Црна Река се излеа во Демирхисарско


Продолжуваат поплавите кои ја погодија Македонија поради обилниот дожд кој наврна изминатиот период. Вчера Црна Река повторно се излеа во демирхисарските села, претходно беше излезана во селата Бараково и Граиште, а сега се зафатени и други села. На социјалните мрежи се појави видео од излеаната и надојдена река. „Денеска Црна Река повторно се излеваше, а состојбата […]

Црна Река се излеа во демирхисарските села Бараково и Граиште, УХМР со предупредување


Црна Река се излеа од своето корито и ги поплави атарите на демирхисарските села  Бараково и Граиште. Водостојот на реката Црна се зголемува и постои непосредна опасност реката да се излее во куќите. Поплавен е и патниот правец Бараково-Вардино и е непрооден, потврдија жители од демирхисарските села Бараково и Граиште. Како што информира УХМР, според […]

Како да спречиме поплави од типот на онаа од Стајковци? Објавен труд во реномирано списание


Неодамна, во списанието Open Geosciences (De Gruyter Brill) е објавен трудот „Национална анализа за ранливост од поројни поплави во сливовите“ од авторскиот тим м-р Бојана Алексовa, докторанд по геонауки на Универзитетот во Нови Сад, проф. др. Ивица Милевски од ПМФ-УКИМ во Скопје и проф. др. Stefanos Stefanidis од Шумарскиот Институт во Солун. Овој труд е резултат на неколкугодишно истражување, […]

Треска и Црна Река ќе надојдат, како и реките во западниот дел од земјава


Предупредување за можен зголемен водостој на реките особено во западниот дел на земјава, попладнево испратија од Центарот за управување со кризи. Од таму велат дека денеска водостоите на реките низ земјава се во опаѓање. Водостојот на река Вардар исто така бележи намалување по целото течение на реката и тоа се очекува да продолжи до крајот […]

Гори големо стрниште крај Црна Река – огнот видлив од Битола


  Гори големо стрниште, екипите на противпожарната служба од Битола се на лице место, информираа од ЦУК. Големите пламени јазици се видливи од делови од Битола. По течението на реката Црна во атарот на пелагониските села Брод-Гнеотино гори трска висока и до три метри, изјави Горан Димкоски, командир на Територијалата против пожарна единица-Битола. Димкоски информира […]

Се испитуваат причините за смрт на машко лице пронајдено во водите на Црна Река


Основното јавно обвинителство Кавадарци презема повеќе дејствија за испитување на причините за смртта на 64-годишен скопјанец кој на 16 декември беше пронајден починат во својот автомобил во водите на Црна Река, на територија на Општина Росоман. Веднаш по настанот беше извршен увид на лице место, а при првичниот преглед на телото на починатиот не се […]

ЦУК: Спасен овчар заглавен на речен остров на надојдената Црна Река


Центарот за управување со кризи известува дека од Единствениот број за итни случаи 112 до Секторот за операции и координација, вчера во 17.32 часот добил информација за заглавен овчар среде Црна Река, со неговите стотина овци, на мало островче на 200 метри лоцирано под с. Манастирец во Општина Росоман. Реката била надојдена заради зголемен проток […]

Заврши санацијата на Железничкиот мост на Црна Река, од утре повторно товарен железнички сообраќај Скопје-Гевгелија


  Завршена е санацијата на средниот столб и на главните носачи на Железничкиот мост на Црна Река, во близина на Стоби, а  утре  во периодот од 11 до 14 часот ќе се изврши пробно испитување – пробно товарање на мостот. -Очекуваме се’ да биде во најдобар ред со носивоста на мостот и ќе се направи […]

Мостот на Црна Река ќе се санира за 60 дена, а можеби ќе се гради и нов


  Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска рече дека очекува железничкиот мост на Црна Река да биде саниран за 60 дена, но не ја исклучи и можноста од изградба на нов, траен мост. Увидот покажал, нагласи Бочварски, дека темелот е во многу лоша состојба.  „Она што го добив како информација по увидот, е […]

Мостот на Црна Река го поткопала надојдена вода


Еден од средишните столбови на железничкиот мост на Црна Река е поткопан, а причината е испуштање големо количество вода во реката од Тиквешкото Езеро. Бетонскиот мост, кој се наоѓа помеѓу станицата Градско и крстосницата Кукуречани, кај локалитетот Стоби, беше главната врска на железничката релација од Велес кон Гевгелија на Коридорот 10. Тој е затворен за […]