Се уредува плоштадот „Македонија“: Се заменуваат оштетените плочки, се чистат фонтаните…


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук сподели дека деновиве интензивно се работи на сите страни низ градот. Како што вели, го средуваат она што со години било запоставено, а требало да се одржува секојдневно. „На плоштадот ‘Македонија’ се заменуваат скршените и пропаднати плочки, фонтаните што подолго време беа оставени на забот на […]

Герасимовски со хигиеничарите во ноќна акција – ја чистат „Народен фронт“


Градоначалникот на Општина Центар, со возила на ПОЦ и со 120 хигиеничари, вечерва е во ноќна акција за расчистување на малите депонии околу контејнерите на учицата „Народен фронт“ во Капиштец. Досега го расчистија ѓубрето околу контејнерите кај Цветен пазар или кај последна 23-ка, а продолжуваат по должина на улицата.  Откако го товарат расфрланото ѓубре, околу […]

Се чисти коритото на Вардар во Центар, ги потсети ли Тортевски?


Согласно со Програмата за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и на отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2025 година, по налог на Градот, екипи на ЈП „Улици и патишта“ Скопје започнаа со спроведување на активности за машинско чистење на коритото на реката Вардар.   Се чисти  […]

Во Сараево се појави лептоспироза, ја пренесуваат глодачи – сега службите се расчистија


Во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, се појави лептоспироза, од која заболеле 17 луѓе, а двајца се во болница.  Се бара прогласување епидемија на дел од градот, каде се појави болеста.  Откако се евидентирани случаи на лептоспироза во кантонот Сараево, фирмата КЈКП „Рад“ д.о.о. Сараево издаде соопштение во кое ги разјаснува своите надлежности […]

Центар ги исчисти улиците во Маџир маало каде надлежност има градот Скопје


Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека утрово, Општина Центар заедно со директорот Душко Коцевски и вработените на јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар – ПОЦ ги исчистија јавните површини во населбата Маџир маало кадешто надлежност има градот Скопје. „Вчера, веднаш се мобилизиравме и еве утрово спроведуваме голема акција за чистење на нашата општина. Ја исчистивме населбата […]

ЈП „Комунална хигиена“ ги засука ракавите – чисти, мие, собира ѓубре…


Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје продолжува со интензивирање на активностите за одржување на чистотата и хигиената во градот. Како и досега активностите продолжуваат и во наредниот период. Претпријатието ќе спроведе значајна акција за миење на контејнерите за отпад и на локациите каде што се поставени истите. Оваа акција ќе опфати детално чистење на контејнерите, […]

Скопје се чисти по синоќешното невреме


ЈП Комунална хигиена-Скопје утринава спроведува засилени активности за расчистување по обилните дождови што во текот на вчерашната ноќ го зафатија градот Скопје. Во координација со Градот Скопје, екипите на Претпријатието реализираат активности за расчистување на јавните и на сообраќајните површини, со цел да се овозможи проодност на движењето на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот. […]

Волонтерскиот центар Скопје ќе чисти низ градските општини


Волонтерскиот центар Скопје денеска ја организира првата екоакција и тоа во Кисела Вода. Ќе се чисти во паркот „11 Октомври“ покрај трим патеката. -Ќе се рашириме низ паркот и патеката за џогирање за да го ослободиме местото од ѓубре. Ќе имаме кеси, ракавици, вода и овошје за сите вредни волонтери. Погрижете се да дојдете со […]

Се чисти на територијата на Општина Гази Баба


Во текот на денешниот ден, Градот Скопје и јавните градски претпријатија ќе започнат акција за генерално чистење на скопската општина Гази Баба. Во рамките на акцијата, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ќе реализира активности за рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците во оваа скопска општина, како и миење и дезинфекција на контејнерите поставени […]

Се чисти околу Студентскиот дом „Гоце Делчев“


ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска почна акција за чистење на дворот на студентскиот дом „Гоце Делчев“, во скопската општина Карпош. Почетокот на акцијата го означија помошник-директорот за оперативно-технички работи, Етула Амети, градоначалникот на општината Карпош, Стефан Богоев и директорот на студентскиот дом „Гоце Делчев“, Дарио Николовски. Градоначалникот Богоев им се заблагодари на екипите на „ЈП „Комунална […]