Се чисти депонија на приватен имот спроти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“


Инспекторатот на Град Скопје заедно со инспекторите од Општина Центар започнаа координирана акција за расчистување на голема депонија на приватен имот, лоцирана на улица Мајка Тереза, спроти Клиничкиот центар. Станува збор за депонија која е распространета на две парцели и е создавана со децении, а на самата локација има и повеќе диво населени лица-собирачи на […]

Сред најголем сообраќаен метеж, почна големото чистење на Скопје


Од Чешма во Кисела Вода, но сред сообраќаен метеж беа донесени педесетина улични чистачи и триесетина специјализирани возила, со што се најави генералното чистење на скопските улици и булевари. Од пред споменикот на Тодор Александров се дигнаа облаци прашина, се отворија одводните шахти, а по должина на булеварот „Борис Трајковски“ се отворија шахтите кои ја […]

Голема акција за чистење на училишните дворови во Центар


Општина Центар утре, сабота (19.3.2022), во 10 часот  ја организира втората по ред голема акција за чистење на сите осум основни училишта во општината. Градоначалникот на општината, Горан Герасимовски, заедно со хигиеничарите и општинската администрација, лично ќе учествува во чистењето на училиштето и ги повика учениците, наставниците, родителите, екологистите, невладините организации и сите оние кои […]

Следната недела почнува чистењето на линданот од ОХИС


Следната недела започнува чистењето на линданот од малата депонија во кругот на фабриката ОХИС, а загадената земја со специјални контејнери ќе биде пренесена во Франција и во Холандија, каде треба да се деконтаминира. – Денеска сме сведоци на завршување на подготовките за започнување на процесот на чистење на линданот, едно повеќедецениска, жешка еколошка точка, во […]

Чистење на пешачките патеки на градските улици и булевари


Eкипите на зимската служба паралелно со чистењето на градските сообраќајници ги чистеа и пешачките патеки за да овозможат полесно движење на граѓаните.  Почнувајќи од изминатата ноќ околу 1 часот  по полноќ започна плужењето на тротоарите на булеварите во централното градско подрачје на булеварите „Кочо Рацин“, „Партизански одреди“, „Илинден“, кон Битпазар и Чаир, која акција продолжува […]

Од снегот, се чистат улиците во Кисела Вода


Улиците во Општина Кисела Вода во Скопје се чистат од наврнатиот снег деноноќно, иако како што велат од таму, март секогаш знае да биде временски променлив, тие се спремни да одговорат на секој предизвик. – Со екипите на зимската служба дежурни сме цела вечер, снежните наноси се чистат низ територијата на Кисела Вода за утрово […]

Расчистени улиците на повисоките места во Гази Баба


  Улиците на повисоките места во Општина Гази Баба се расчитени, информира градоначалникот Бобан Стефановски, кој утрово околу 4.30 часот направил обиколка на повисоките населени места. Главните улици во Црешево, Виниче, Смилковци, Булачани, Раштак, Брњарци, Железара и Ченто во текот на ноќта во три наврати беа исчистени и им беше фрлена сол и ризла. По […]

Се чисти трговскиот центар во Лисиче – погледнте што се извадија


Комуналните служби на Општина Аеродром деновиве спроведуваат голема акција за темелно чистење на Трговскиот центар во Лисиче и неколку други локации низ населбата. Се чистат сите делови на трговскиот, а најмногу се загадени премините меѓу дуќаните, каде што со години се трупало ѓубре, кое покрај грдата слика, со неговото распаѓање создаваше и непријатна миризба. Општина […]

Бараките во скопскиот парк изгореа, нема кој да ги расчисти остатоците


  Бараките во Скопскиот парк на два пати беа зафатени од пожар – прво во октомври лани, а потоа и во јануари годинава, но јагленисаните остатоци по пожарот нема кој да ги исчисти. Иако локациски се наоѓаат на територија на Општина Центар, од таму велат дека редовно се чисти околу нив, но дека тие немаат […]

ЈП „Паркови и зеленило“ чисти покрај кејот на реката Вардар и во Градскиот парк


Во текот на викендот екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ спроведоа акција за чистење на кејот на реката Вардар, како и во Градскиот парк, од отпадоците кои беа расфрлани на повеќе локации, како покрај кејот, така и на тревните површини. Исчистени се лисјата што паѓаат на пешачката патека на кејот, како и отпадот во пешачката […]

Куманово со грант од Светска Банка ќе купува машинерија за чистење


Општина Куманово обезбеди грант средства преку долгорочно задолжување преку Светска банка со кои ќе набави опрема за одржување, складирање, транспорт и изнесување на смет, одлучија советниците на последната седница на советот на општина Куманово. Средствата, во износ од 16 милиони 961 илјада 085 денари, (275.790 евра) појаснија надлежните од секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции, […]

Извидниците го чистеа Скопје


Под мотото „Се грижам за Скопје“ Извидничко-поречанскиот одред „Галеб“ (ИПО Галеб) денеска во Скопје спроведе акција за чистење во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“, Сојузот на извидници на Македонија и извидниците од Европа. Целта на акцијата е, посочуваат, да ги инспирираат жителите да направат добро и значајно дело за својот град и да придонесат […]

Генералка во Скопје


Ќе се чисти Скопје. Парковите, улиците и тротоарите ќе видат метла и вода, а Градот Скопје и јавните претпријатија ангажирале дополнително уште 110 лица. Градоначалникот Петре Шилегов вчера најави дека генералка ќе се прави во сите општини и апелираше до граѓаните и тие да дадат свој придонес и да бидат поодговорни кон околината. „Граѓаните јасно […]

Генералка во ЗОО


Јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Комунална хигиена“ вчера започнаа акција за средување на зелените површини во Зоолошката градина. Вработените ја косеа тревата во парковите и околу живеалиштата на животните и ги чистеа пешачките патеки од отпадоци и плевел. Се средуваше и ботаничката градина и нејзината околина. „Комунална хигиена“ донираше и 50 корпи за отпадоци.

Јапонците изгубија, ама го исчистија ѓубрето


Јапонските фудбалски репрезентативци и нивните фанови му одржаа лекција на светот како треба да се грижи за чистотата на околината. По завршувањето на мечот со Белгија и нивната несреќна елиминација од Светското првенство во Русија во последните минути на мечот, фудбалерите ја светнаа соблекувалната и на домаќините им оставија порака за благодарност напишана на кирилица. […]

Министерството за здравство спроведе акција за чистење на Клиничкиот центар


Министерството за здравство соопшти дека во соработка со јавните претпријатија на Град Скопје, „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта“, денеска спроведе акција за чистење и разубавување на Клиничкиот центар. Дополнително, како што се наведува во соопштението, во викенд-акцијата со свои работници се приклучија и општина Карпош и општина Гази Баба. Во акцијата […]

Чистење на терените на Попова Шапка


Во ски – центарот „Попова Шапка“ денеска ќе се спроведе еколошка акција за да се исчистат терените и околината по завршувањето на зимската сезона. Акцијата има задача да ја подигне свеста за заедничката одговорност и придонес во зачувување на природните убавини и туристичките предели. Во акцијата ќе учествуваат сите вработени од ски – центарот, како и голем […]

Скопје ќе се чисти во голема акција


Град Скопје од денеска почнува голема акција да се исчистат улиците, со цел да се намали загаденоста. Акцијата ќе почне денес во општина Бутел и ќе се спроведува во следните 20-тина денови. -Град Скопје во соработка со Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјална политика ангажира стотици невработени лица кои заедно со надлежните […]