Продолжува растот на цените на храната во ЕУ


По значителните поскапувања во текот 2022 година, цените на прехранбените продукти во ЕУ продолжија да растат и оваа година, при што нивниот раст забави во текот на вториот и третиот квартал, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција – Евростат.   Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во септември 2023 година, цените на маслиновото […]

Храна по рецептите на баба во Парк на „Вкуси ја традицијата“


Вино, ракија, ајвар, ѓомлезе, мед, сирење, кашкавал, пита и уште многу други македонски производи, можат да се пробаат денеска во Градски парк, во Скопје, како дел од вториот по ред национален саем за храна и пијалаци „Вкуси ја традицијата“. На саемот присуствуваат над 400 изложувачи, мали производители на храна и пијалаци што презентираат 2.000 вкусни […]

Борбата против поскапувањето на храната треба да се води со данок на неочекувана добивка, вели европарламентарката Борзан


 Данок на неочекувани добивки е една од мерките што треба да се воведат за да се потисне поскапувањето на храната, истакна во петокот во Домот на Европа европарламентарката Билјана Борзан (СДП), посочувајќи дека источните членки на ЕУ треба да соработуваат по ова прашање бидејќи тие се соочуваат со истиот проблем. „Некој прави добар профит во […]

Поскапуваат над 1.000 артикли, стартува стапката на ДДВ од 10 отсто


Од утре трговците ќе треба да ја применат новата стапка на Данокот на додадена вредност од 10 отсто, наместо најниската од пет отсто, за голем дел од прехранбените производи. Списокот што го добиле трговците, се наоѓаат и брашното, џигерот, сладоледот. потоа сите видови замрзната риба, освен осличот, пастрмката и пангата,  а 10 отсто ДДВ ќе […]

Со поддршка од МЗШВ повеќе од 70 мали производители на храна се претставија на првиот Фестивал на храната одржан во Крива Паланка


Денеска во општина Крива Паланка, токму на денот кога се прославува патронот на градот и заштитник Свети Јоаким Осоговски, се одржа манифестацијата „Фестивал на храната“. Манифестација поддржана од стана министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку Програмата за рурален развој како една од националните манифестации низ државава, за промоција на македонската храна и пијалоци произведени […]

Истражување открива: Гените се виновни за тоа дали сакаме да јадеме пржена, мрсна или слатка храна


Ако сакате да јадете банана или да пиете чаша црвено вино, тоа може да има врска со вашите гени повеќе отколку што мислите. Веќе знаеме дека нашите преференции за храна се вкоренети во нашата култура. На пример, едно истражување покажа дека културните разлики влијаат на тоа колку луѓето уживаат во изгледот, мирисот, вкусот и текстурата […]

Tомас Гринфилд: Русија води војна против светското снабдување со храна


 Русија води војна против светското снабдување со храна, изјави синоќа на седница на Советот за безбедност на ОН американската амбасадорка во ОН, Линда Томас Гринфилд, а по руските ракетни напади деновиве на пристаништата во Украина од каде се извезува жито за светските пазари.  Русија неделава одлучи да се повлече од Црноморскиот договор за жито што […]

Русија продолжува да ја користи храната како оружје на војната


Повлекувањето на Русија од договорот за жито е силен удар за снабдувањето со храна во најранливите земји во светот, изјави синоќа на брифингот Метју Милер, портпарол на Стејт департментот. Истакна дека дејствијата на Москва го ставаат во опасност глобалното снабдување со храна, додека цените на житариците растат. -Русија вчера се повлече од учеството на Црноморскиот […]

ЕУ ги укинува ограничувањата за увоз на храна од Јапонија воведени по катастрофата во Фукушима


Европската унија ги укина ограничувањата за увоз на храна од Јапонија, воведени по несреќата во нуклеарната централа Фукушима, барајќи од Токио да објави податоци за можна појава на радиоактивни материи по испуштањето на загадена вода во морето. ЕУ го ограничи увозот во 2011 година, барајќи тестирање на храна пред извоз за можна радиоактивност. Во 2021 […]

АХВ: Внимателно со храната, ако сметате дека е небезбедна, не ризикувајте – фрлете ја


Со порастот на температурите се зголемуваат и потенцијалните ризици од појава на труење со храна. Високите температури најавени неделава, како што наведуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), се потенцијална опасност и за здравјето на животните доколку за нив навреме не се преземат мерки за обезбедување доволно количини храна и вода за пиење. Според […]

Како може преку исхрана да ја обновите крвта?


