Џеновски циклон над Македонија: пороен дожд, снег и сериозен ризик од поплави


Моќен циклонски систем со центар над Џеновскиот залив ја става Македонија под засилен удар на врнежи во следните 24 часа, односно до среда наутро 28 јануари 2026. Најизразени ќе бидат врнежите од дожд во пониските места, додека на планините се очекуваат интензивни снежни врнежи, со што земјата влегува во жолта и портокалова фаза на предупредување. […]

Островот Мајот го погоди разорен циклон, се стравува дека има неколку илјади мртви


Бројот на загинати може да достигне неколку илјади откако циклонот Чидо ја погоди француската територија Мајот во Индискиот Океан. Засега не е познато колку луѓе се водат за исчезнати, а спасувачите се обидуваат да најдат преживеани. Цели населби беа срамнети со земја кога циклонот Чидо донесе брзина на ветер од над 225 км/ч. Бројот на […]

„Циклонска бомба“: Експлозивен развој на атлантската бура Ешли ќе ја погоди Европа викендов


  Северниот Атлантик забележа неколку активни бури овој месец, а претстојат уште повеќе. Во моментов, голема област со низок притисок се врти јужно од Гренланд. Со уште еден студен фронт од Арктикот кој се движи над потоплите мориња доцна во петок, временскиот модел ќе создаде потенцијално моќна бура што ќе ги погоди Ирска и Шкотска […]

Предупредување од ЦУК: Доаѓа циклон, можни се локални проблеми


Од УХМР известуваат дека под влијание на циклонска активност започнувајќи од вечерните часови, како и за време на ноќта, се очекуваат врнежи од дожд на целата територија на земјата. Пообилни се очекува да бидат врнежите во западните и северо-западните делови на земјата каде за време на престојната ноќ локално според прогностичките модели се очекува да […]

Русија загуби уште еден ракетен брод, Украинците го погодиле „Циклон“ на Крим


Генералштабот на вооружените сили на Украина потврди дека во нападот врз Севастополскиот Залив, каде што се наоѓаат некои бродови на руската Црноморска флот, бил погоден и уништен рускиот ракетен брод „Циклон“. „Ноќта на 19 мај, одбранбените сили на Украина го погодија рускиот ракетен брод „Циклон“ во Севастопол“, соопшти Генералштабот. Нападот бил изведен со беспилотни летала. […]

Околу 700 луѓе останаа заробени, прекинати сите врски – циклон во Австралија


Околу 700 луѓе останаа блокирани на северот на Австралија по минувањето на тропскиот циклон кој ги прекина врските со остатокот од земјата. While #CycloneMegan has been downgraded to a Tropical Low this morning, residents in Borroloola and surrounding areas are advised to brace for heavy rainfall. Rising water levels in Rocky Creek and the McArthur […]

Силен циклон потопи 25 села – најмалку 13 лица загинаа (видео)


Циклонот Михаунг денеска го погоди јужниот индиски брег со силен ветер, а му претходеа обилни дождови и поплави во кои загинаа најмалку 13 лица. Високите бранови ги зафатија јужните крајбрежни градови во текот на изминатите два дена додека се приближуваше циклонот, потопувајќи цели села и го запреа целиот транспорт бидејќи повеќе од 390.000 луѓе го […]

Циклонот Мока усмрти најмалку 400 луѓе во Мјанмар


Циклонот Мока уби најмалку 400 луѓе во мјанмарската држава Ракхајн и предизвика сериозни штети во западните делови на земјата, изјави денеска за германската новинска агенција ДПА портпаролот на опозициската влада на национално единство во егзил. Циклонот прерасна во најмоќниот ураган што го погоди регионот изминатата деценија, а неговото влијание беше особено почувствувано во Ракхајн, држава […]

Силен циклон во Бангладеш и Мјанмар, преку звучници ги повикуваат луѓето да одат во засолништа


   Активисти волонтери во крајбрежните области во Бангладеш денеска преку звучници ги повикуваат луѓето да одат во засолништа пред исклучително силен циклон што се очекува да стигне до бреговите на Бангладеш и Мјанмар во следните 24 часа. Циклонот Мока се движи кон бреговите на југоисточниот дел на Бангладеш и Мјанмар со брзина од 160 километри […]

