Серафимовски: Жетвата на пченицата привршува – следува состанок за цената


Жетвата на пченицата во земјава привршува, а по анализите преку средба со земјоделците и откупувачите ќе се дефинира цената и да се види како да им се помогне на земјоделците. По ребалансот на буџетот на име на субвенции на сите земјоделци треба да им се исплатат околу една милијарда и 200 милиони денари, изјави министерот […]

Жетвата на пченицата е при крај, а сѐ уште нема одредено цена


  БИТОЛА – Жетвата на јачменот и пченицата во тек, а некаде и завршена, а земјоделците немаат цена за житото, ниту откуп. Од друга страна денес земјоделци споделија видео на кое како што велат се гледа дека преку граничниот премин Табановце се увезува пченица за Македонија. Земјоделецот Борче Бучински од здружението „Пелагонско поле“ споделувајќи го […]

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него


  БИТОЛА – Жетвата на јачменот веќе почна во Неготино и Градско, за десетина дена и во другите житници од државата, а нема цена на житото. Ваквата состојба на терен силно ги загрижува производителите на житни култури. Жетвата на јачменот во зависност од сите други години почна порано заради поволните временски услови и дождливата пролет. […]

Просечната цена на струјата на HUPX берзата e 123,77 евра за мегават час, на МЕМО 110,08 евра


Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 март 2026 изнесува 123,77 евра за мегават час, на МЕМО 110,08 евра за мегават час Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 19 март 2026 просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 123,77 евра/mwh, додека на MEMO […]

Цените на гасот во Европа скокнаа 115 отсто за една недела


  Цените на гасот во Европа го забележаа својот најголем пораст од енергетската криза во 2022 година. Зголемувањето од крајот на февруари е 115 отсто, вклучувајќи го и скокот од понеделникот на 68,8 евра/MWh (скоро 835 долари за 1.000 кубни метри). Иако Европа не добива многу гас од Катар, кој ги прекина испораките на течен […]

Сточарите на нови маки – паѓа цената на суровото млеко


  БИТОЛА – Во континуитет паѓа цената на суровото млеко за најмалку еден денар по литар. Известувањето од дел од откупувачите е дека цената дополнително ќе се намали од 1 февруари, а дел од млекарниците тоа го направија и претходно. Ваквата вест ги разгневи сточарите кои поради нередовните субвенции мака мачат да ги одржат фармите. […]

Жетварите во зијан, пченицата не се откупува по договорената цена


  БИТОЛА – Во екот на жетвата на лебното зрно, земјоделците производители на пченица се жалат дека договорената цена за откуп на пченицата од 12 денари за прва и втора класа, не се почитува од откупувачите.   Најголемите критики доаѓаат од производители од плодната житница Пелагонија, кои велат дека во изминатите денови пченицата им се […]

Што се случува со грозјето? Лoзарите велат дека има голем грабеж со цената, власта се фали


  БИТОЛА – Рекордна цена за грозјето од реколтата за 2025 година или грабеж и манипулација на лозарите. Бурни реакции предизвика денеска објавената цена за „вранецот“ и „смедеревката“ од страна на Министерството за земјоделство. Власта се пофали, а лозарите се жалат на манипулации и бараат од Министерството да ја соопшти производната цена на грозјето, а […]

Намалена цената на свинско месо жива мера


Во рок од два месеца одгледувачите на свињи трипати ја намалија цената на свинското месо жива мера. Потпретседателот на Асоцијација на земјоделци, Гоце Сарафимов вели дека во моментов цената на свинското месо жива мера изнесува 110 денари и со ДДВ е и до 118 денари. Тој посочува дека поголемите производители на свинско месо се договориле […]

Цената на природниот гас на европскиот пазар се зголеми на највисоко ниво од почетокот на 2023 година


Цената на природниот гас на европскиот пазар утринава се зголеми на највисоко ниво од почетокот на 2023 година, покажуваат податоците објавени на веб-страницата на гасниот центар во Холандија (ТТФ). Индексот на цените, како одраз на динамиката на цените на синото гориво со кое се тргува во гасниот центар во Холандија, достигна утрово до 58,29 евра […]

