Хрватска се мачеше против Грузија, но со победа го почна Европското првенство


Хрватските ракометари победија во Малме во првото коло од Европското првенство против селекцијата на Грузија со резултат 32:29 и со тоа триумфално го отворија прегледот на најдобрите репрезентации на Стариот континент. Грузија влезе во играта многу подобро и го искористи очајното отворање на фаворизираните Хрвати. Предноста постојано растеше, а во еден момент имаше и шест […]

Руте во Хрватска: Трамп ги прави вистинските работи за НАТО


Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска во Загреб изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп ги прави вистинските работи за НАТО, бидејќи поттикнува поголеми вложувања во одбраната и нагласи дека сите сојузници во Алијансата се согласуваат за важноста на безбедноста на Арктикот. – Верувам дека Доналд Трамп ги прави вистинските работи за НАТО поттикнувајќи нè […]

Регионот во снежна блокада: Во делови на Хрватска наврнаа 61 сантиметри, во Сараево се бараат работници за чистење на снегот…


Во делови во регионот, врнежите од снег предизвикаа сериозни проблеми. Така, во главниот град на Хрватска, Загреб, снегот непрекинато паѓаше од вчера наутро до ноќеска, предизвикувајќи проблеми во сообраќајот. Поради снег и ветрови со сила на ураган, автопатот А1 во близина на Светог Рок е затворен. Слично е и во Босна и Херцеговина, каде што има […]

Хрватите уште чуваат милијарди куни, еве колку веќе не можат да се заменат за евра


Сè уште има 2,17 милијарди куни во оптек, со вкупна вредност од 1,16 милијарди куни, како и банкноти од поранешната хрватска валута чија вредност надминува три милијарди куни, според податоците на ХНБ од последниот ден од декември, до кога сè уште беше можно да се заменат куни за евра. На последниот ден од минатата година, […]

Драматични слики од границите: Тотален хаос, сè стои (фото)


Поради зголемениот сообраќај и новиот систем за контрола на EES, гужвите на граничните премини не стивнуваат ниту денес. Огромни гужви и километарски редици беа забележани вчера кај Бајаково, граничниот премин со Србија, додека денес има гужви на граничните премини на Хрватска и Босна и Херцеговина. Времето на чекање на границата е околу два часа. Како […]

Хрватска под снег – ќе имаат бел Божик


Снег паѓа низ цела Хрватска, почнувајќи и во низините. Според најновата прогноза за Бадник и Божиќ, се очекува изразена промена на времето, а Бадник ќе биде обележан со претежно облачно време со чести врнежи и силен ветер, особено на Јадранското Море. Снег паѓа на загрепско Сљеме. Врвот на Медведница побеле целосно, а дебели снегулки сè […]

Хрватска на удар на многу заразниот сој на грип H3N2, за една недела 7.000 нови заболени


Грипот оваа година пристигна порано и се шири побрзо од вообичаеното. Сојот H3N2, кој полесно се пренесува, доминира во Хрватска, а повеќе од седум илјади нови случаи се пријавени во изминатата недела. Иако Хрватскиот институт за јавно здравје вели дека сè уште има вакцини во системот, многу ординации за семејна медицина веќе останаа без залихи. […]

Саборот изгласа: Хрватска ќе го отстранува радиоактивниот отпад на границата со Босна и Херцеговина


Денес, Саборот на Хрватска го усвои Законот за изградба на Центар за отстранување на радиоактивен отпад на самата граница со Босна и Херцеговина во областа Трговска Гора. 77 пратеници гласаа за законот, 21 гласаа против, а 36 беа воздржани. Со години, Босна и Херцеговина апелираше до Хрватска да се откаже од оваа опасна идеја, која […]

Пукање во ромска населба во Хрватска – почина трудна жена, друга се бори за живот


Во пукотница што се случи во четврток вечерта во ромската населба Ситнице во Меѓимурје, Хрватска, една од двете тешко повредени жени (28) за жал почина. Другата жена (29) сè уште се бори за живот во болница во Чаковец, а сторителот (40) сè уште е во бегство, соопшти Полициската управа на Меѓимурје. Синоќа полицијата потврди дека […]

Странските медиуми за антифашистичкиот марш во Хрватска: „Свртувањето кон десницата почна со Пленковиќ“


  Денешниот протестен марш организиран од иницијативата „Обединети против фашизмот“, кој се одржа во Загреб, Риека, Задар и Пула, е тема која ја обработуваат и странските медиуми. Францускиот „ Монд“ објавува дека неколку илјади луѓе се собрале на антифашистичкиот марш против ревизионизмот од Втората светска војна и растот на екстремно десничарските ставови во Хрватска. Во […]

