утре во источните делови ќе има повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 л/м2), соопшти УХМР. Во сабота ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела ќе има брз продор на студена воздушна маса од […]

Шар Планина и Пелистер добиваат нови инфо центри


Првиот заменик претседател на владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес оствари работна средба со директорите на националните паркови Шар Планина, Емир Хусеини и на Пелистер, Иванчо Тошевски. Меџити разговараше со првите луѓе на Шара и Пелистер за инвестиционите планови на министерството, како што е изградбата на нови објекти – […]

ЦУК: Спасен повреден чешки планинар, скијач, на Шар Планина


Во координирана акција на повеќе субјекти од Системот за управување со кризи, доцна попладне и во почетокот на ноќта, бил спасен чешки планинар, скијач, на Шар Планина, кој бил повреден, инфромира ЦУК. Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово информираше дека денеска (26.02.2025 година) во 16.42 часот на Единствениот повикувачки број 112 на ЦУК […]

Првпат извршена опсервација на видот молика на Шар Планина


Вработените во Националниот парк „Шар Планина“ првпат во текот на 2024 година имаат извршено мапирање и мониторинг на ендемичниот вид дрво Pinus peuce (молика), кое се наоѓа само на пределот од Јелак до Плат. Биле добиени првични резултати за видот, неговата распространетост, живеалиштето, виталноста на популацијата, како и главните закани. Дрвјата се наоѓаат во високите […]

Ренџерите од НП „Шар Планина“ се обучија како да се справат со појава на лавини


Со цел зголемување на личната безбедност во зимски услови, неделава, ренџерите од Националниот парк (НП) Шар Планина поминаа обука за стекнување знаења и вештини при појава на лавини. Оттаму велат дека снегот, што особено годинава го има во изобилство, е постојан ризик од појава на лавини во повисоките планински подрачја, па затоа била потребата за […]

Трибина за заштита на биодиверзитетот на Шар Планина


Втората трибина од проектот „Заштита на биодиверзитетот на флората и фауната на Шар Планината – општествен императив“ што го реализира Здружението за култура и уметност „Традита“ – Тетово ќе се одржи денеска во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Теарце. Според агендата, настанот ќе започне во 11:30 часот со обраќање на Селам Сулејмани, претседател на „Традита“ […]

Утрово пронајдена 72-годишна почината планинарка на Шар Планина


Планинарката по која од вчера се трагаше на Шар Планина, пронајдена е утрово почината, соопштија од Центарот за управување со кризи. Регионалниот ЦУК Тетово, извести дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во 11.57 часот, вчера бил примен повик за исчезната повозрасна планинарка (72-годишна) на Шар Планина во реон на Љуботен, по што […]

За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина


За еден месец на подрачјето на Националниот парк Шар Планина изгореле над 400 хектари, а од тоа најголема површина е зафатена во само два пожари над село Селце, кои траеја шест дена, информираа денеска од НП Шар Планина.   Како установа потрошиле 80 илјади денари материјални средства, а штетите по изгубена дрвна маса и друга […]

Пожарот над Селце не е локализиран, сè уште се шири


Национален парк „Шар Планина“ информира дека пожарот над село Селце не е локализиран, како што извести МВР и велат дека сè уште се шири. Тие објавија фотографија од состојбата во 18 часот на која се гледа интензивен чад, а ги повикуваат жителите на Селце на помош. -Пожарот над село Селце не е локализиран, напротив, тој […]

За штетата направена од ратраците на Шар Планина, Инспекторатот побара 27 илјади евра


За штетите врз природата поради движење со моторни возила и одвивање на забранети активности во национален парк, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) побарал вкупно парични казни од 27 илјади евра за два правни субјекти кои употребувале т.н. „ратраци“ на подрачје на Шар Планина. Според известувањето на Државниот инспекторат, правните субјекти одбиле да ги потпишат […]

Шар Планина ќе се пошумува со пари од холандска организација


Национален парк Шар Планина денеска потпиша договор за соработка со холандска организација Греен Стејс (greenstays.eu) и нивна тетовска подружница која ќе донира средства за пошумување на оштетените шуми на територијата на заштитеното планинско подрачје. Од Националниот парк објаснуваат дека дел од шумите низ Шар Планина се во состојба во која им е потребна помош за […]

Си дивееме и со ратраци на Шар Планина – Македонија единствена во Европа го дозволувала ова


Известување до јавноста во однос на одлуката со која се забранува движење со  моторни возила-ратраци надвор од дозволените патишта на територијата на  Национален парк Шар Планина  Во 2021 година, македонската јавност се согласи да ја заштити уникатната природа и пределни  вредности на Шар Планина. Од тука, речиси целата планина е прогласена за заштитено подрачје од  […]

Мечката што го касна данскиот скијач ги штитела своите мечиња


Мечката што гризна дански скијач на Шар Планина, всушност ги штитела своите мечиња.  Данскиот „фри рајдер“ скијач, кој скијал надвор од обележани  скијачки патеки, е добро. Пренесен е во Тетово, каде му се преврзани раните, а своеволно ја напуштил болницата, информираше Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК, кој беше на местото на несреќата.  Ангелов апелираше до […]

Мечка на Шар Планина изгризала и изгребала дански скијач по нозете


Денес околу 10.45 часот, во месноста Јелак на Шар Планина, мечка нападнала дански турист кој заедно со група скијачи учествувал во т.н. “фри рајд” скијање (надвор од скијачки патеки) во близина на Попова Шапка. Мечката со гризнување и гребење му нанела повреди на нозете на скијачот. Екипа на итната медицинска помош од Тетово го транспортира […]