Во бизнисот со енергетиката е вклучена и фирма од црната листа на САД, тврди СДСМ


  Опозициската СДСМ денеска објави дека Министерството за енергетика, кое го предводи Сања Божиновска, ставила фирма која е на црната листа на САД да вложува во изградба на енергетски капацитет во Македонија. „За бизнис интересот на (христијан) Мицкоски во енергетиката нема граници, ниту црната листа на САД не е пречка“, рече на прес-конференција генералниот секретар […]

На црната листа на САД има 46 лица и компании од Македонија


  Соединетите Американски Држави (САД) имаат 398 активни санкции за поединци, компании и организации од Западен Балкан, според податоците од 31 јануари 2025 година, според истражувањето на Гласот на Америка. Убедливо најголем број санкции се однесуваат на Босна и Херцеговина (БиХ) – 177, потоа Србија (80), Косово (60), Северна Македонија (46), Албанија (23) и Црна […]

Нови компании на американската „црна листа“


Министерството за одбрана на САД го додаде кинескиот технолошки гигант Тенсент и производителот на батерии CATL на својата црна листа на компании за наводно помагање на кинеската војска во нивните активности, пренесе Танјуг. Списокот, кој се ажурира секоја година, е предупредување до американските компании да не соработуваат со одредени фирми, од кои во моментов има […]

Стевчо Јакимовски и Катица Јанева на црната листа на САД


Стејт Департментот на САД денес ги стави на црната листа Стевчо Јакимовски, градоначалник на Карпош и претседателски кандидат, како и Катица Јанева, поранешната специјална јавна  обвинителка. Според оценката на САД, нивните постапки го поткопале владеењето на правото и вербата на јавноста во демократските институции и јавните процеси на нивните влади. „Во службено својство на поранешен […]

Грковска очекува црната листа на САД да продолжи да се дополнува


 Вицепремиерката задолжена за политики на добро владеење Славица Грковска, по разговорите во Одделот за правда на САД во Вашингтон, изјави дека очекува американската црна листа да продолжи да се дополнува. – Се надевам дека листата уште повеќе ќе се надополнува. Секогаш, велам, дека тоа е дополнителна помош од нашите меѓународни партнери, за да ги поттикнат […]

Предлог-измените на Законот за рестриктивни мерки едногласно поддржани и доставени до Собранието


Владата на денешната седница го поднесе Прелог-законот за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки со кој ќе се овозможи лицата кои се наоѓаат на „црната листа“ на САД, да подлежат на санкции согласно домашното законодавство, и го доставила до Собранието. – Ве информираме дека на 221-та владина седница одржана на 16 јануари 2024 […]

Агелер: Сите со кои разговарам знаат кои се корумпирани актери во земјава, се надевам институциите ќе преземат мерки


Нема правна обврска за институциите да преземат акција, но се надевам дека меѓу институциите кои веќе знаат дека има корупција во овие случаи, дека навистина ќе преземат нешто, бидејќи луѓето во оваа земја треба да бараат и заслужуваат оваа корупција да биде следена, истражувана и гонета, вели амбасадорката на САД Анџела Агелер. Зборувајќи за минатонеделното […]

Одлуката за Мерко ќе ѝ помогне на Владата да се бори против корупцијата, вели Ескобар


  Црната листа има и свои бели моменти. Ставањето на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на озлогласениот американски список ќе биде од помош за македонската влада во нејзината борба против корупцијата, вели заменикот-помошник државен секретар на САД, Габриел Ескобар. Тој ова го изјави програмата на Гласот на Америка на албански јазик во заедничко гостување координаторот за […]

Ќе има неколку имиња на црната листа во наредните месеци, вели амбасадорката Агелер


  Американската амбасадорка Анџела Агелер ги стави во една помала рамка овдешните очекувања за лицата од македонија кои би можеле да се најдат на црната листа на САД. Во интервју за Телма Агелер рече дека „моите очекувања се дека во следните месеци ќе видиме неколку имиња, но не знам која е точната временска рамка“. Таа […]

Пендаровски не исклучува на „црната листа“ на САД да се најдат и актуелни функционери


  Не е исклучено на „црната листа“ на САД да се најдат имиња и на актуелни функционери, изјави претседателот Стево Пендаровски. Шефот на државата во гостувањето на „Само интервју“ на Канал 5, рече дека неодамнешната посета на тричлениот американски тим на земјава била токму заради собирање информации за ажурирање на „црната листа“, за која очекува […]

Никола Груевски: Стејт департментот подлегна на неточни информации


  Со одредена доза на резигнираност поранешниот премиер Никола Грувески реагираше на одлуката на САД да биде ставен заедно со други лица на нивната црна листа поради „значителна корупција“ и, како што изјави Ентони Блинкен, „ја загрозуваат регионалната стабилност, прогресот и европската интеграција“. Груевски во реакцијата на Фејсбук вели дека за оваа одлука се зборувало […]

Груевски и Мијалков ставени на црната листа на САД


  Стејт департментот на САД јавно ги посочи за вмешаност во голема корупција поранешниот премиер на Северна Македонија, Никола Груевски, поранешниот директор на Секторот за безбедност и контраразузнавањето (УБК) Сашо Мијалков, како и Гордана Тадиќ  од канцеларијата на главниот обвинител на БиХ. Покрај Груевски и Мијалков, Стејт департментот, исто така, ги означи членовите на нивното […]

Шеснаесет Срби од Косово на новата „црна листа“ на САД


Меѓу санкционираните се и двајца контроверзни и богати бизнисмени кои се поврзани со Српската листа   Шеснаесет Срби од северно Косово се на новата „црна листа“ на Секретаријатот за финансии на САД, на чие чело се контроверзните бизнисмени Милан Радојчиќ и Звонко Веселиновиќ, за кои се шпекулира дека стојат зад активностите на Српската листа како […]

Тројно зголемена „црната листа” на ЕУ


Европската унија додаде 10 држави и територии на список на така наречени „даночни оази“, со што таа „црна листа“ се зголеми тројно. На денешниот состанок, претставници на ЕУ треба да го усвојат новиот список, кој на 12 март ќе го потврдат министрите за финансии на земјите- членки на Унијата, информираат неименувани претставници на ЕУ. На […]

На американската црна листа 37 Албанци, тројца од Македонија


На списокот непожелни личности на кои им е забранет влез во САД се наоѓаат 33 Албанци од Косово, како и тројца од Македонија и еден од Албанија. Ова го наведува приштинскиот весник „Бота сот“ во написот „Црна листа: Ова се политичарите од Косово кои не може да патуваат во Америка“. Написот почнува со тоа дека […]