Царината доби систем за анализа на ризик и податочен склад од Корејската царинска служба


Царинската управа доби систем за анализа на ризик и податочен склад со кој се очекува да се подобри контролата на целокупниот обем на трговска размена и сузбивање на обидите за криминал и сива економија.  Системот за анализа на ризик и податочен склад имплементиран со грант од Република Кореја во висина од 4,75 милиони долари, а […]

Што заплени Царина минатава недела?


Во текот на минатата недела, царински службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока. 27 штеки цигари со македонски акцизни маркички од марките Marlboro и Rothmans, откриени се на Меѓународниот аеродром Скопје при контрола на куфер на патничка која имала намера да отпатува со лет за Лондон. Употребуван мотор за возило MITSSUBISHI PAJERO 1994 е […]

Во октомври од царини во Буџетот се слеале 196 милиони евра, за 11,4 милиони повеќе од лани


Царинската управа во октомври повторно ја надмина недостижната наплата на приходи – во Буџетот слеани 12,05 милијарди денари (196 милиони евра), за 11,4 милиони евра повеќе од лани, при што најголем раст од 16,6 проценти е забележан во наплатата на приходи од царина, се наведува во соопштение на Царинската управа кое МИА го пренесува интегрално.  […]

Царината заплени 130 килограми марихуана


Царинската управа заплени 130 килограми марихуана која на „црниот” пазар би чинела над 700 000 евра. Со ова, како што рече денеска директорот на Управата Бобан Николовски, спречен е меѓународен канал на нелегална трговија со опојна дрога. Според Николовски, се работи за квалитетна марихуана која, што е можно поскоро, ќе биде предадена во Агенцијата за […]

Царина заплени речиси 3.000 парчиња шверцувана стока на повеќе премини


Царинските службеници и мобилните тимови на граничните премини Блаце, Табановце, Богородица и Ново Село во изминатиот период запленија речиси три илјади парчиња различна стока – меѓу кои алкохолни пијалоци, електронски цигари, облека со потпис на заштитени трговски марки, и автоделови пронајдени во возила, автобуси и товарни моторни возила. Против сторителите се водат посебни постапки. На […]

Царина и Централен регистар договорија е-размена на податоци за царински долг – хартиените потврди наскоро заминуваат во историјата


Царинската управа и Централниот регистар договорија дигитална размена на податоци за царински долг, со што хартиените потврди кои се потребни за упис и промени на правниот субјект  наскоро стануваат минато. Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски и директорката на Централен регистар, Анита Стамнова, денеска официјално го потпишаа Договорот за соработка и размена на документи во […]

Лакордов: Југоисточна Европа ги здружува силите против организираниот криминал


„Нашата цел е јасна – заеднички да идентификуваме и пресретнеме високоризични пратки и патници преку аеродроми, копнени граници и пристаништа во регионот. Криминалните мрежи не познаваат граници, и затоа мораме да делуваме преку координирани акции засновани на темелни проценки, докази и најдобри меѓународни практики.“ Ова го истакна помошник директорот на Царинска управа за контрола и […]

Царината заплени котури сајла со дијамантски прстени наменети за сечење мермер, лекови, објективи за камери, цигари и маслиново масло


Царинските службеници откриле повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани котури со сајла со дијамантски прстени наменети за сечење мермер, лекови, објективи за камери, цигари, маслиново масло и ремени за товар, информираат од Царинската управа.  Вкупно 18 котури од по 10 метри сајла со дијамантски прстени наменети за сечење мермер откриени […]

Трикратно зголемен бројот на заплени од мобилните царински тимови, спроведени над пет илјади контроли


Трикратно е зголемен бројот на заплени од мобилните царински тимови при Одделението за оперативни работи на Секторот за контрола и истраги во првите седум месеци од годинава. Вкупно од први јануари заклучно со 31 јули 2025 година спроведени се над пет илјади контроли, при што откриени се 199 прекршочни и кривични дела. Како што информира Царинската […]

Царината во јули наплатила рекордни 205,54 милиони евра


Царинската управа во јули годинава реализира највисока месечна наплата на приходи, вкупно 12 милијарди и 641 милион денари или 205,54 милиони евра. Како што соопшти денеска директорот Бобан Николовски, ова е историски успех што се должи на секојдневната напорна и тимска работа, на професионализмот и посветеноста, на дисциплината, но и на воспоставениот нов систем на […]