ФАО: Минатиот месец е забележана рекордно висока цена на прехранбените производи во светот


Организацијата за храна и земјоделство на Обединети нации (ФАО) денеска ја објави референтната вредност на светските цени на храната во октомври годинава, која достигна највисоко ниво во изминатите 18 месеци, поради наглото зголемување на цените на растителните масла. ФАО ги следи месечните промени на меѓународните цени на прехранбени производи, кои се тргуваат глобално. Врз основа […]

Цената на струјата во Македонија стигна до 550 евра за мегаватчас, а во Србија 700 евра


  Вчера во 18 часот големопродажната цена на струјата на пазарот во Србија достигна 574,91 евро за мегават час. Во тоа време тоа беше најскапата струја во Европа. Во Македонија чинеше 550 евра, во Романија 429,28 евра, во Унгарија 414 евра, во Бугарија и Грција 351 евро, покажуваат податоците на веб-страницата Energyflux. Во Франција во […]

Столица на ИКЕА во Хрватска чини 218 евра, а во Германија 99. Зошто?


Споредбата на цените меѓу Хрватска и побогатите земји беше многу олеснета со воведувањето на еврото, а жителите на Хрватска беа непријатно изненадени кога сфатија дека некои производи, дури и цели категории на производи, се поскапи во Хрватска отколку на пример во Словенија или Германија. Оваа тема беше особено популарна во првата половина на 2023 година, […]

Шеќерот е за 61 отсто поскап од лани


Еуростат објави дека цените на шеќерот во Европската Унија се зголемени за 61 отсто во февруари и март 2023 година во споредба со истиот период од претходната година. Најголем пораст е забележан во Чешка (98 отсто), Естонија (97 отсто), Полска, Германија и Латвија, додека помал пораст на цените е забележан во Унгарија (17 отсто), Луксембург […]

Цените на становите ќе се намалуваат


Директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, Зоран Ѓоргијев денеска информира дека цените на становите во наредниот период ќе имаат благ пад. – Според она како што се движи сега, има некое намалување на градежните материјали и во секој случај цените ќе одат […]

„Очите солзат уште пред да се излупи“: Зошто кромидот е толку скап?


  Цената на кромидот урива рекорди – килограм од овој производ неопходен за секое традиционално јадење и за приготвување салати достигнува цена од 80, 90 па и 100 денари. Потрошувачите се збунети – никогаш порано кромидот не бил поскап од празот, кој чини околу 50 денари за еден врзоп, а се приближи до цената на […]

Новоформираните тутунски здруженија бараат зголемување на цената на тутунот за 35 отсто


За преку 35 отсто треба да се зголеми цената на тутунот за да има реална исплатливост и повисоки цени за новата реколта. Понуденото зголемување за 20 отсто нема да донесе повисоки цени, зашто 60 отсто од родот се проценува во втора класа, сметаат новоформираните тутунски здруженија. Реагираат дека, наводно, им се нудат договори претходно потпишани. […]

Дизелот поевтинува за два денари, цената на бензините останува иста


 Од ноќеска на полноќ цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство ќе се намали за два денара, додека на бензините останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според РКЕ, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе чини 80 денари за литар, екстра лесното масло 78,5 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 84 […]

Цените на гасот на берзите во Европа првпат паднаа под 850 долари за илјада кубни метри


Цените на гасот на берзите во Европа паднаа под 850 долари за илјада кубни метри за прв пат од 21 февруари, покажуваат податоците на лондонската берза ICE. Тргувањето со јануарските фјучерси според индексот ТТФ (најголемата европска берза на гас во Холандија) утринава започна од 882,1 долар за илјада кубни метри и на крајот од денот […]

Поскапува дизелот, поевтинува мазутот


 Цената на дизел горивото и на екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар по литар, а мазутот поевтинува за 0,137 денари за килограм, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,18 […]