Улично дефиле и претстава „Сонот на Ерберт“ за финале на прославата 50 години јубилеј на Францускиот институт


Прославата на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје вечер ќе биде затворена со улично дефиле и претстава, насловени „Сонот на Ерберт“. Претставата е во изведбата на француската театарска трупа „Кидам“ (La Compagnie des Quidams), која има од 100 до 150 настапи годишно низ целиот свет. Настанот што го организираат Францускиот институт и фестивалот […]

Бештел: Со иновативни активности и содржини Францускиот институт подготвен за предизвиците на дигиталната ера


Францускиот институт е најстарата странска институција која што е присутна тука во Скопје и во Северна Македонија. Тоа е знак на долготрајното пријателство кое ги поврзува Франција и Северна Македонија. Нам ни припаѓа како улога таа соработка да еволуира и затоа во нашата програма насочена кон младите содржани се иновативни дигитални активности, поле каде Франција […]

Предавање „Цензурата во филмот“ во Францускиот институт во Скопје


  Предавање на тема „Цензурата во филмот“ денеска ќе се одржи во Францускиот институт во Скопје, со почеток во 17 часот. Предавач ќе биде Ив Гунен, советник за меѓународни односи во Државниот совет на Франција, а настанот ќе го отвори францускиот амбасадор во земјава, Сирил Бомгартнер. Гунен ќе говори за филмската цензура наназад низ децениите, […]

Изложба „Париз, Ла Дефанс“ на Александар Кондев во Францускиот институт во Скопје


Во просториите на Францускиот институт во Скопје поставена е изложбата на фотографии „Париз, Ла Дефанс“ на фотографот Александар Кондев. Изложбата се состои од шест фотографии и е поставена по повод одбележување на Франкофонијата. Фотографиите се реализирани во месец декември 2021 год., за време на престојот на уметникот во Париз и истите го заокружуваат циклусот фотографии […]

Седмо издание на меѓународната манифестација „Ноќ на идеите“ 2022


Францускиот институт во Скопје денеска го организира седмото издание на меѓународната манифестација „Ноќ на идеите“ 2022. Годинашното издание, кое се одржува со почеток во 19 часот во „Europe House Skopje“ и на платформата „Зум“, го носи насловот „Што по пандемијата?“, а целта е да се проговори за обновата на општествата соочени со комплексните предизвици во […]

Виртуелен Саем за студии во Франција


Францускиот институт во Скопје  соопштува дека в среда 15 декември 2021 година, од 10 до 18 часот, ќе се одржи виртуелен Саем за студии во Франција. Саемот претставува неизоставен настан за средба на македонските средношколци, студенти, универзитетски професори, кои сакаат да го продолжат своето високо образование во Франција, или пак да остварат универзитетска соработка. Ова е одлична […]

„ДеликАРТесна продавница“ во Францускиот институт


Во Францускиот институт во Скопје, вечерва, во 18 часот, ќе биде отворена изложба „ДеликАРТесна продавница“ на студентите на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет – Скопје, од катедрите за моден дизајн, графички дизајн и дизајн на ентериер. Преку оваа манифестација Францускиот институт го продолжува циклусот „ИН витрини“, во рамките на кој се претставија […]