Царинската управа потпиша декларација за царинска соработка со Министерството за трговија на Турција


Царинската управа на Македонија и Министерството за трговија на Република Турција потпишаа Декларација за царинска соработка со што двете страни се обврзуваат заеднички да делуваат во борбата против организираниот криминал и забрзување на протокот на легална трговија. Заедничката декларација денеска во Анкара ја потпишаа директорот на Царинската управа на Македонија Бобан Николовски и заменик-министерот за […]

Царината заплени над пет илјади фалсификувани „Епл“ маски за телефон, логоата ги прикривале со пластифицирани налепници


Мобилен царински тим заплени над 5,6 илјади парчиња фалсификувани маски за телефон „Епл“ коишто увозник од Скопје со намера да го скрие делото, логоата ги прикривал со пластифицирани налепници, соопшти денеска Царинската управа. За случајот е поведена постапка за повреда на право од интелектуална сопственост и е утврдено дека станува збор за фалсификувана стока која […]

Приходите од царина зголемени за 15,2 отсто, од акциза за 7,1, а од данокот на моторни возила за 17 отсто


Сузбиени организирани криминални мрежи кои вршеле криминални дела со над 230 употребувани автомобили, 230 килограми дрога и 600 килограми анаболици, спречен обид за криумчарење на половина милион евра вредно злато, 30 килограми сребро, над 200 килограми лекови и над 10 илјади килограми суплементи, 400 илјади парчиња цигари и пури. Во 94 случаи на повреда на […]

Царинска управа: Запленети цигари, дрон, фалсификувана стока и друго


Во текот на минатата недела, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, фалсификувана стока, дрон, регистарска табличка и документи за камп-приколка. Во два одделни случаи на граничните премини Богородица и Дојран запленети се 22 штеки цигари без акцизни маркички. •             Во […]

Царинската управа спречи обиди за шверц на цигари и тутун и над пет илјади алатки за тетовирање


Царински службеници во Царинската испостава Струмица запленија моторцикл Априлиа откако по поднесената увозна декларација со сите пропратни документи било увидено дека се работи за друг моторцикл за кој увозникот не поседувал никаков документ. Против сторителот е покрената прекршочна постапка. Службата за мобилни скенери при контрола на товарно моторно возило управувано од македонски државјанин заплени 5.476 […]

Царината спречила шверц на лекови, стоматолошки материјали, очила со диоптер, цигари…


Царинската управа во текот на изминатите денови спречила повеќе обиди за криумчарење лекови, стоматолошки материјали, очила со диоптер, поголема количина цигари, мотоцикл, УПС уреди за напојување со електрична енергија и друга стока. Од почетокот на годинава до сега севкупно на ниво на цела царинарница Гевгелија запленети се 700 штеки цигари. Како што денеска соопштија од […]

Што го советува Јохан Тарчуловски директорот на Царината?


  Во тимот на директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, како еден од најблиските соработници фигурира и експратеникот и хашкиот осуденик Јохан Тарчуловски. Според податоците на интернет страницата на Царинската управа, Тарчуловски е еден од тројцата советници на директорот Николовски и на неговиот заменик, Гарип Каба, сите сместени во графата „Менаџмент“. Тарчуловски беше назначен во […]

„Амазон“ покрај цената на производите ќе ја прикаже и царината, Трамп е бесен: „Непријателски чин“


Белата куќа денес остро го нападна „Амазон“ поради неговиот план на својата веб-страница, покрај вкупната цена на производот, да го прикаже и износот на царините што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп. „Тоа е непријателски и политички чин од страна на Амазон“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, за новинарите. „Ова е уште една […]

Царината спречи обиди за криумчарење парфеми, тутун, облека со потпис на познати модни брендови


 На Меѓународен Аеродром Скопје државјанин на Обединети Арапски Емирати родум од Индија се обидел да криумчари во државата 76 парфеми. Патникот при пристигнување во државата се определил на зелен канал при што поради сомневање е селектиран на царинска контрола. При контролата во двата куфери кои ги носел со себе се пронајдени парфеми со потекло од […]

Цариниците спречија обид за криумчарење 6,4 килограми сребро на ГП Богородица


На граничен премин Богородица спречен е обид за криумчарење на 6,4 килограми сребро во вредност од 472 илјади денари. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик, соопшти денеска Царинската управа. Случајот, како што е наведено во соопштението, е откриен од мобилен царински тим кој на влез […]