ОЕЦД отвора пристапни преговори со шест земји, меѓу кои и Бугарија, Хрватска и Романија


Советот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) донесе одлука за започнување пристапни преговори со шест земји кандидати – Хрватска, Бугарија, Романија, Аргентина, Бразил и Перу. Одлуката за зголемување на бројот на членови е донесена по внимателно разгледување на напредокот на шестте земји од нивните први апликации за членство, соопшти ОЕЦД, организација која сега […]

Хаос во Романија, Хрватска Словенија – бројките на новозаразени вртоглаво растат


Романија постави апсолутен рекорд на нови случаи на Ковид-19 во изминатите 24 часа, објавија локалните медиуми. Група за стратешки комуникации соопшти дека бројот на нови случаи за едно деноноќие изнесува 34.255. Во земјата вчера, исто така, беше постигнат рекорд од 19.685 новозаразени. Во изминатите 24 часа се пријавени 94 смртни случаи како последица на коронавирусот.. […]

Хрватска наскоро ќе почне еднаш неделно да ги тестира учениците за коронавирус


Хрватска – Децата на школска возраст во Хрватска наскоро ќе имаат обврска секој понеделник да се тестираат на коронавирус пред да одат на училиште. Како што дознава Јутарњи лист, во тек е изработка на план предложен од Министерството за наука и образование, согласно кој тестовите би биле дистрибуирани во сите училишта во Хрватска, по што би […]

Хрватска ги советува своите граѓани да не патуваат во Украина


Хрватска– Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска им препорача на своите граѓани да избегнуваат патување во делови на Украина кои граничат со Русија и да го одложат патувањето во остатокот од земјата. – Поради влошената безбедносна ситуација во Украина и концентрацијата на вооружени сили на Руската Федерација во областите кон границата со Украина, […]

Во Хрватска уште 44 жртви на Ковид-19


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 1.831 новозаразени, а бројот на активни зинесува 57.073. Од нив 1.926 пациенти се на болничко лекување, а 198 на респиратор. Починаа уште 44 пациенти. До денеска тестирани се вкупно 4.114.212 примероци, од кои 4.315 во последното деноноќие. Досега во Хрватска од последниците на ковид-19 починаа вкупно […]

Во Хрватска за 24 часа со корона заразени над 16.700 луѓе, починаа 35 лица


Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 11.114 нови случаи на инфекција со коронавирус преку ПЦР тестирање, како и други 5.556 случаи идентификувани со брзи антигенски тестови (БАТ), така што во петокот имало вкупно 16.670 нови инфекции, додека 35 лица починаа. Како што пренесуваат хрватските медиуми, бројот на активни случаи во Хрватска денеска е […]

Хрватска со рекордни 10.427 новозаразени, починаа 45 луѓе


  Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 10.427 нови случаи со корона вирус, а бројот на активни изнесува 56.208, објави штабот. Од нив 1.796 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор се 204 пациенти. Починаа уште 45 луѓе од последиците на заразата, а вкупниот број жртви до денеска изнесува 13.257. Од почетокот […]

Од 5 септември цените во Хрватска ќе бидат во куни и во евра


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска најави дека од 5 септември годинава цените во продавниците во Хрватска ќе бидат и во куни и во евра. тој ги повика граѓаните кои дома чуваат куни да ги депонираат во банки за да може автоматски да се конвертираат во евра. Пленковиќ, претставувајќи го Предлог-законот за воведување на еврото како […]

Инфлацијата во Хрватска во декември достигна 5,5 отсто, највисока од 2008 година


Инфлацијата во Хрватска во декември минатата година е зголемена за 5,5 отсто на годишно ниво, додека во цела 2021 година е зголемена за 2,6 отсто во однос на претходната година, покажуваат денешните податоци на Државниот завод за статистика (ЦБС). Декемвриската годишна стапка на инфлација е највисока од октомври 2008 година, кога изнесуваше 5,9 отсто. Во однос на ноември, цените на стоките […]

За последните десет години Хрватска загуби 10 отсто од населението


  Хрватска има 3.888.529 жители, 1.480.423 домаќинства и 2.350.444 станови. Ова е новата слика на земјата според пописот од 2021 година, што во петокот го објави директорката на Централниот завод за статистика, Лидија Брковиќ. Според овие податоци, за десет години од последниот попис, тој во 2011 година, Хрватска загубила 396.360 жители или 9,5 отсто од […]