(Видео) Илјадници луѓе на антифашистички марш во Загреб, млади мажи во црно во Риека, демонстранти испрскани со боја во Задар


Протестниот марш организиран од иницијативата Обединети против фашизмот започна во четири хрватски градови – Загреб, Риека, Пула и Задар во 12 часот. Колоната, која има неколку илјади учесници, тргна од плоштадот Крал Томислав кон центарот на градот со гласни извици и скандирања: „Смрт на фашизмот, љубов во соседството“. Во протестната колона во Загреб е и […]

Хрватите немаат каде да фрлат телевизори и мобилни телефони, а казните до 14.000 евра


Поради раскинувањето на договорот со овластениот собирач и рециклирач на електронски отпад, граѓаните немаат каде да фрлат мобилни телефони, компјутери, монитори и екрани, сијалици, печатачи, но и фотоволтаични панели и електронски цигари. Овој проблем трае од февруари, а кулминираше во септември, јавува Т-портал. Се поставува прашањето каде да се фрлат старите уреди, особено ако се […]

Една плата повеќе не е доволна: Секој петти Хрват има дополнителна работа


Според анкетата на услугата MojaPlata, секое петто лице во Хрватска работи дополнителна работа поради растечките трошоци за живот, а најзастапените работни места се во услужните дејности како што се келнерство, потоа превоз на патници, чистење и разни повремени физички работи. Во анкетата учествуваа 690 испитаници, а ја спроведе претходно споменатата услуга, која е дел од […]

Пленковиќ го осуди инцидентот со Србите во Сплит и се нафрли на левицата


  Откако вчера меѓу 50 и 100 маскирани млади мажи, облечени во црно, упаднаа во просториите на сплитскиот градски округ Блатина-Шкрапа, каде што, според очевидци, извикуваа „За дом спремни“, барајќи децата и младите мажи и жени од Културното друштво „Нови Сад“ веднаш да ги напуштат просториите, премиерот Андреј Пленковиќ денес одржа вонредна прес-конференција на оваа […]

Густ црн чад крај Загреб – горат автомобилски гуми


Голем пожар избувна во магацинот за гуми на компанијата „Пневматик“ во Света Недела крај Загреб, денеска околу 11 часот, а голем облак од црн чад што може да се види од голема далечина. Пожарот избувна на улицата „Д-р Фрањо Туѓман“. Пожарот го гаснат пожарникари од Света Недела, а  поради обемот на пожарот, повикани се и […]

По подолго време, Хрватска во демографски плус


 По долго време, Хрватска е во демографски плус – Централниот завод за статистика објави дека од јуни до септември годинава се родени околу 650 деца повеќе во споредба со истиот период минатата година. Демографски предизвици, стареење на населението, но и како да се обезбедат алатки за донесување одлуки што ќе ја ревитализираат демографијата – ова […]

Хрватска ги укинува рампите на автопатиштата, воведува дигитално плаќање патарина


Хрватска започнува со имплементација на нов систем за наплата на патарина, по примерот на повеќето земји од Европската Унија, кој целосно ќе ги отстрани рампите на автопатите до ноември 2026 година. Новиот систем, наречен Crolibertas, ќе овозможи целосно дигитално плаќање и патување без запирање на патарините. Официјалниот почеток на проектот е закажан за вторник, 4 […]

Хрватска ќе купи оружје за речиси 2 милијарди евра: На пописот тенкови „Леопард“, хаубици „Цезар“…


Саборскиот Одбор за одбрана на затворена седница ги одобри барањата за набавка во областа на опремување и модернизација за потребите на Вооружените сили на Хрватска, јави ХРТ.. Станува збор за четири големи набавки – систем за противдронска заштита, 420 теренски камиони, 18 самоодни хаубици и 44 тенкови „Леопард“. Вкупната вредност на набавките, што ќе бидат […]

Историчарот Класиќ: „Денес во Хрватска има поголеми усташи од самите усташи“


  Хрватскиот историчар Хрвое Класиќ вчера беше гостин во емисијата „Преглед на денот “ на телевизијата Н1, каде што, меѓу другото, коментираше за тркалезната маса одржана во парламентот на тема „Научен пристап кон истражување на жртвите од Јасеновац“, организирана од парламентарните на две крајно десничарски партии. На оваа дебата се негираше дека Јасеновац бил логор, […]

Скандалозна дебата во хрватскиот парламент: „Имињата на жртвите во Јасеновац се лажирани“


  Историската ревизија на настаните во Втората светска војна во Хрватска денеска се случи и во парламентот. Хрватските медиуми пишуваат дека на тркалезната маса тројца говорници уверувале дека во логорот Јасеновац немало масовни убиства, па дури и дека бројот на убиените бил помал од оној во Сребреница. Денешната тркалезна маса во хравсткиот парламент беше насловенакако […]