Уапсен 16-годишник од Тетово: Ограбувал цркви и џамии


Уапсен е малолетник кој извршил неколку кражби во верски објекти во Тетовско и околинаѕа.  – Вчера во 13:20 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишник од Тетово, поради сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „тешки кражба“ во текот на минатиот месец во црквата во село Брвеница […]

Драма во Кочани во пресрет на Ѓурѓовден: Крадец се заглавил на оградата на „Св. Георгиј“, интервенирала пожарната, полицијата и брза помош


Вчеравечер, во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани, се случил обид за кражба, при што сторителот се обидел насилно да влезе во црковниот објект. Според првичните информации од луѓето што интервенирале, по неуспешниот обид за разбивање, лицето се дало во бегство, но при тоа се заглавило на металната ограда околу храмот. На местото на настанот […]

Црквата Вонделкерк во Амстердам изгоре на новогодишната ноќ (видео)


Историската црква Вонделкерк во Амстердам „не може да се спаси“, соопштија властите рано утрово, додека пожарникарите продолжуваат да се борат со големиот пожар што избувна кратко по полноќ за време на новогодишните прослави. Пожарот целосно ја зафати црквата стара 154 години, предизвикувајќи уривање на делови од кулата и покривот, што доведе до евакуација и прекин […]

На 28 септември ќе се осветува црквата „Свети Константин и Елена“ на улица „Македонија“


В недела, на 28 септември, ќе се осветува црквата „Св. Константини Елена“ во центарот на Скопје, во близина на Домот на АРМ, која се градеше од 2012 година, а долго време изградбата беше во застој. Конечно, тргнати се лимените тараби околу црквата повеќе не го нагрдуваат центарот на Скопје. Изградбата заврши по 13 години, а […]

Пожарот делумно го зафати покривот на црквата кај село Мршевци


Попладнево во близина на скопското село Мршевци, Општина Илинден изби силен пожар, кој поради ветерот брзо се прошири на околината. Поради силниот ветер пожарот е проширен кон селото Бујковци и кон индустриската зона, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. – Според информациите кои ги имам, за жал, од пожарот делумно […]

Малку позната џихадистичка група ја презеде одговорноста за нападот врз црквата во Дамаск


Малку познатата џихадистичка група Сараја Ансар ал-Суна (Бригада на сунитските поддржувачи) ја презеде денеска одговорноста за смртоносниот самоубиствен бомбашки напад врз црква во јужен Дамаск што се случи завчера, а во кој загинаа 25 лица, а 63 други се повредени. Во соопштение објавено на социјалните медиуми, групата истакна дека нападот е одмазда за „христијанските провокации […]

Сириските власти уапсија шест лица за нападот врз црквата во Дамаск


 Сириските власти синоќа објавија дека уапсиле шест лица вмешани во самоубиствениот напад врз православната црква во Дамаск, во кој во неделата загинаа најмалку 25 лица. Властите додадоа дека две лица вмешани во нападот се убиени. Објавата доаѓа само неколку часа откако привремениот претседател на Сирија, Ахмад ал-Шара, вети дека ќе ги изведе пред лицето на […]

Измиени дворовите на поголемите православни цркви пред Велигден


Во пресрет на најголемиот христијански празник – Велигден, кога се очекува значително зголемена фреквенција на граѓани во православните верски храмови, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје започна активности за рачно и машинско миење на дворовите и непосредната околина на поголемите православни верски објекти во сите скопски општини. Со активностите се опфатени: соборниот храм „Св. Климент Охридски“, црквите „Св.Богородица“, […]

Французинка е пронајдена мртва во италијанска црква – барала опседнaти места


Италијанската полиција соопшти дека 22-годишната Французинка чие крваво тело беше пронајдено во напуштена црква во долината Аоста викендот, барала опседнати места со духови. Девојката им ги кажала плановите на членовите на семејството пред да го напушти селото во близина на Лион каде што живеела. Полицијата верува дека жртвата можеби се обидела да направи некој вид […]

Приведен жител од Мала Речица, осомничен дека поставил знаме на Албанија на манастирот на Попова Шапка