Хрватска со нови 8.555 нови случаи, починаа 32


  Во последните 24 часа забележани се 8.555 нови случаи заразени со корона вирус, а активни се 55.789. Од нив 1.710 пациенти се на болничко лекување, од нив 205 се на респиратор. Починаа 32 лица или вкупно досега 13.038. Од почетокот на пандемијата досега заболеле 802.745, а тестирани се 3.959.580 примероци, од кои 17.926 во […]

Резултати од Пописот: За 10 години, Хрватска има 400.000 жители помалку


  Државниот завод за статистика на Хрватска, денеска ги објави првичните резултати од Пописот, што се одржа во октомври лани, а податоците покажуваат дека во Хрватска живеат 3.888.529 луѓе. Според податоците од Пописот од 2011 година, во Хрватска живееле 4.284.889 жители. Хрватските медиуми потсетуваат дека нивната земја беше зафатена со бран иселувања по влезот во […]

Голем број на заразени со коронавирусот во хрватските училишта


Секој ден во хрватските училишта има се помалку ученици во училишните клупи и помалку наставници во одделенијата поради брзото темпо на ширење на коронавирусот што трае цела оваа недела. Според Министерството за наука и образование, вчера 9.158 ученици во Хрватска не дошле на училиште поради позитивен тест за ковид или мерка на самоизолација, а 1.580 образовни работници […]

Хрватска надмина 13.000 жртви од Ковид-19, новозаразени се 9.157


Во последните 24 часа во Хрватска со корона вирус се заразиле 9157 луѓе, а бројот на активни случаи изнесува 55.500. Од нив, 1.755 пациенти се на болничко лекување, а на респиратор 216. Починаа уште 23 пациенти, со што бројот на починати од епидемијата сега изнесува 13.006. Досега од Ковид-19 заболеа 794.190 лица, од тестирани вкупно […]

Хрватска со близу 10.000 новозаразени од Ковид-19


  Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 9.894 нови случи со зараза од од Ковид-19,а бројот на активни случаи се искачи на 53.051. Од нив 1.822 пациенти на болничко лекување, од кои 220 се на респиратор. Тестирани се 21.301 лице, што значи дека речиси секој втор тестиран е позитивен. Уделот на позитивни е […]

Најмалку една жртва во невреме во Хрватска


Во невремето што ја зафати Хрватска уништена е една стара куќа, гранки и камења ги блокираа патиштата, а ветерот предизвика сообраќајна несреќа во која камион падна во бездна при што загина возачот. Возачот на камионот загинал при пад во бездна, на делница од патот Карлобаг-Сењ кај исклучувањето за Призна, кој се случил синоќа за време на забрана […]

Хрватска воведува построги анти-ковид мерки


Во Хрватска од денеска стапуваат во сила нови антиепидемиски мерки, поради зголемениот број на заразени со Ковид-19 – воведена е обврската на работодавците да ја организираат работата од дома секогаш кога е можно, дополнително се ограничуваат собирите, а се најавува и поинтензивна контрола на угостителските објекти. Според одлуката на Националниот штаб за цивилна заштита, забранети се јавни собири и настани на […]

Во Хрватска близу 9.000 позитивни, починаа 36 пациенти, од понеделинк нови мерки


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 8.817 нови случаи на зараза со корона вирусот, а бројот на активни се искачи на 42.242. Од нив 1.820 пациенти се на болничко лекување, а 249 на респиратор. Тестирани биле 19.865 луѓе. Починаа 36 лица. Поради порастот на заразени, за што виновна е новата варијанта омикрон, […]

Во Хрватска регистрирани рекордни 9.058 нови ковид случаи, позитивни 45 отсто од тестираните


Во Хрватска се регистрирани 9.058 нови позитивни на корона вирусот, најмногу досега. Уделот на позитивни е 45 отсто, односно биле тестирани 19.975 лица. Хрватските медиуми јавуваат дека неофицијално се споменува и воведување нови мерки. Инаку, рекордот беше соборен и вчера, кога имаше 8.587 нови случаи на позитивни на корона вирусот. „Петтиот бран е веќе тука, […]

Во Хрватска речиси 6.000 новозаразени


Во Хрватска денеска има голем скок на бројот на заразени, односно регистрирани се 5.845 нови случаи со корона вирусот, а активни се 28.889. Од нив 1.817 пациенти се лекуваат во болница, а 233 се на респиратор. Починаа 46 пациенти до последиците на Ковид-19. Вкупно, од почетокот на епидемијата во Хрватска од Ковид-19 починаа 12.699 лица. […]