Царинска управа: Вратени 69 камиони поради несоодветен сертификат за возач


Царинската управа за една недела извршила 8.181 контрола на лиценци за вршење јавен превоз, сертификати на возачи, како и дозволи за превоз кои треба да ги поседуваат товарните моторни возила и автобусите во меѓународниот патен сообраќај. Како што соопшти денеска Царинската управа, во четири случаи се утврдени неправилности во делот на лиценците, од коишто за […]

Царинската управа ќе го унапредува системот за управување со ризици и податочен склад со грант од Кореја


Системот за управување со ризици и податочен склад со грант од Република Кореја ќе претставува еден од темелите за економски развој на државата. Реализацијата на системот се одвива согласно планот, при што се очекува целосно да биде имплементиран до крајот на август. Модернизацијата на Царинската управа ќе придонесе за подобрување на нејзините капацитети во прибирање […]

Царинска управа: Соработката со деловната заедница подразбира континуитет и посветеност


 Редовни консултации со бизнис заедницата се клучни за размена на меѓусебни мислења, а со цел успешност на активностите што ги спроведува Царинската управа, како и постигнување подобри резултати, истакна директорот на Управата Бобан Николовски на денешниот состанок со членовите на Советодавното тело. Како што информираат од Царинската управа, по реактивирање на Советодавното тело, во кое […]

Сузбиен меѓународен канал за шверц на дрога, запленети 188,6 килограми марихуана


Запленети 188 килограми и 636 грама наркотична дрога марихуана во заедничка акција на Царинска управа и Бирото за јавна безбедност. Со акцијата е спречен меѓународен канал за шверц на дрога. Две лица се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија за сторено кривично дело неовластено производство и […]

Николовски од Будимпешта: Со силна поддршка од ЕУ, ја подобруваме поврзаноста со регионот и Унијата


Ја подобруваме поврзаноста со регионот и ЕУ преку инвестиции во унапредување на инфраструктурата на граничните премини и забрзување на постапките при истовремена ефективна контрола. Истовремено ја зајакнуваме и регионалната и меѓународната соработка која е клучна за размена и мечирање на податоци во синџирот на меѓународната трговија. На овој начин го трасираме патот напред, при што […]

Со еден клик Централниот регистар ќе има евиденција за царински долг


Царинската управа и Централниот регистер ги интензивираат активностите потребни за надградба на едношалтерскиот систем на Централниот регистар при што Царинската управа ќе им овозможи електронски пристап до базата на податоци за платени увозни давачки. Ова беше главната тема на денешниот состанок помеѓу директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорката на Централен регистар, Анита Стамнова. […]

Директорот на Царинска управа во Софија: Силно сме посветени во борбата со нелегалната трговија со дрога


Царинските управи имаат важна водечка улога за националната безбедност, но и меѓународната безбедност. Легалните аеродроми во моментов се таргет за криминалците, при што целта им е забранетите супстанци да стигнат на таргетираните аеродроми и потоа да ја дистрибуираат на разни пазари. Наша задача е преку зголемена соработка, размена на искуства и вложување во зајакнување на […]

Николовски – Мизо: Царинската управа важна алка за подобрување на условите за водење бизнис и привлекување нови странски инвестиции


Царинската управа е важна алка којашто треба да овозможи економска трансформација и остварување повисоки стапки на раст преку подобрување на условите за водење бизнис и зголемување на конкурентноста на економијата. Ова се суштинските заклучоци од денешната средба на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора, Виктор […]

Царината заплени облека, пури и цигари


Царинските службеници спречија обиди за криумчарење на 413 парчиња облека, 100 пури, 69 штеки цигари, соопштија попладнево од Царинската управа. Во текот на изминатата седмица, покрај заплените на 30.000 евра на граничниот премин „Богородица“, рачни часовници на Аеродромот во Скопје, 6.800 евра на граничниот премин „Табановце“ за кои веќе информиравме, царинските службеници спречија обиди за […]

Бобан Николовски ја презеде функцијата директор на Царинска управа


Бобан Николовски денеска ја презеде функцијата директор на Царинска управа од својот претходник Стефан Богоев, кој на оваа позиција беше од јуни минатата година. „Спроведување реформски мерки и политики за постигнување висок и одржлив економски раст, борба со криминалот и сузбивање на корупцијата и сивата економија, предвидливо даночно и регулаторно опкружување и намалување на парафискалните давачки за […]