Можеби ќе се изненадите кога ќе дознаете дека вашата исхрана и недостатокот на одредени витамини може да се виновни за слабокрвност. Недостатокот на одредени хранливи материи може да доведе до анемија, состојба која се јавува кога вашето тело не е во состојба да произведе доволно здрави црвени крвни зрнца. Бидејќи црвените крвни зрнца се потребни […]

Зошто никогаш не треба да прескокнувате оброци?


Ако имате навика да прескокнувате оброци, на вашето тело му недостасуваат есенцијални хранливи материи неопходни за негово правилно функционирање. Ова може да доведе до различни негативни последици, и физички и психолошки. „Редовното прескокнување на оброците може да доведе до флуктуирачки нивоа на енергија, намалена концентрација и нарушен метаболизам“, вели меѓу другото лекарот Анастасиос Микроулис за […]

Русија бара од Северна Кореја муниција во замена за храна, соопшти Белата куќа


САД имаат нови информации дека Русија настојува да набави оружје од Северна Кореја во замена за помош во храна, соопшти Белата куќа. Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби изјави дека Вашингтон е загрижен дека Пјонгјанг ќе ги поддржи воените операции на Русија против Украина. Кирби изјави и дека Русија сака да испрати […]

Европската комисија ги промени правилата за дозволеното количество арсен во храната


Европската комисија денеска усвои нови правила кои пропишуваат помали дозволени количини арсен во прехранбените производи, што е чекор во спроведувањето на европскиот план за борба против ракот со ограничување или елиминирање на канцерогените хемикалии во храната. -Денеска преземаме дополнителни мерки за натамошно намалување на ризикот од изложеност на канцерогени загадувачи од нашиот синџир на исхрана. […]

„Пари“: Колку денари треба денес за храната за која пред две години дававме илјадарка


Цените на храната не се намалуваат и покрај сите мерки на Владата за заштита на животниот стандард на населението. Граѓаните реагираат дека со секое одење во продавница се соочуваат со поскапи животни намирници. Сепак, Државниот завод за статистика евидентирал стабилизирање на цените во јануари во однос на декември и дури незначително намалување од 0,1 процент. […]

Како до поголемо и поконкурентно домашно производство на храна


Земјоделството беше еден од секторите врз кои глобалната криза и во 2022 година удри најсилно. Светот се соочи со предизвикот како да обезбеди доволно храна. Трошоците на производителите се зголемуваа, а цените на берзите растеа. Во вакви услови, кои, според експертите, се уште се неизвесни, а последиците допрва ќе се чувствуваат, за земјава беше приоритет како […]

Некои прејадени, некои гладни – третина од храната се фрла


  Глобалните климатски промени, економските проблеми, политичката нестабилност, епидемиите и конфликтите ја заострија кризата со храна ширум светот, отежнувајќи го пристапот до прехранбени продукти за стотици милиони луѓе. Војната во Украина и блокадата на извозот на жито го влоши проблемот со гладта во светот, покрај локалните воени конфликти, големите суши, прекумерното трошење на ресурсите, негрижата […]

И ракија се печеше на Првиот национален саем за храна и пијалаци во паркот во Скопје (Галерија)


Ракија во казан се печеше на сред Градскиот парк во Скопје денеска, на Првиот национален саем на храна и пијалоци. Во преполниот парк, во кој вриеше како во кошница, се месеа кори (јуфки), имаше мазници, зелници, мантии, пити, макала, бело сирење, јаболка, маџун, ракија, секој што произведува по традиоционалниот домаќински начин, беше распослан со своите […]

Зеленски: Киев е подготвен да остане гарант за светската прехранбена безбедност


Украина е решена да остане гарант за светската безбедност на храната и да продолжи да извезува жито, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на разговорот со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. – Разговарав со генералниот секретар на ОН. Ја потврдив посветеноста на Украина на договорот за жито, напиша Зеленски на Твитер. Руската армија […]

Георгиева: На глобалната криза со храна изложени 48 земји


 Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева денеска изјави дека 48 земји се изложени на глобалната криза со храна, а половина од нив се многу ранливи. Георгиева, која зборуваше на конференција во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, исто така рече дека 41 милион луѓе во арапскиот свет се изложени на несигурност во однос на […]