Што претставува ХОББ? – Се одбележува Светскиот ден на хронична опструктивна белодробна болест
Светскиот ден на хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) ќе се одбележи денеска, а целта е да се подигне свеста за значењето и социо-економскиот товар на болеста. Од Македонското респираторно здружение посочуваат дека голем број фактори ја предизвикуваат оваа болест но пред се дека тоа се аерозагадувањето и пушењето. – ХОББ е голем проблем на денешницата. […]