Од последиците на циклонот Фреди во Малави погинаа над 1.000 лица


Бројот на погинати од циклонот Фреди во Малави се зголеми на над 1.000 лица, а повеќе од половина милион се раселени, изјави претседателот на земјата, Лазарус Чаквера. -Циклонот погоди околу два милиона лица, додаде тој, пренесува Анадолија. Претседателот ги повика жителите на Малави да работат заедно додека земјата закрепнува од катастрофата што оштети 405 километри […]

Девет мртви во налет на циклонот Ситранг на брегот на Бангладеш


Најмалку девет лица загинаа откако циклон Ситранг го погоди брегот на Бангладеш, соопштија денеска властите во оваа азиска држава, пренесе ДПА. Циклонот, што во текот на ноќта се претвори во депресија, исече и искорна дрвја и столбови за електрична енергија, а водата ги преплави пониските области околу брегот. Камрун Нахар, службеник во контролната соба на […]

Бангладеш планира масовна евакуација пред удар на циклон


Тропска бура во Бенгалскиот залив што се движи кон Бангладеш ги принуди локалните власти да планираат евакуација на стотици илјади жители на крајбрежјето, соопштија денеска властите. – Подготвивме засолништа за циклонот за да сместиме околу 2,5 милиони луѓе во 15 крајбрежни области, рече во Дака Енамур Рахман, државен министер за помош и управување со катастрофи. Повеќе од […]

Во тропскиот циклон Гомбе загинаа 53 луѓе во Мозамбик


Најмалку 53 лица загинаа во Мозамбик откако тропскиот циклон Гомбе ја погоди земјата пред една недела, изјави одговорниот политичар за тешко погодената провинција Нампула, Мети Гондола, јави ДПА. Гондола синоќа ја соопшти и бројката на загинати, предупредувајќи дека вистинската бројка на жртви може да биде многу поголема. Илјадници куќи во оваа северна крајбрежна провинција се […]

Бројот на жртвите од циклонот во Јужна Африка надмина 550


Според најновите извештаи на ОН и на владите на африканските земји, циклонот „Идаи“ однесе преку 550 животи во Јужна Африка. Еден официјален претставник на ОН, повикувајќи се на владини извештаи, информира дека во циклонот животот го загубиле 242 лица во Мозамбик и 56 лица во Малави. Министерот за одбрана на Зимбабве потврди 259 смртни случаи […]

Евакуација на околу 2.000 луѓе во северниот дел на Австралија поради циклон


Австралиските власти евакуираа околу 2.000 луѓе во северниот дел на континентот, поради најава за силен циклон, кој се очекува утре да го погоди тоа подрачје. Жителите од оддалечени, главно домородни заедници на источниот брег на Северната територија, беа евакуирани по воздушен и копнен пат во главниот град на тој регион, Дарвин. Австралиската метеоролошка канцеларија соопшти […]

(Видео+Фото) „Како во војна“: Повеќе од 350 мртви


Повеќе од 350 луѓе загинаа, стотици се водат како исчезнати, а илјадници се во опасност по поплавите предизвикани од циклонот Идаи во југоисточните делови на Африка. Во Мозамбик, Зимбабве и во Малави спасувачите очајнички се трудат да ги спасат луѓето кои се држат за дрвјата или се на покривите. Во Мозамбик поплавата создаде „океан на […]

Најмалку 24 загинати во циклон во Зимбабве


Хараре – Најмалку 24 лица загинаа, а околу 40 се водат како исчезнати во источниот дел на Зимбабве, по налет на циклонот „Идаи“, кој исто така претходно ги погоди Мозамбик и Малави, соопштија властите во Хараре. Војската е веднаш испратена на местото на инцидентот во потрага по преживеани жители и расчистување на теренот. Неколку илјади […]

(Видео) „Циклон бомба“ предизвика колапс во САД


Пет лица настрадаа во силната бура, која го зафати брегот на Атлантскиот Океан и североисточниот дел на САД. Бурата донесе ветрови со сила на ураган, дожд и снег, поради што е пореметен сообраќајот, а повеќе од 1,6 милиони луѓе останаа без електрична енергија. Spotted by @NOAASatellites‘ #GOES16 satellite: today’s #noreaster is seen spinning off the […]