Канада воведе одмазднички тарифи за американски стоки во вредност од 20 милијарди долари


Канада во вторник објави одмазднички тарифи против Соединетите Американски Држави, кои се изедначуваат со тарифите од 50% што претседателот Доналд Трамп ги воведе за време на викендот по прекинот на трговските разговори. Новите тарифи на Отава опфаќаат повеќе од 700 американски производи и вредат околу 20 милијарди долари, што ја одразува големината на најновите увозни […]

Трамп најави царини од 50 отсто за канадските возила, делови и челик од 1 јануари


Царините за увоз во САД на сите автомобили, камиони, автомобилски делови и челик од Канада ќе бидат зголемени на 50 отсто од 1 јануари 2027 година – изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп по неуспехот на трговските преговори со Канада. – Произведувајте во САД и ЦАРИНИТЕ СЕ НУЛА. Канада повеќе нема да биде третирана како […]

Канада ќе возврати „долар за долар“ на американската царина од 50 проценти за канадските производи


  Канадскиот премиер Марк Карни вети дека ќе возврати „долар за долар“ на американските царини од 50% што ќе стапат на сила во среда, откако двете страни не успеаја да постигнат трговски договор до полноќ синоќа, кога истече рокот поставен од американскиот претседател Доналд Трамп. Карни објасни дека САД се откажале од некои од своите […]

Американски гигант доби речиси 1 милијарда долари откако Врховниот суд ги поништи царините на Трамп


„Таргет“ објави дека добил речиси 1 милијарда долари поврат на царини од американската влада, зголемувајќи го профитот на трговецот на мало во последниот квартал. Американскиот синџир соопшти дека добил 994 милиони долари поврат на средства пред оданочување, што помогнало да се удвои оперативниот профит во вториот квартал, од 1,3 милијарди долари на 2,6 милијарди долари […]

По поништените царини на Трамп, САД вратија 100 милијарди долари


Царинската управа на САД врати околу 100 милијарди долари на компаниите кои платиле увозни даноци откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави ги поништи царините на претседателот Доналд Трамп за „Денот на ослободувањето“. Вратениот износ претставува 60 проценти од вкупно 165 милијарди долари што администрацијата на претседателот Доналд Трамп ги собра преку овие царини, објавија […]

САД привремено ги укинале царините за Србија, сега се нула отсто, се пофали Вучиќ


Американските царини за стоки од Србија се привремено укинати од петок, а претходната стапка од 35 проценти е намалена на нула, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ. „Добрата вест е дека од вечерва, по наше време, царините за Србија се нула проценти“, рече Вучиќ во гостувањето во програмата на Српската радиотелевизија (РТС). Тој објасни дека по […]

САД воведуваат нови 50-процентни царини за дел од канадските производи, ескалира трговскиот спор со Канада


Белата куќа објави воведување нови царини од 50 проценти за голем број производи од Канада, со што дополнително се заострува трговскиот спор меѓу САД и еден од нивните најголеми трговски партнери. Според американскиот трговски претставник, Џејмисон Грир, новите царини ќе опфатат канадски увоз во вредност од околу 20 милијарди американски долари. Мерката треба да стапи […]

САД воведоа 25 отсто царини за бразилски производи, Бразилија ги отфрли мерките


Американската администрација воведе дополнителни царини од 25 отсто за низа производи од Бразил, по истрага што ја спроведе Канцеларијата на трговскиот претставник на Белата куќа. Мерките ќе стапат во сила на 22 јули. Од царините ќе бидат изземени одредени производи што не се произведуваат во САД, како и стоки чие оданочување би можело да влијае […]

Од 1 јули пониски царини за 70 суровини и репроматеријали


Од 1 јули пониски царини за 70 суровини и репроматеријали, најавува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска откако Собранието ги усвои измените на Законот за царинска тарифа.  – Со законските измени се врши дополнително усогласување на царинските стапки со оние што важат во Европската унија, согласно определбите од Програмата за работа на Владата 2024-2028 година и […]

Трамп повторно се заканува со царини, за некои европски земји би можеле да бидат 100 отсто


Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе 100% царини за сите стоки од земјите што воведуваат данок на дигитални услуги за американските компании. „Голем број европски земји во моментов дебатираат дали да воведат данок на дигитални услуги за американските компании“, напиша Трамп во објава на неговата социјална мрежа Truth Social. „Некои од […]

