Ова се најбараните занимања во Хрватска


Индексот на слободни работни места OVI покажува дека најбарани занимања во Хрватска се продавач, келнер, готвач, магационер и возач. Продавач, келнер, готвач, магационер и возач и натаму се најбарани занимања, исто како и пред една година, иако сите занимања освен готвачот забележаа намалување на бројот на огласи во март и заедно придонесоа за пад на […]

Погледнете како странците го променија составот на населението во Хрватска


Според податоците на Евростат, во 2022 година 5,1 милион луѓе имигрирале во земјите на Европската унија, додека во исто време еден милион луѓе емигрирале од ЕУ на надворешни дестинации. Хрватска бележи тренд на силен пораст на бројот на имигранти, а на почетокот на минатата година секој деветти жител беше со странско потекло. Приливот на имигранти […]

Лани од хрватскиот пазар биле повлечени речиси 100 производи: Еве за која храна најчесто се работи


Врз основа на контролите на надлежните служби и инспекциите, како и констатираните неправилности, минатата година од хрватскиот пазар се повлечени 94 различни производи, што надлежните институции го сметаат за потврда за високата ефикасност на системот за безбедност на храна во Хрватска. Од Хрватската агенција за земјоделство и храна (ХАПИХ) велат дека лани најголем број вести […]

Словенија, Хрватска и Италија го поддржуваат воведувањето мешани патроли на заедничките граници


 Министрите за внатрешни работи на Словенија, Хрватска и Италија – Боштјан Поклукар, Давор Божиновиќ и Матео Пјантедоси на состанокот во Брдо кај Крањ, го поддржаа воведувањето трипартитни мешани патроли долж нивните заеднички шенгенски граници, објавија словенечките медиуми. Тие ќе истражат дали ова би можело да биде алтернатива на граничните контроли кои се во моментов. -Западнобалканската […]

Ова е новата просечна плата во Хрватска


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во правни лица на Република Хрватска за јануари 2024 година изнесува 1.239 евра, што е номинално повисока за 4,0%, а реално за 4,4% во однос на декември 2023 година. Просечната месечна бруто-плата по вработен во правни лица во Република Хрватска за јануари 2024 година изнесува 1.695 евра, што е […]

„Тие се неписмени гангстери“: Милановиќ за судиите на Уставниот суд


  Политичката ситуација во Хрватска е екстремно вжештена по објавата на претседателот Зоран Милановиќ дека ќе биде кандидат за премиер на опозициската СДП. Претставниците на владејачката ХДЗ жестоко го напаѓаат Миланови, а тој враќа уште пожестоко. По денешната одлука на Уставниот суд дека тој како претседател на државата не може да биде и на кандидатските […]

Одбиле кандидат за декан бидејќи документите ги доставил на УСБ, а не на ЦД


Кандидат кој конкурирал за декан на Професорскиот факултет во Загреб бил одбиен бидејќи документацијата не ја доставил на ЦД. На Факултетот за образование на наставници во Загреб во тек се избори за нов декан, а за местото се пријавиле пет заинтересирани кандидати. Тоа се Ватрослав Зовко, Блаженка Филипан-Жигниќ, Марио Думанчиќ, Томислав Крзнар и Тин Перков. […]

Ивермектин е итно повлечен од аптеките во Хрватска, се користеше за време на пандемијата


Лекот Ивермектин се користеше за време на пандемијата на Ковид. Хрватската агенција за лекови пишува дека сега итно се повлекува од аптеките поради нерегуларности во квалитетот поврзани со контаминација која не претставува опасност по здравјето.   Компанијата Медика, дистрибутер на кремот Soolantra (ивермектин), во соработка со Агенцијата за лекови и медицински производи на Република Хрватска, […]

Хрватска ги добива првите станици за полнење водород


Државата ќе субвенционира изградба на станици за полнење на возила со водород со неповратни 30 милиони евра, од кои 15 милиони евра ќе бидат ставени на располагање веќе оваа година, согласно одлуката за стимулации за користење на водородни возила. Планот е да се изградат шест бензински станици за автомобили и камиони на водород, чии локации […]

Хрватска гради нов гасовод, ќе се зголеми капацитетот на ЛНГ на Крк


  Работите на изградбата на гасоводот Злобин – Босиљево, долг 58 километри и вреден 155 милиони евра, се одвиваат според договорената динамика и треба да завршат во предвидениот рок, односно гасоводот да биде пуштен во употреба во 2025 година, соопшти денеска Плинакро. Како што се наведува во соопштението, во пристаништето Риека во моментов се врши […]

