Наместо да заробуваат пари во станови, граѓаните да инвестираат во ХЕЦ „Чебрен“, предлага претседателот на РКЕ


Граѓаните наместо да ги заробуваат парите во бетон и железо – станови, да имаат можност да учествуваат во изградбата на ХЕЦ Чебрен – истакна Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) на тркалезната маса Зајакнување на конкурентноста – Енергетската транзиција, CBAM и иднината на […]

Премиерот Мицкоски најави хидроцентрали, ветерни паркови и когенеративни централи за милијарди евра


  Со 1,5 милијарди евра државата самостојно ќе ги гради „Чебрен“ и „Галиште“, за кои моментално се работи на физибилити студија, откако во изминатите триесетина години пропаднаа дури 14 тендери за изградба на овие значајни енергетски капацитети. Оваа информација ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски. „Чебрен“ се наоѓа во клисурниот дел на Црна Река, оддалечен 81 […]

Го нудеше на Емиратите, па на Американците. Мицкоски сега вели ќе „стиснеме заби“ и сами ќе го градиме „Чебрен“


  Владата е пред конечна одлука проектот „Чебрен“ да го гради државата, наместо како повеќето од претходните 14 обиди во изминатите децении, да се бара приватен партнер од странство. Како што изјави денес премиерот Христијан Мицкоски, тој самиот, а и во Владата и во државната ЕСМ сметаат дека треба да „стиснеме заби“ и самите да […]

„Буџетот не ни е во најдобра состојба“: Се напушта ли идејата „Чебрен“ да биде државен


  Ја напушта ли Владата идејата клучниот енергетски проект во државата, хидроелектраната „Чебрен“ да биде државен? Ваквата перцепција се наметнува по неколкуте изјави на премиерот Христијан Мицкоски на оваа тема, а денеска и министерката за енергетика, Сања Божиновска, „долеа масло“ изјавувајќи дека Буџетот не е во најдобра состојба, како и дека има и други проекти, […]

Една година Министерство за енергетика: Божиновска вели дека Чебрен ќе стане факт, ќе ја вратиме енергетската моќ кај нас


Чебрен ќе стане факт, тоа е потврда дека секој мегават од таа брана што ќе се гради ќе биде чекор кон нашата енергетска независност, рече денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, на прес-конференција по повод една година од основањето на Министерството.  Таа најави дека за многу кратко време ќе се знае […]

Најпаметно ќе биде ако со британскиот заем се инвестира во Чебрен, велат експертите


Ако со британскиот заем инвестираме во Чебрен, ќе завршиме голема работа, велат експертите. Тоа би било најпаметно зашто ќе постигнеме еден вид енергетска независност. И брзата пруга од Коридорот 10, нагласуваат, е многу битна, иако има големи дилеми колку ќе може да придонесе за динамизирање на растот, но, од друга страна, сепак, ако не ја […]

Сагата за „Чебрен“ продолжува со 15. епизода. Британска. Пред еден месец таа беше арапска


  За проектот „Чебрен“ одамна не важи онаа народната „трета среќа“. По неуспешните 14 тендери во изминатите 33-34 години, хидроелектраната која што на Македонија треба да ѝ обезбеди таканаречена базна енергија и која што е од исклучителна важност за стабилноста на електронергетскиот систем во земјава, повторно добива нова шанса, сега во пакет со малку подзаборавената […]

Државата уште се мисли за методот за изградба на „Чебрен“


Во најкус временски период ќе знаеме точно кој метод ќе го примениме при изградбата на хидроцентралата Чебрен, но секако сакаме да биде македонски државен проект, истакна денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. -Најубаво е како држава сами да ја изградиме, но се работи за проект кој ќе чини најмалку една милијарда […]

„Чебрен“ повторно во игра, но кој ќе го гради


Проектот „Чебрен“ повторно влезе во врвот на агендата на политичарите, откако премиерот Христијан Мицкоски за тоа завчера разговараше со Ричард Гренел, поранешен пратеник на експретседателот на САД, Доналд Трамп, за Балканот и екс-американски амбасадор во Германија, а денеска најави дека многу скоро за овој проект ќе биде разработен „јасен план“. Што ќе донесе тој план, […]

Ковачевски за предлогот „Чебрен“ да го градиме сами: Потребна е анализа колку ќе го оптовари јавниот долг


Премиерот Димитар Ковачевски не го отфрла предлогот на Здружението на инженери, државата да ја финансира изградбата на хидроелектраната „Чебрен“, но вели дека за тоа е потребно да се направат анализи, како инвестицијата ќе влијае врз јавниот долг, како и да се извршат консултации со институциите преку кои го финансираме буџетскиот дефицит. Според Ковачевски, во делот […]

