Американската и руската амбасада во Загреб се скараа за фудбал


Пласманот на хрватската фудбалска репрезентација во четврфиналето од Светското првенство, каде што за противник ја чека Русија, предизвика препирка меѓу американската и руската амбасада во Загреб. „Претпоставувам сите знаете за кого ќе навивам“, напиша на „твитер“, американскиот амбасадор Роберт Кохорст, илустрирајќи го статусот со знамињата на Хрватска и на Русија. По кратко вреем, стигна одговор. […]

Видео: Колинда Грабар-Китаровиќ славеше во соблекувалната на фудбалерите


Хрватска до зори ја славеше победата на своите фудбалери, кои по пенал-рулетот со Данска (1-1, 3-2), изборија пласман меѓу осумте најдобри на Светското првенство во Русија. Претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ допатува во Нижњи Новгород и во живо го следеше мечот, а потоа влезе во соблекувалната на фудбалерите и ги прегрнуваше, благодарејќи им за големиот успех. Во […]

Хрватска имаше среќа, за полуфинале против Русија


Хрватска се пласираше во четврт-финалето од Светското првенство во фудбал во Русија. Во драматичен меч против Данска, „коцкестите“ имаа повеќе среќа и знаење и славеа со 3-2 по пенали, а 1-1 во регуларниот дел од мечот. Натпреварот почна шокантно, уште во првата минута Јоргенсен погоди за 1-0 за Данците, а две минути подоцна, Манџукиќ погоди […]

СП 2018: Далиќ: Не смееме да бидеме задоволни со постигнатото


Хрватскиот селектор Златко Далиќ по сигурниот пласман на неговата репрезентација во осминафиналето се осврна на досегашниот тек на Светското првенство, но и на следниот предизвик – натпреварот против Данска. Далиќ нагласи дека е задоволен од играта на хрватските фудбалери, кои остварија три победи и по 20 години обезбедија пласман во нокаут фазата. Хрватскиот селектор наведе […]

Просечната нето плата во Хрватска зголемена на 843 евра


Просечната исплатена нето плата во Хрватска за април оваа година изнесуваше 6.220 куни (843 евра), што на месечно ниво е намалена за 1,2 отсто, додека на годишно ниво е зголемена за 3,8 отсто, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС). Највисока просечна месечна нето плата по вработено лице во април е исплатена во финансиските […]

Аргентина-Франција во сабота, Хрватска-Данска во недела


Фудбалерите на Аргентина успеаја да се провлечат во осминафиналето од Светското првенство во Русија откако синоќа во драматичен меч ја совладаа Нигерија со 2-1. „Гаучосите“ поведоа со голот на Меси во 14. минута, потоа погодија статива, но работите се сменија во вторито дел. Нигерија израмни од сомнителен пенал во 51. минута (Мозес), а потоа пропушти […]

Ѓоковиќ: Ајде Хрватска


Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ја поддржа хрватската фудбалска репрезентација на Светското првенство во Русија. Пред синоќешниот меч со Аргентина, популарниот Ноле, на својот инстаграм напиша: „Ајде Хрватска“. Хрватите победија со 3-0 и се пласираа во осминафиналето од првенството.

Хрватска ја демолираше Аргентина со 3-0 за осминафинале на СП


Селекцијата на Хрватска се пласираше во осминафиналето на Светското првенство во Русија откако стигна до втората победа на Мундијалот. Вечерва тие ја совладаа селекцијата на Аргентина со убедливи 3:0. Ребиќ, Модриќ и Ракитиќ постигнаа три голови за убедлива победа. Хрватите одиграа маестрален натпревар и целосно успеаја да го затворат Меси. Со оваа победа Хрватска го […]

Хрватска го поздрави договорот меѓу Македонија и Грција за името


Хрватска го поздрави договорот меѓу Македонија и Грција за името, и очекува отворање преговори за членство во Европската унија. – Министерството за надворешни работи го поздравува договорот за името меѓу Република Македонија и Грција. Хрватска очекува Македонија да отвори преговори за членство во Европската унија и да стане членка во НАТО, се вели во соопштение […]

(Фото): Хрватската убавица што го полуде фудбалскиот свет


Фотографиите на таинствената убавица во дрес од Хрватска што камерите упорно ја ловеа на мечот Хрватска – Нигерија (2-0), ги запалија љубителите на најважната споредна работа на светот. Хрватските медиуми се потрудија да ја пронајдат. Се вика Ивана Кнол, родена е во Германија, а по запишувањето на Графичкиот факултет во Загреб, се преселува во Хрватска. […]