Банките во Хрватска ја зголемија добивката за цели 91,2 отсто


Банките во Хрватска минатата година работеа со добивка од 1,36 милијарди евра, што е за 647,2 милиони евра или 91,2 отсто повеќе од една година порано, покажуваат привремените неревидирани податоци за работењето на кредитните институции објавени од Хрватската народна банка во четвртокот. „Работењето на кредитните институции во 2023 година резултираше со добивка во износ од […]

Четири земјотреси не поголеми од 4 степени утрово во Хрватска


Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска неколку минути по 7 часот, регистрира Сеизмолошкиот завод на Србија. Ова е четврти земјотрес што од утрово е регистриран во Хрватска. Околу 05:00 часот е регистриран земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала, кој ги разбудил дури и граѓаните на Неум. […]

Просечната нето плата во Хрватска во декември изнесувала 1.191 евро


Просечната месечна нето плата во Хрватска во декември 2023 година изнесува 1.191 евро, што е номинално пониска за 1,4 отсто, а реално за 0,9 отсто во однос на ноември, објави денеска Хрватската државна служба за статистика (ДЗС). Просечната хрватска нето плата е номинално повисока за 13,9 отсто, а реално за девет отсто во однос на […]

Руски бизнисмен ја тужи Хрватска и бара отштета над 35 милиони евра


Против Република Хрватска е поднесена тужба вредна над 35 милиони евра поради заплена на јахтата „Кралска романса“ („Royal Romance“) во сопственост на компанијата „Ланелија холдингс“ (Lanelia holdings) на рускиот претприемач со недвижности Алексеј Инкин. Јахтата е блокирана во пристаништето Трогир на барање на украинското обвинителство. Тоа ја поврзува со Виктор Медведчук, моќен руски тајкун против […]

Хрватска итно повлече од пазарот женски мирис: Може да предизвика неплодност и проблеми во бременоста


Хрватскиот Државен инспекторат ги извести граѓаните во оваа земја да престанат да го користат производот што се повлекува од полиците поради хемиски ризик. Станува збор за тоалетна вода на брендот Lotus Valley Parfumes, произведена во Обединетите Арапски Емирати. Мирисот содржи содржина што може да претставува хемиски ризик. Спорната состојка е алергенот на мирисот бутилфенил метилпропион, […]

Хрватска по трет пат светски првак во ватерполо


Хрватска по трет пат во својата историја е светски шампион во ватерполо. Хрватска во финалето ја победи Италија со 15:13 по мечот пет репрезентативци и со тоа го освои светското злато. Најефикасен во хрватскиот тим беше Константин Харков со четири гола, Јерко Мариниќ Крагиќ додаде три, Рино Буриќ два, а Јосип Врлиќ и Матиас Биљака […]

Пленковиќ избегнал воен рок? Сега сака да ги праќа хрватските деца во војска


Премиерот на Хрватска и претседател на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, сака по секоја цена да воведе задолжителен воен рок, пред избори. Истиот тој Пленковиќ,  се спаси од воен рок, непосредно пред војната во Хрватска. Актуелниот премиер наполни 18 години во 1988 година. Се запишал на Правен факултет, но тогаш не било лесно да го избегне воениот […]

Во Хрватска во 2023 година родени најмал број деца од постоењето статистички мерења


 Во Хрватска минатата година се родиле најмалку деца откако постојат статистички мерења, а имало повеќе бракови, но и помалку смртни случаи, што донекаде ја подобрило негативната слика за природниот прираст, покажаа привремените податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС).  Во 2023 година имало 32.047 живородени деца или за речиси 2.000 помалку од 2022 година кога […]

Во Хрватска околу 75,5 отсто од анкетираните поддржуваат воведување воена обука


Повеќе од 75 отсто од анкетирани поддржуваат воведување каква било форма на воена обука во Хрватска, покажува најновото истражување објавено вечерва на Хрватската радио телевизија (ХРТ). И додека 75,5 отсто од анкетираните поддржуваат некаква форма на воена служба, нешто повеќе од 20 отсто од нив не поддржуваат, а четири отсто одговориле дека не знаат. Како […]

Во Хрватска лани се вработиле 13.412 работници од Македонија


Минатата година хрватското Министерство за внатрешни работи издало 172.499 дозволи за престој и работа, од кои 112.981 се издадени за нови вработувања, што значи дека Хрватска во 2023 година примила толку нови странски работници на постојан работен однос. Од вкупниот број, 40.660 биле за продолжување на дозволите, а имало 18.858 сезонски работници. Податоците од полицијата […]