(Видео) Уапсен францускиот спајдермен: Пак без јажиња по згради


Ален Робер, познат како „францускиот спајдермен“, денеска, без јажиња, се качи на облакодер во Париз за да помогне да се соберат пари за реновирање на прочуената катедрала „Нотр дам“. Робер (56), кој повеќе од 100 пати се качил на облакодери ширум светот, овој пат го освои врвот на зграда висока 185 метри, со редовно застанување […]

Умерен земјотрес во Франција


Земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтерова скала ја погоди Франција. Засега нема информации за настрадани луѓе или причинета материјална штета. Епицентарот на потресот се наоѓал на 59 километри од градот Бордо, соопшти Европскиот сеизмолошки центар.

Крај на дипломатската криза – Франција и Иран разменуваат амбасадори


Франција и Иран ќе разменат амбасадори по неколкумесечната дипломатска криза. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Бахри Гасеми е назначен за амбасадор на Иран во Париз, соопштија иранските власти. Во службениот весник на Франција денеска беше објавен указ за назначување на Филип Тиебо за „вонреден и ополномоштен амбасадор на Франција во Исламската Република Иран”. […]

Радикализиран француски затвореник прободе двајца чувари


Радикализиран француски затвореник предизвика вистински хаос во затвор во градот Аленкон во Франција, откако со керамичка острица нападна и повреди двајца чувари, извика: „Алаху акбар“ и се забарикадира во затворската келија. Француски специјалци и интервентна полиција повикани се во затворот во Аленкон западно од Париз, откако радикализиран исламист кој таму служи казна, предизвика хаос. Тој […]

Приведени двајца поранешни соработници на Макрон


Суд во Париз им изрече мерка притвор на двајцата поранешни членови на Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон, Александар Бенала и Винсент Крас, поради непочитување на судските правила. Бенала, кој беше задолжен за обезбедување на Макрон и неговата сопруга, и Крас беа принудени да ја напуштат Елисејската палата. откако француските медиуми објавија видео снимки на кои гледа […]

Жолтите елеци блокираа неколку француски рафинерии


Жолтите елеци денеска ги блокираа влезовите и излезите на рафинериите во градовите Донгес, Мулхаус и во Лонгвиц. Во исто време демонстрантите го блокираа сообраќајот на неколку крстосници во Донгес, палеа гуми и побараа оставка од претседателот на Франција, Емануел Макрон Демонстрациите во Донгес беа поддржани и од поединечни вработени во рафинеријата, а полицијата употреби солзавец […]

На Французите им е доста


Французите повеќе не ги поддржуваат протестите на движењето „Жолти елеци“ и сакаат тие да престанат, покажува истражување кое го објави весникот „Журнал ди диманш“. Од почетокот на протестите, „Жолтите елеци“ се повеќе ја губат поддршката од населението, и сега дури 52 отсто смета дека протестите треба да престанат. Во јануари, на пример, само 37 отсто […]

ЕУ до Италија: Го сакате ли тој тунел под Алпите или не?


Европската комисија ја повика Италија што поскоро да се изјасни дали планира да го заврши железничкиот премин кон Франција, кој поминува под Алпите. Се работи за проект кој предизвика поделба меѓу коалиционите партии во италијанската влада. Портпаролот на Европската комисија, на конференција за новинари, рече дека објаснувањето од Рим треба да стигне следните денови, со […]

ЕП ја осуди „непропорционалната“ употреба на сила од француската полиција против „жолтите елеци“


Европскиот парламент ја осуди употребата на „непропорционална” сила од страна на полицијата во протестите на „жолтите елеци“, во резолуција поттикната од француската дебата за употребата на лансирни гумени проектили за одбрана (ЛБД) за време на протестите, јави дописникот на МИА од Стразбур. Во резолуцијата, усвоена со 438 гласа, 78 против и 87 воздржани, пратениците ја […]

Австралија и Франција склучија договор за изградба на 12 подморници


Австралија и Франција потпишаа договор вреден 50 милијарди долари за изградба на 12 подморници во француските бродоградилишта за потребите на австралиската Воена морнарица, јави дописникот на МИА. Австралискиот премиер Скот Морисон го поздрави овој „многу амбициозен план” на церемонијата во Канбера, во присуство на француската министерка за вооружените сили Флоранс Парли, потсетувајќи дека тоа е […]