(ВИДЕО) Силно невреме во Словенија: На паркинг пред супермаркет уништени сите автомобили


Силно невреме ги зафати вчера Словенија и источна Хрватска. А од видеата објавени на социјалните мрежи изгледа дека најтешко помина словенечкиот град Чрномељ во близина на границата со Хрватска, каде што од една видеоснимка се гледа дека на голем паркинг пред супермаркет уништени се речиси сите возила. УХМР за денеска најави невреме проследено со град […]

Нивес Целзијус ја дигна температурата пред Светското првенство


Хрватската пејачка, актерка и писателка, Нивес Целзијус (37) ја подигна атмосферата пред почетокот на Светското првенство во фудбал што ќе се одржи во Русија. Во провокативно и разголено издание, со популарните „коцкици“ на себе, им даде подршка на хрватските репрезентативци и им порача дека чека да ги види во финалето. Таа беше мажена со фудбалерот […]

Македонските одбојкари против Хрватска во полуфиналето на завршниот турнир


Македонската одбојкарска репрезентација ќе игра против Хрватска во полуфиналето на завршниот турнир во Сребрената европска лига. Турнирот ќе се одржи во Скопје во спортскиот центар „Кале“ на 15 и 16 јуни, а Македонија како домаќин имаше загарантиран пласман и резултатите во групната фаза не беа важни. Македонските одбојкари завршија на третото место во групата А […]

Нејмар по три месеци пауза се врaти со гол против Хрватска (ВИДЕО)


Бразил ја совлада Хрватска со 2:0 на денешната пријателска средба која се одигра на стадионот „Енфилд“ во Ливерпул. Во фокусот на вниманието на средбата беше Нејмар, кој по три месеци пауза заради повреда го одигра првиот натпревар. Тој влезе во вториот дел, а во 69 минута постигна атрактивен гол минувајќи со леснотија неколку играчи на […]

Велковски е нов играч на Ријека


Дарко Велковски е нов играч на фудбалскиот клуб Ријека. Велковски потпиша договор за три години со можност за продолжување за уште една година, а во Хрватска доаѓа од редовите на Вардар. Тој е и поранешен фудбалер на Работнички, а со двата тима го има освоено македонскиот шампионат. – Градот е убав, луѓето се одлични, сите […]

Хрватските новинари: Наградата за известувањето за самоубиството на Слободан Праљак е некоректно


Единаесет од вкупно 16 добитници на наградата на Хрватското новинарско здружение (ХНД) ја вратија наградата во знак на протест поради овогодинешното доделување на тоа признание за телевизиско новинарство на Ивана Петровиќ од Нова ТВ поради известување за самоубиството на генералот Слободан Праљак во Хаг за време на изрекувањето на пресудата. Во заедничката изјава тие наведуваат […]

(ВИДЕО/ФОТО) „Објект 99“: Титова вила за која знаеле само неколкумина одбрани


Вилата „Извор“, или како што ја нарекуваат локалните жители и работниците во Националниот парк Плитвице – „Објект 99“, е сместена далеку од погледите, во зафрлен дел од националниот парк и во прилично руинирана состојба, која потсетува на некогашниот сјај. При изградбата, вилата „Извор“ важела за најскапата претседателска резиденција. Градена е по Втората светска војна, од […]

Денис Куљиш за судирот во ХДЗ: Претседателката го урива Пленковиќ


Со протестите околу Истанбулската конвенција десничарското крило во ХДЗ сакаше да ја испроба својата сила и да го собори премиерот Андреј Пленковиќ. Лидер на оваа партиска опозиција во самата влада е претседателката на државата. Конвенцијата никој не ја прочита. За неа, всушност, никому не му беше грижа, нагласува еден од најпознатите хрватски новинари Денис Куљиш […]

Дачиќ: Ако Хрватска сака дипломатска војна, ќе има дипломатска војна


Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека политиката на Србија кон Хрватска во иднина ќе биде заснована на принципот на реципроцитет и дека Белград ќе возврати со иста мерка доколу Загреп одлучи да го повлече својот амбасадор. – Се надевам дека разумот ќе надвладее и дека ќе продолжиме по патот на добрососедските односи, […]

Хрватска на нозе по информациите за отворање радиостаница со српска турбофолк-музика


Од моментот кога хрватските медиуми објавија дека во Загреб ќе биде отворена радиостаница која ќе емитува новокомпонирана српска музика, реакциите не стивнуваат. Имено, во хрватската јавност со денови се полемизира за тоа дали навистина е потребно да се отвори радиостаница која ќе емитува српска турбофолк-музика или „чајка“ (навредлив хрватскиот збор за српската новокомпонирана музика), иако […]