Целосен прекин на сообраќајот Струга – Ќафасан поради превртена цистерна


Во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – граничен премин „Ќафасан“ поради превртена цистерна на патот, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Според информацијата, сите надлежни служби се излезени на местото на настанот и се преземаат мерки за утврдување на причините за незгодата и за нормализирање на сообраќајот.

Цистерна се запали откако излетала од патот Гевгелија – Богданци, пожарот изгаснат, сообраќајот е во прекин


Цистерна со нафта се запалила утрово откако излетала на патот Гевгелија – Богданци, но пожарот бил брзо изгаснат од пожарникарите. Поради инцидентот сообраќајот на патот Гевгелија – Богданци е во прекин, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. -Претпладнево цистерна која превезувала нафта излетала од регионалниит пат Гевгелија – Богданци и се […]

Камион-цистерна удри во карпи пред патарината кај Велес


ЦУК извести дека вчера во 17.06 часот, преку 112 имало пријава за одрон на пат. „Конкретно е добиена пријава од лице кое патувало од Скопје кон Велес, дека пред патарината кај Велес камион – цистерна удрил на карпите и има одрони на пат, што претставуваат опасност. За ова веднаш известена ЈП за одржување и заштита […]

Во Берово почна доставувањето вода со цистерни до населението


 Во Берово од денеска почна организираната доставата на вода преку цистерните од страна на ЈПКР „Услуга“. Доставата се врши откако претходно беше утврдено зголемено присуство на манган во водата од Градскиот водовод.  -Доставата на вода од цистерни се врши на повеќе локации. Почнавме од 8:00 часот со достава на вода на локација кај Здравен дом […]

Улиците во Кисела Вода се мијат со цистерни


Се перат улиците во Кисела Вода. Со цистерни, Општина Кисела Вода од денес започна со активности за чистење на наталожената прашина на сообраќајниците, кои се извор на емисии во амбиентиот воздух. Чистите улици значат подобра хигиена и помал ризик од ширење на болести. Ова е особено важно во урбаните средини каде што секојдневно се движат […]

Превртена цистерна со гас во близина на битолското село Вашарејца, возачот лесно повреден


Цистерна со гас се превртела во сообраќајна несреќа што се случила денеска во близина на битолското село Вашарејца. Возачот на камионот е лесно повреден и е пренесен во Клиничката болница во Битола со Итна медицинска помош. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), за несреќата се известени ТППЕ Битола, која на терен испратила […]

„Водовод и канализација“ за големиот дефект во Центар, кај МКЦ – со цистерна ќе се носи вода за пиење


ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека во однос на дефектот на Ф-600 мм на ул.„Кеј Димитар Влахов“ 15 до МКЦ во населба Центар, заради кој со прекинато водоснабдување се корисниците на дел од Крњево, Керамидница, ТЦ Ист Гејт, Бул.Александар Македонски до бензинската пумпа Лук Оил, Пожарна, а со намален притискок Маџари и Хиподром, […]

Цистерната на патот Струмица – Радовиш ја гасеа шест пожарникари со две противпожарни возила


Шест пожарникари со две противпожарни возила ја гаснеа цистерната што утрово се запали на регионалниот пат Струмица-Радовиш. РЦУК – Струмица соопшти дека во 9:18 часот настанал пожар на камион на кој му се дупнала гумата. Камионот превезувал 20 тони на нафта.  Со пожарот бил зафатен задниот дел на камионот, кај гумата. Камионот се запалил на […]

Се запали цистерна на патот Струмица – Радовиш, сообраќајот беше во прекин


РЦУК – Струмица, известува дека во 9:18 часот настанал пожар на камион на кој што му се дупнала гумата. Превезувал 20 тони на нафта. Со пожарот бил зафатен задниот дел на камионот (кај гумата). Камионот се запалил на еден километар од селото Владиевци на патниот правец Струмица-Радовиш. Во период од 9.18 до 9.55 часот, патниот […]

Несреќа во Илинден: Деца запалиле цистерна, загинало девојче


Несреќа се случила вечерва во населбата Илинден во Скопје. Малолетно девојче загина во пожар на цистерна во складиште на „Макпетрол“. Според информациите од МВР, малолетни лица запалиле цистерна кај железничката станица во складиштето на Макпетрол. Децата, рекле дека на цистерната има малолетно женско лице и истото починало, јавија повеќе медиуми. Случајот го пријавил С.К. кај […]

Најмалку 19 лица загинаа во експлозија на цистерна во тунел во Авганистан


 Најмалку 19 лица загинаа во експлозија на цистерна со гориво во тунелот Саланг во северен Авганистан, изјави денеска официјален претставник за ДПА. Повредени се 32 лица, а се стравува дека бројот на жртвите е поголем, додаде тој. – Телата на жртвите што ги видовме беа целосно изгорени, не беше јасно дали се деца, мажи или […]

Експлозија на руски аеродром, тројца загинаа


  Три лица загинаа, а шест се ранети откако цистерна со гориво експлодира на руски аеродом, јави агенцијата РИА новости. Експлозијата се случила во близина на градот Разана, југоисточно од Москва.

Цистерна се преврте на обиколница, повреден возачот


МВР соопшти дека денеска на автопатот Скопје-Тетово, кај исклучок за Визбегово, товарно моторно возило – цистерна со скопски регистарски ознаки се превртело на коловозот. „Во незгодата со повреди се здобил возачот А.К.(38) од Скопје и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош“, велат од полицијата. Извршен бил увид од увидна […]

Македонска цистерна со гас излета кај Врање, може да експлодира


 Цистерна со македонски регистерски таблички, утрината нешто по 8 часот, слетала од автопатот во близина на Врање. Српските медиуми објавуваат дека за среќа нема повредени, но автопатот во должина од околу петстотини метри, го обезбедува полицијата заради потенцијална опасност од излевање на течниот гас или експлозија. Едната лента од автопатот е затворена за сообраќај.