Карабатиќ во последната секунда и донесе бронза на Франција


Репрезентацијата на Франција го освои третото место на ракометното Светско првенство. Французите попладнево во Хернинг во малото финале ја победија Германија со 26:25. Победничкиот гол беше дело на Никола Карабатиќ во последната секунда. Германците кои првпат на Мундијалот 2019 играа надвор од својата земја, не успеаја да дојдат до бронзениот медал и покрај водството на […]

СП 2019: Хрватска ја совлада Франција и ќе игра олимписки квалификации


Репрезентацијата на Хрватска ја победи Франција со 23-20 (11-11) и го освои третото место во групата, со што обезбеди учество во квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во 2020 година. За Французите овој меч немаше големо значење, откако веќе обезбедија пласман во полуфиналето на Светското првенство. По изедначеното прво полувреме, во вториот дел Хрватите […]

Туск побара од Париз и Берлин да не ја запостават ЕУ


Белгија– Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, се надева дека француско-германската спогодба потпишана вчера нема да ја засени европската интеграција. Ангела Меркел и Емануел Макрон вчера потпишаа билатерална спогодба за соработка помеѓу нивните две земји, кои се сметаат за моторот на европската интеграција. Туск го поздрави овој договор но побара од двете земји да испратат […]

Во Франција повторно митинзи на Жолтите елеци


 Движењето Жолти елеци за денеска планира митинзи ширум Франција и покрај националната дебата покрената од претседателот Емануел Макрон. Денешниот марш на Жолти елеци ќе почне од пред парискиот Дом на инвалиди, каде се наоѓа гробот на Наполеон Бонапарта, во чест на стотиците повредени припадници на Движењето. Поради најавениот протест во Париз распоредени се околу 5.000 […]

Две новинарки нападнати при протестите на „жолтите елеци“


Две новинарки на француската држaвна телевизија Франс 2 синоќа беа нападнати од група учесници на протестот на „жолтите елеци“ на пункт за наплата на патарина кај местото Булу во јужна Франција, во близина на границата со Шпанија. Новинарките известувале од протестот, кога полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите, при што неколкумна од нив […]

„Жолти елеци ” – Мобилизацијата слабее, тензиите сè уште присутни


Според Министерството за внатрешни работи на Франција, попладнево на демонстрациите излегле околу 33.500 лица што е за, речиси, петпати повеќе во споредба со саботата сабота кога на улица излегоа околу 7.000 демонстранти. Тензии се присутни, но не и насилство какво имаше во минатиот викенд. Демонстрациите почна по пет дена мерките за зголемување на куповната моќ […]

Макрон вети зголемување на минималната месечна плата за 100 евра


Францускиот претседател Емануел Макрон вети зголемување за 100 евра на минималната месечна плата во Франција што работодавците нема да ги чини ништо. Во 13-минутен телевизиски говор, осврнувајќи се на барањата на движењето на „жолтите елеци“, францускиот претседател изјави дека прогласува „социјална и економска вонредна состојба“. Макрон, исто така, соопшти дека планираните даночни зголемувања на пензиите […]

Париз му порача на Трамп да не меша во нивните работи


Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан денеска му порача на американскиот претседател Доналд Трамп да не се меша во внатрешната политика на Франција, откако тој на Твитер ги поврза масовните протести со Парискиот договор за климата. – На Доналд Трамп му порачав, му кажа и претседателот Емануел Макрон, дека ние не учествуваме во […]

Автомеханичарот поради кој сите носат „жолти елеци“


Гислан Кутар, автомеханичар од Нарбон, стои зад идејата демонстратите во Франција да носат „жолти елеци“. Тој е изненаден од одзивот, но и од насилната реакција на полицијата. Кутар е еден од ретките луѓе кој се поврзува со таканаречените „Жолт елеци“, движење кое протестира од ноември поради новите даноци за гориво. Токму тој беше човекот , кој […]

Франција: 135 повредени, 1.385 повредени


Француската полиција на вчерашните протести уапсила 1.385 лица во целата земја, а 985 од нив се задржани на распит, соопшти министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер. Во цела Франција протестирале вкупно 125.000 лица, од кои 10.000 во Париз. Кастанер соопшти дека 118 демонстранти биле повредени, но и 17 припадници на полицијата. – Беше запрена ескалација […]