Богоев: Највисоки заслуги во сузбивање на криминалот за Граничната меѓуагенциска единица


Највисоки заслуги во делот на сузбивање на шверцот на дрога, тероризам, нелегална миграција, како и останатите облици на организиран криминал за Граничната меѓуагенциска единица на Меѓународниот Аеродром Скопје која беше воспоставена во соработка со Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал. Директорот на Царинска управа Стефан Богоев заедно со заменик директорот Муарем Асани оствари […]

Спречен обид за нелегална трговија со три килограми марихуана


 Спречен обид за нелегална трговија со наркотична дрога, откако мобилен тим во координација со полициски службеници при Одделот за крриминалистичка полиција пронајдоа три килограми марихуана при претрес на автомобил, соопшти Царинската управа. Возилото со албански регистарски таблички управувано од албански државјанин кој патувал со сопатник од Албанија е сопрено од страна на полициски службеници на […]

Царинска управа: Кривичните пријави во 2023 година зголемени за 60 проценти


Кривичните пријави во 2023 година се зголемени за 60 проценти во однос на претходната година – резултати во сузбивање на криминалот има, истакна директорот Стефан Богоев на брифинг со новинари. Меѓу пријавите се кривични пријави за криумчарење, неовластено производство и пуштање во промет на наркотици, даночно затајување, фалсификување пари, царински измами, фалсификување на исправа, избегнување […]

Корејци ќе менаџираат со проектот во Царинската управа за што доделија грант од 4,8 милиони долари


Повисоки приходи во Буџетот, а со тоа и повеќе пари за здравство, инфраструктура и образование, како и сузбивање на организираниот криминал е целта на новиот систем за унапредување на анализата на ризик и податочен склад во Царинската управа што ќе се имплементира со грант од 4,8 милиони долари од Република Кореја, соопшти Царинската управа. – […]

Дозволите ќе се издваваат на едно место: Царината почнува проект нов едношалтерски систем


Царинската управа почнува амбициозен проект за модернизација на процесите за издавање лиценци и дозволи што се користат при царинење, со цел да се олесни трговијата, да се подобри контролата и безбедноста на стоките и да се намалат трошоците за компаниите. – Единствениот национален едношалтерски систем, има за цел да ги дигитализира процесите така што македонското стопанство […]

Царинската управа ќе добие 4,8 милиони долари грант од Република Кореја за систем за управување со ризици и податочен склад


  Царинската управа добива грант од 4,8 милиони долари за развој и имплементација на систем за управување со ризици и податочен склад од Владата на Република Кореја. Директорот на Царинската управа Стефан Богоев и Ки-донг Ким директор при Царинската служба на Република Кореја денеска потпишаа Меморандум за соработка за доделување на грантот. „Воспоставувањето на овој […]

Царинска управа со финални подготовки за воспоставување на оне-стоп-шоп со Косово


 Царинската управа се подготвува за воспоставување на оне-стоп-шоп со Косово на граничниот премин Блаце, што ќе овозможи побрз проток на стоки и луѓе, како дел од активностите што се спроведуваат за забрзување и олеснување на трговијата. Со тоа, како што порачаа при денешната посета на граничниот премин Блаце, директорот на Царинската управа Стефан Богоев и […]

Царинска управа: Не станува збор за обврзници со истечен рок, туку за обврзници со доспеан рок


  Станува збор за обврзници со доспеан, а не со истечен рок, реагираа попладнево од Царинската управа откако дел од медиумите јавија дека обврниците кои беа најдени деновиве кај турски државјанин при контрола на скопскиот аеродром, биле со „изминат рок“. „Обврзниците имаат датум на доспевање, што значи дека истите може да се ефектуираат по истекот […]

И да биле пријавени обврзниците, Царината ќе го проверувала потеклото, намената …


  Царинските службеници секако ќе го проверувала потеклото, намената и веродостојноста на обврзниците кои беа најдени кај турски државјанин, и доколку тој ги пријавел при влезот во земјава на скопскиот аеродром. Од Царинската управа за „Независен“ велат дека и хартиите од вредност подлежат на задолжително пријавување. Тоа се однесува и на македонски граѓани доколку сакаат […]