Чавушоглу: Шведска не е ниту на половина пат да ги исполни условите за поддршка на Анкара за влез во НАТО


Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека земјата ги поздравува чекорите што ги презема Шведска за добивање одобрение за влез во НАТО, но дека не е ниту на „половина“ од исполнувањето на списокот со обврски што ги презеде за да ја обезбеди поддршката на Анкара. Чавушоглу на конференцијата со неговиот шведски колега […]

Чавушоглу верува дека до пролет во Украина ќе има примирје или преговори


 Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека до пролет очекува јасна слика за војната во Украина. – Сега Украина напредува на теренот, враќајќи некои од нејзините окупирани територии. Но, Русија за возврат намерно гаѓа цивилна инфраструктура. Така, животот станува тежок особено за Украинците, и за сите нас, рече Чавушоглу на форумот во […]

Османи со Чавушоглу за мерките што се преземаат во врска со кризата


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на маргините на 77-та сесија на генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, се сретна со својот хомолог од Турција, Мевљут Чавушоглу. На средбата се разговараше за актуелната ситуација предизвикана од руската инвазија во Украина, безбедносниот аспект и последиците за европските земји, како и напорите што Северна Македонија и […]

Турција ја повика новата шведска Влада да преземе мерки против терористичките групи доколку сака влез во НАТО


 Новата шведска влада сега би требало да се позанимава со безбедносните проблеми што Турција ги изнесе како замена за отстранување на ветото за членство на Шведска и Финска во НАТО, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Двете земји поднесоа барање за приклучување на Сојузот, како одговор на руската инвазија врз Украина. Но, тие […]

Чавушоглу: Шведска сè уште не ѝ испорачала на Турција осомничени за тероризам


Шведска сè уште не ѝ испорачала на Турција осомничени за тероризам, иако минатиот месец потпиша договор со кој Анкара треба да го укине ветото за членство на Шведска во НАТО, изјави денеска турскиот шеф на дипломатијата Мевлут Чавушоглу. Шведска и Финска поднесоа барање за членство во НАТО, загрижени за рускиот напад врз Украина, но се […]

Чавушоглу по средбата со Лавров: Предлогот за извозот на украинското жито е „разумен“


  АНКАРА – Турскиот министер за надворешни работи во средата рече дека планот на Обединетите нации за ублажување на глобалната криза со храна со рестартирање на украинскиот извоз на жито по морскиот коридор е „разумен“ и бара повеќе разговори со Москва и Киев за да се осигура безбедноста на бродовите. Говорејќи заедно со рускиот министер […]

Чавушоглу: Шведска и Финска да престанат да ги поддржуваат терористичките групи ако сакаат Турција да ги поддржи за НАТО


Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска рече дека Шведска и Финска мора да престанат да ги поддржуваат терористичките групи во нивните земји, да обезбедат јасни безбедносни гаранции и да ја укинат забраната за извоз на Турција, доколку сакаат Турција да го поддржи нивното членство во НАТО. Говорејќи по состанокот на министрите за надворешни […]

Османи на средба со Чавушоглу во Анталија


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, на маргините на Анталија дипломатскиот форум, кој се одржува во Анталија, Турција. Како што соопшти МНР, министрите се согласија дека двете земји негуваат долго и блиско пријателство, а оваа година кога се одбележуваат 30 години од […]

Шефот на турската дипломатија во официјална посета на Скопје


Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денеска и утре ќе претстојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Како што соопшти турското МНР, Чавушоглу во Скопје ќе има средба со својот домаќин, шефот на дипломатијата на Република Северна Македонија Никола Димитров, како и со други официјални претставници. На средбите ќе се разговара за билатералните […]

Чавушоглу: НАТО и ЕУ да не се откажуваат од Македонија поради референдумот


Турција – НАТО и ЕУ не треба да се откажуваат од Македонија поради резултатите од референдумот, туку да ја продолжат поддршката и соработката, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавашоглу. – Ние внимателно ги следевме случувањата. На крајот на краиштата ова е одлука на граѓаните на Македонија и ние тоа мора да го почитуваме. Од друга […]