Здружението на инженери достави иницијатива до Владата и Собранието за изградба на ПАХЕ Чебрен со сопствени средства


Здружението на инженери на Република Македонија денеска до Владата и до Собранието достави Иницијатива за донесување на Закон за изградба на ПАХЕ Чебрен со, како што велат, македонски сили. Здружението на инженери во изминатиот период реагираше до надлежните институции во врска со 14. тендер за изградба на хидроцентралата Чебрен кој пропадна откако грчката компанија „ППЦ […]

Шукова нема информација од „Архиродон“ за откажувањето од „Чебрен“, се подготува одлука за поништување на постапката


Во Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во подготовка е информацијата со која ќе ја известат Владата дека се поништува постапката за тендерот за изградба на Чебрен, на кој единствен понудувач беше компанијата ППЦ-Архиродон, потврди министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова. Таа кажа дека до утринава нема добиено информација од […]

„Архиродон“ уште не објаснила зошто се откажа од „Чебрен“


Грчката фирма „Архиродон“ до денеска не одговорила зошто не го продолжила договорот и не ја продолжиле банкарската гаранција за изградба на хидроцентралата „Чебрен“, а според министерката за животна средина, Каја Шукова, следи поништување на тендерот. -Веќе подготвуваме одлука за наредната седница на Влада, ќе оди информација за поништување и затворање на процесот за „Чебрен“, рече […]

Дали „Чебрен“ се става ад акта?


Мега проектот „Чебрен“ вреден една милијарда евра се сопна пред да почне неговата реализација. За разлика од претходните 13 (неуспешни) тендери во изминатите три децении, овој пат се чинеше дека работата е готова, откако Владата минатата година ги избра грчките ППЦ – „Архиродон“ дека ги исполнуваат условите за градење на најважниот хидроенергетски капацитет во Македонија. […]

Имаме капацитет сами да го изградиме Чебрен, потребен е закон, вели Константин Димитров


Здружението на инженери ќе покрене иницијатива да се донесе закон со којшто ќе почне да се гради Чебрен со македонски сили, најави вечерва Константин Димитров, кој е дел од ова Здружение.  Димитров за централниот дневник на телевизија „Сител“ изјави дека имаме капацитет сами да го изградиме Чебрен и дека ова е проект којшто треба да […]

Пропадна тендерот за „Чебрен“, банкарската гаранција не е активирана


  Пропадна и најновиот, 14. по ред тендер за изградба на хидроелектраната „Чебрен“, откако грчката компанија „Архиродон“ не ја продолжи банкарската гаранција која беше со важност до 31 декември 2023 година. Државата не ја активирала гаранцијата, бидејќи тоа било можно само доколку компанијата предвреме се повлекла од процесот, што фактички не го сторила, информира денес […]

Уште два дена има грчки „Архиродрон“ да се одлучи за „Чебрен“


Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека на грчката компанија „Архиродон“, која беше избрана на тендерот за „Чебрен“ останува до крајот на месецов да одлучи дали ќе го потпише договорот и ќе формира заедничка компанија со ЕСМ или тоа нема да го направи.  Одговарајќи на новинарски прашања, Ковачевски рече дека Владата има донесено многу јасна одлука […]

Шукова: Немаме што да криеме за проектот „Чебрен“


Документи никогаш не криеме, секогаш сме транспарентни. Во текот на постапката не можеме да ги споделуваме документите. Откако ќе заврши постапката, апсолутно се ќе биде споделено со јавноста. Немаме што да криеме, изјави вечерва министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во врска со проектот „Чебрен“. Во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, […]

Здружението на инженери со 37 барања до Министерството за животна средина за Чебрен


Здружението на инженери до Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) достави барање со 37 точки за пристап до информации од јавен карактер во однос на документацијата за проектот Чебрен.  Во соопштение,  Здружението денеска го сподели барањето со кое бара пристап до образложениот предлог доставен до Владата согалсно кој е донесена одлука за започнување […]

Шукова: Продолжен е рокот за изградба на хидроцентралата Чебрен


Продолжен е рокот на грчката компанија „Архиродон“ за изградба на хидроцентралата Чебрен, информираше министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова по завршувањето на состанокот со компанијата во просториите на Министерството. Најави дека до крајот на годинава ќе има конкретни информации дали ќе продолжи постапката за изградба на Чебрен или не. -Жалбената постапка е […]