Македонскиот извоз на фудбалери меѓу Топ 50 во светски рамки


 Македонскиот извоз на фудбалери е меѓу Топ 50 во глобални рамки, покажува најновиот извештај на Фудбалската опсерваторија ЦИЕС. Според податоците на ЦИЕС, бројката на македонски фудбалери кои во моментов настапуваат во странство изнесува 81 и тоа е за седум помалку споредено со 2021 година. Македонските фудбалери настапуваат во 21 лига во странство, а најмногу ги […]

Македонија во топ 50 светски извозници на фудбалери


Северна Македонија е меѓу Топ 50. светски извозници на фудбалери во последните пет години, покажува најновиот извештај на Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС). Овој статистички завод, со седиште во Швајцарија, го анализираше периодот од 2020 до 2025 година. Во тој период, вкупно 182 фудбалери родени во Северна Македонија играле во странство, од кои 180 […]

Македонските фудбалери ќе продолжат во нова опрема


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на социјалните мрежи најави новина во репрезентацијата. Соработката на ФФМ со спортската опрема „Јако“ истече и според најавата фудбалерите во иднина ќе носат дресови на светски познатата компанија – Адидас. На календарот на ФФМ е прикажан „патот“ од самиот почетокот на дресот од 1993 година до последниот редизајн. Наскоро и […]

Единаесет месеци затвор за родителот, кој нападна двајца 15-годишни фудбалери на ФК Брегалница


Родителот кој на фудбалскиот натпревар меѓу младинските екипи Брегалница и Шкупи нападна двајца 15 годишни домашни фудбалери доби 11 месеци казна затвор. Портпаролот на Основниот суд –Штип и воедно судија кривичар, Сашко Георгиев денеска информираше дека кривичниот судски совет, чиј претседател е судијата Невена Перица ја има донесено пресудата за обвинетиот Авни Абгулиј од Скопје […]

Единаесет фудбалери повредени при удар на гром на фудбалски натпревар во Србија


За време на фудбалски натпревар доцна попладнево во Лозница (100 км западно од Белград) при удар на гром 11 играчи се полесно повредени. Според српски медиуми, фудбалскиот натпревар се одиграл помеѓу Раднички од Клупци и Цер од Петковица. Десет играчи на домашниот тим се полесно повредени, а играч на Цер е потешко повреден и е […]

У19: Македонските фудбалери ќе одиграат два дуели со Албанија во Корча


Македонската фудбалска репрезентација до 19 години ќе одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на Албанија. Контролните средби ќе бидат одиграни на градскиот стадион во Корча Првиот дуел е закажан за 21. март со почеток во 15. Часот, а два дена подоцна на програмата е втората контролна пресметка, која ќе започне во 12. часот. Селекторот […]

Дочек на хрватските фудбалери во центарот на Загреб


  Хрватската репрезентација, односно фудбалерите кои завршија трети на Мундијалот во Катар, попладнево ќе бидат пречекани од бројни навивачи на плоштадот „Бан Јелаќиќ“ во Загреб. Уште од пладне реки луѓе се слеваат кон центарот на Загреб. Фудбалските херои околу 17 часот слетуваат на загребскиот аеродром „Фрањо Туѓман“, а потоа по иста рута како и пред […]

Премиерлигашките капитени одлучија: Нема повеќе клекнување


Премиер лигата објави дека капитените на клубовите од највисокото ниво на англискиот фудбал се договориле да нема клекнување пред почетокот на натпреварите во новата сезона, како знак на поддршка во борбата против расизмот. Викендов стартува најдоброто и најинтересното државно клупско фудбалско натпреварување во светот, а Премиер лигата објави неколку новости во пресрет на стартот на […]

Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за баражите за СП 2022


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за натпреварите против Италија (24 март) и евентуално Португалија / Турција (29 март) од плејофот за пласман на Светското првенство во Катар 2022. На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат 27 фудбалери. Давид Бабунски од унгарски Дебрецин е повратник во најдобрата репрезентација. […]

Ужас во Бразил: Десет младинци на Фламенго загинаа во пожар


Десет членови на младата селекција на бразилскиот гигант Фламенго загинаа во пожар што изби утрово во тренинг-кампот во Рио де Жанеиро. Пожарот пламнал во 5.10 часот по локално време додека играчите спиеле во клупскиот камп. Пожарникарите ги изгаснаа пламените јазици дури по два часа. Причината за пожарот не е позната.

Видео: Колинда Грабар-Китаровиќ славеше во соблекувалната на фудбалерите


Хрватска до зори ја славеше победата на своите фудбалери, кои по пенал-рулетот со Данска (1-1, 3-2), изборија пласман меѓу осумте најдобри на Светското првенство во Русија. Претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ допатува во Нижњи Новгород и во живо го следеше мечот, а потоа влезе во соблекувалната на фудбалерите и ги прегрнуваше, благодарејќи им за големиот успех. Во […]

Реал Мадрид ќе му понуди нов договор на Роналдо


Раководството на Реал Мадрид му соопшти на Кристијано Роналдо дека многу скоро може да очекува нов договор, во кој е предвидено фудбалерот да заработува повеќе. На Роналдо по минатогодишното финале во Лигата на шампионите му беше ветено дека ќе добие нова понуда од Реал. Генералниот директор на клубот, Хозе Анхел Санчез, истакна дека платата на […]

Марсело ги откри имињата на најдобрите фудбалери со кои настапувал


Марсело ги идентификуваше најдобрите играчи со кои играл за време на неговата кариера. Бразилскиот репрезентативец од редовите на Реал Мадрид го пропушти голманот Икер Касиљас, со кого беше заедно во европскиот клупски шампион. За најдобриот тренер, со кој работел, Марсело го посочи Зинедин Зидан. Французинот беше избран и во идеалниот тим, иако Зидан и Марсело […]

Кинезите го продаваат Интер


Кинеските сопственици на еден од најголемите италијански фудбалски клубови, решија да го продадат Интер, објавија медиумите на Апенинскиот Полуостров. Сумата која ја бара кинескиот трговски гигант Сунинг е 600 милиони евра, но засега нема заинтересирана страна која би издвоила толку пари за „нероазурите“. Барањата за финансиски фер-плеј и не-учеството на Интер на европските турнири оваа […]

Меси е фудбалер на годината, Роналдо извиси


Читателите на престижниот спортски шпански весник „Марка“ го избраа Лионел Меси, за најдобар фудбалер во 2017 година. Нивниот избор е сосема изненадувачки, бидејќи весникот излегува во Мадрид и е близок до Реал. За Меси гласаа 56 отсто од читателите, додека второпласираниот Кристијано Роналдо доби само 25 отсто. Ова е втората популарна анкета, по онаа на […]