Приведено е едно лице од Мала Речица, кое се сомничи дека вчеравечер поставил знаме на Албанија на манастирот на Попова Шапка. -Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер, околу 23.30 часот, по преземени оперативни мерки, го идентификувале и го лишиле од слобода 33-годишниот Ј.А. од тетовска Мала Речица. Тој се сомничи дека два часа претходно од […]

Израел ги менува плановите за инвазијата, ракета погоди православна црква во Газа


  Соединетите Држави извршија притисок врз Израел да ги ограничи цивилните жртви во копнената операција на Појасот Газа за уништување на Хамас, што предизвика големи промени во плановите за операцијата, изјавија за Блумберг високи израелски претставници. Првично, израелските одбранбени сили (ИДФ) требаше да изведат операција со „координирани воздушни, морски и копнени напади“, но по посетите […]

МПЦ вели дека нема да има говор на омраза на протестот в четврток


  Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска преку прес-конференција уште еднаш повика на сенароден протест против законите за родова еднаквост и за матична евиденција, кој треба да се оддржи в четврток на 29 јуни. Како што изјави отецот Јаков стобиски, овој собир не е насочен против никого, туку против содржината […]

Ќе се затвораат улици околу црквите за Велигден


Утре и задутре, по повод празникот Велигден, на подрачјето на град Скопје, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, утре […]

Скопската епархија нема пари за доизградба на црквата „Свети Константин и Елена“


Скопската епархија при Македонската православна прква ‒ Охридска архиепископија соопшти дека нема доволно финснсики можности да го доизгради храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје кој треба да се фрескоживописа за да се освети и стави во функција. – Македонската православна црква ‒ Охридска архиепископија и Скопската епархија сметаат дека македонскиот народ и […]

Црквата „Св. Константин и Елена“ на улица „Македонија“ ќе остане оградена


  Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска оствари средба со поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан со кој разговараше за моменталната состојба со црквата „Свети Константин и Елена“, која се наоѓа на улица „Македонија“ и која сѐ уште е во градба. Општина Центар на барање на МПЦ, нема да ги отстрани […]

Ќе се реставрирa пештерската црква „Света Богородица” на островот Мал Град, кај Пустец


Регионалната дирекција за национална култура од Корча ќе ја реставрира црквата „Света Богородица“, на островот Мал Град, кај Пустец, област Мала Преспа, Албанија, ќе се санира и патеката до неа, а ќе биде поставено и осветлување на островот. -Проектот е дизајниран од тимот на регионалната дирекција за национална култура од Корча и ќе се реализира […]

Германски суд: Антисемитски каменорез од средниот век останува на црквата во Витенберг


Германскиот Врховен суд одлучи дека средновековен каменорез со антисемитски особености, може да остане кај црквата во градот Витенберг, отфрлајќи ја постапката на тужителот од еврејско потекло, кој со години тврди дека тој приказ ги навредува сите Евреи. Рељефот „Јуденсау“ или „еврејска маторица“ е каменорез од 13 век поставен на предната страна на градската црква и […]

За грчката црква е прифатлива автокефалноста на Охридската архиепископија, но не и името МПЦ


  Православната црква на Грција денеска излезе со соопштение од нејзиниот Свет Синод, во кое се вели дека Атинската архиепископија на чело со архиепископот Јероним, со задоволство го примила писмото од Вселенската патријаршија во кое се известува за „исцелението на расколот од 1967 година и востановувањето на црковното општење“ на светата Охридска архиепископија, под водство […]

Православната црква во Литванија побара одделување од Московската патријаршија


  Литванскиот митрополит Инокентиј се обратил кон Синодот на Московската патријаршија со барање да се промени статусот на Вилнуско-литванската епархија и да се направи „самоуправна“. Слични барања имаше и пред два месеци. Со продолжувањето на руската војна во Украина расте немирот меѓу православните во Литванија. Тамошната православна црква моментално има статус на епархија на Руската […]

Митрополит Тимотеј: Вартоломеј може да додели автокефалност, но прашање е дали тоа ќе го прифатат сите цркви


Одлуката на вселенскиот патријарх Вартолмеј за признавање на Македонската православна црква – Охридска архиепископија како канонска е добар потег, зашто црквата и народот повеќе не се во изолација, но за добивање на автокефалност ќе мора да има договор со СПЦ, вели портпаролот на МПЦ-ОА, миторполитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски, Тимотеј. – Ова е добар потег […]