Трамп ја предупредува Франција: Ќе ставам царини на вашето вино


Претседателот Доналд Трамп во понеделник предупреди дека САД „нема да имаат друг избор“ освен да воведат царина од 100% на француските вина, освен ако Париз не го укине својот дигитален данок на американските технолошки гиганти. „Ги замолив да не им наплаќа на американските компании, а ако го сторат тоа, немам друг избор освен да ставам […]

Американската администрација најави воведување дополнителни царини за 60 земји, вклучувајќи ја и ЕУ


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп синоќа предложи воведување дополнителни царини од 10 или 12,5 проценти за увозот од 60 земји, вклучувајќи ја и ЕУ, со цел, како што велат, да се ограничи трговијата со принудна работа, што ѝ штети на американската трговија. Предлогот на Канцеларијата на американскиот трговски претставник (USTR) е дел од најновата […]

Трамп ги намали царините за увоз на опрема од бакар, алуминиум и железо


Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша прокламација за измена на царините за увоз на бакар, алуминиум и железо, соопшти Белата куќа. Со одлуката се намалуваат царините за одредена земјоделска и индустриска опрема од 25 на 15 проценти. Станува збор за индустриски машини како булдожери и виљушкари, во случаи кога тие се увезуваат од земји со […]

САД планираат нови царини за Канада и Мексико


Американскиот трговски претставник, Џејмисон Гриер, синоќа изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп планира воведување нови царини за партнерите од договорот за слободна трговија меѓу САД, Мексико и Канада (УСМКА). Гриер наведе дека Вашингтон има сериозни нерешени прашања во трговските односи со Канада и оти е неопходно воведување царини поради големиот трговски дефицит. „Ќе мора […]

Германија и ЕУ нема да молчат на зголемувањето на царините за автомобили од страна на Трамп


Германското Министерство за економија вчера објави дека е во контакт со Европската комисија, која е во преговори со Вашингтон, по најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ги зголеми царините за увоз на автомобили од Европската Унија. „Ќе се координираме тесно во рамките на ЕУ за следните чекори“, се вели во соопштението на Министерството, […]

Ако САД ги зголемат царините, Кина ќе одговори со контрамерки, предупредува Пекинг


Кина се закани со противмерки ако САД „продолжат со зголемување на царините“ за што Пекинг тврди дека се засновани на лажни медиумски написи за наводна кинеска воена помош за Иран. – Извештаите во медиумите, во кои се обвинува Кина дека му обезбедува воена помош на Иран, се целосно измислени. Доколку САД продолжат да ги зголемуваат […]

Денот на ослободувањето на Трамп не им помогна на американските фабрики


Помина една година од Денот на ослободувањето на Трамп, кога тој му најави на светот високи тарифи за извоз во Соединетите Држави. Годината на ослободување не ги ослободи американските фабрики, забележува „Економист“. „Една година по Денот на ослободувањето, американските тарифи се изненадувачки непопуларни дури и меѓу производителите. Пробивањето на тарифниот ѕид со индивидуални исклучоци може […]

САД ги намалуваат царините за опремата од метал на 15 проценти до наредната година


Белата куќа соопшти дека ревидираните царини од областа на националната безбедност што претседателот на САД, Доналд Трамп, ги воведе за увозот на челик, алуминиум и бакар за одредена индустриска и опрема за електроенергетската мрежа до 2027 година ќе изнесуваат 15 проценти. Новата стапка претставува намалување во однос на претходно предвидените 50 проценти, а од Белата […]

Бразил воведува царини за извоз на нафта и дизел


Бразилската влада воведе царини за извоз на нафта и дизел со цел да се обезбеди снабдување и да се намалат трошоците на земјоделците во услови на зголемување на цените на енергијата на светските пазари. Кабинетот на претседателот Луиз Инасио Лула да Силва се обидува да го ублажи влијанието на неодамнешното зголемување на цените на нафтата […]

Трамп најде начин да ги врати царините. Покренува истрага за Кина, ЕУ и 14 земји


Администрацијата на Трамп вчера објави нови трговски истраги за Кина, Мексико, Европската Унија и повеќе од десетина други економии. Целта е да се заменат царините на Трамп, кои Врховниот суд неодамна ги прогласи за нелегални, објави Си-Ен-Би-Си. Американскиот трговски претставник Џејмисон Грир им рече на новинарите дека истрагите, кои веројатно ќе се прошират и на […]