Чарлс до Трамп: Рековте дека ќе зборувавме германски без вас. Вие ќе зборувавте француски без нас


Британскиот крал Чарлс III му даде духовит одговор на американскиот претседател Доналд Трамп за време на државната вечера во Белата куќа, алудирајќи на неговата претходна изјава дека без американска помош во Втората светска војна, Европејците денес ќе зборуваа германски. Осврнувајќи се на колонијалното минато, Чарлс забележа дека ако не беа Британците, Американците веројатно денес ќе […]

Британскиот крал, Чарлс Трети, денеска ќе се обрати пред американскиот Конгрес


Британскиот крал, Чарлс Трети, денеска ќе се обрати пред американскиот Конгрес, при што се очекува да ја нагласи важноста на одбраната на демократските вредности и зајакнувањето на трансатлантското партнерство. „Би-Би-Си“ објави дека се очекува британскиот крал во својот говор пред американските пратеници да нагласи дека во време на глобални предизвици, соработката и зачувувањето на вредностите […]

Заедничка молитва на кралот Чарлс и папата Лав во Ватикан, првпат по 500 години


Британскиот крал Чарлс и папата Лав денеска оддржаа заедничка молитва во Систинската капела во Ватикан, во првата заедничка служба на англиски монарх и католички поглавар откако кралот Хенри VIII се прогласи за поглавар на Англиканската црква, одвојувајќи се од папската власт на Римокатоличката црква во 1534 година. Латински песни и англиски молитви одекнуваа низ капелата, […]

Кралот Чарлс: Важно е да се разбере историјата на Британската империја која вклучуваше ропство


Британскиот крал Чарлс Трети денеска на Самитот на Комонвелтот во Самоа изјави дека е многу важно да се разбере историјата на Британската империја, која вклучувала ропство на африканските, карипските и другите народи, со цел, како што наведе, во иднина да се донесат правилни одлуки. Кралот Чарлс ова го изјави на самитот на Комонвелтот, на кој […]

Кралот Чарлс стана висок поглавар нa Самоа, се напи и психотропна „кава-кава“


 Британскиот крал Чарлс Трети, кој со сопругата Камила е во посета на државата Самоа, на свеченоста за пречекот, учествуваше во традиционалното пиење на психотропниот пијалок „кава-кава“. Потоа е прогласен за „висок поглавар“ на овој остров. Кралот Чарлс присуствува на Состанокот на шефовите на влади на Комонвелтот, неколку месеци откако му беше дијагностициран рак. Самитот се […]

Погледнете ги првите фотографии на кралот Чарлс пред крунисувањето


  Кралот Чарлс е фотографиран пред Бакингемската палата, каде се подготвува за церемонијата за неговото крунисување. Кралот Чарлс за прв пат е фотографиран на денот на неговото крунисување при пристигнувањето во Бакингемската палата, а изгледа дека бил целосно обземен од емоции, барем судејќи по најновите фотографии. Чарлс ја помина ноќта пред крунисувањето во Кларенс Хаус […]

Кралот Чарлс III нема да биде на банкнотите на австралискиот долар


  Кралот Чарлс III нема да биде на новата банкнота од пет долари во Австралија, објави централната банка на земјата. Новиот дизајн ќе им оддаде чест на „кутурата и историјата на првите Австралијци“, соопштено е од Reserve Bank Australia (RBA). Портретот на покојната кралица Елизабета II се појавува на дизајнот на банкнотата од пет долари […]

Кралот Чарлс поради инфлацијата од свој џеб исплати бонус на персоналот


  Персоналот кој работи за британскиот крал Чарлс ќе добијат бонус до 600 фунти како помош поради сè поголемите трошоци за живот во кризните времиња. Таблоидот „Сан“ објави дека вкупните бонуси, кои ќе бидат исплатени овој месец покрај регуларната плата, ќе изнесуваат десетици илјади фунти и дека потекнуваат од кралскиот приватен приход. Весникот истакнува дека […]

Камила ќе стане кралица, одлучи кралицата Елизабета


Англија – Британската кралица Елизабета Втора во саботата, по повод 70-годишнината од нејзиното устоличување, рече дека би сакала војвотката од Корнвол, Камила Паркер, да ја добие титулата кралица кога принцот Чарлс ќе стане крал. Во пораката по повод 70-годишнината од нејзиното владеење, кралицата вели дека нејзина „искрена желба“ е Камила да ја добие таа титула, пренесе […]

Принцот Чарлс го плаќал обезбедувањето на Камила долго пред да се венчаат


Англија– Нова кралска драма ја погоди Бакингемската палата по скандалот со премиерот Борис Џонсон кој присуствувал на забава ноќта пред погребот на принцот Филип, во екот на најстрогата изолација во Велика Британија. Принцот Хари предизвика жестока дебата во Кралството по изјавата дека се плаши да ги донесе сопругата Меган Маркл и нивните две деца во Велика […]

Божикна честитка со маски-искрена фотографија на принцот Чарлс и Камила


Англија- Принцот Чарлс и Камила, војвотката од Корнвол избраа искрена фотографија што ги одразува мерките на претпазливост што луѓето ги презедоа во услови на тековната пандемија на Ковид за нивната Божиќна честитка оваа година. На фотографијата се гледа како Чарлс носи маска додека и помага на сопругата да го покрие лицето за време на кралските […]

Амал и Клуни во Бакингемската палата: Гости на принцот Чарлс


Англија- Како божица во бело изгледаше адвокатката за човекови права Амал Клуни на гала вечерта на гостите на меѓународниот фонд на принцот Чарлс синоќа во Бакингемската палата. Клуни, во придружба на сопругот, оскаровецот Џорџ Клуни избра вечерна тоалета на Стефан Роланд кој одлично изгледаше со елегантниот смогинг на актерот. Меѓу гостите од шоу-бизнисот беа и […]

Принцот Чарлс ги сподели со јавноста досега невидените портрети на синовите


Англија– Насликаните во масло портрети на синовите Вилијам и Хари што ја красат приватната резиденција на принцот Чарлс (70) ќе бидат изложени на изложбата што ќе биде отворена во Бакимгенската палата цело лето- од 21 јули до 30 септември. Изложбата насловена „ Prince&Patron“ ќе содржи 100 предмети од приватната кралска колекција и од млади уметници, […]

Принцот Чарлс ќе ја испрати Меган Маркл до олтарот


Англија– Таткото на младоженецот, британскиот престолонаследник принцот Чарлс ќе ја испрати Меган Маркл до олтарот препуштајќи му ја на принцот Хари, соопшти кралското семејство. Имено, Маркл била таа која го замолила идниот свекор да ја придружува на нејзиниот пат до олтарот на капелата Сент Џорџ, откако нејзиниот татко мораше да се повлече поради здравствени проблеми. […]

Принцот Чарлс ќе ја наследи кралицата Елизабета Втора


Англија– Принцот Чарлс од Велс (69) е избран за нов шеф на Комонвелтот на нациите, јавува Би-би-си. Кралицата Елизабета Втора (92) соопштила дека тоа била нејзината искрена желба, принцот Чарлс да ја наследи по нејзината смрт. Лидерите на државите членки на Комонвелтот разговарале за ова прашање на состанокот зад затворени врати во замокот Виндзор, при […]