Франција ќе го ограничи поскапувањето на струјата следната година


Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер денеска изјави дека поскапувањето на струјата следната година ќе биде ограничено, јави францускиот телевизиски канал БФМ. „Зголемувањата за кои зборуваат претседателот и премиерот ќе бидат ограничени зголемувања“, рече Ле Мер, додавајќи дека Владата ќе обезбеди помош за домаќинствата кои најмалку се способни да ги платат сметките за енергија. […]

Во Франција зголемен надзор на католичките цркви на верскиот празникот Вознесение на Богородица


Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин побара од полициските префектури ширум државата да го зголемат надзорот над црквите и мисите в понеделник, на католичкиот празник Вознесение на Богородица, бидејќи се уште постои терористичка закана. „Би сакал вашето внимание да биде особено насочено за време на мисите, собирите, поворките на 15 август“, се вели во […]

Грција со два авиони ѝ помага на Франција во гаснењето на пожарите


Грција вчера испрати во Франција два авиони од типот Канадер (Canadair CL-415) за да помогнат во гаснењето на пожарите, јави дописничката на МИА од Атина. Авионите беа испратени откако француските власти преку Европскиот механизам за цивилна заштита и rescEU побараа помош за справување со големите шумски пожари, особено во југозападниот и југоисточниот дел на земјата. […]

Франција ја губи позицијата на водечки извозник на електрична енергија во Европа


Во првата половина на 2022 година, Франција беше престигната од Шведска. Германија, исто така, напредува во извозот на електрична енергија, јави дописникот на МИА. Причината е пред се колапсoт на француското производство отколку зголемување на производството во Шведска. Ова според извештајот на аналитичарот за енергетски податоци EnAppSys, објаснува зошто Франција го загуби првото место како нето […]

Франција е погодена од најлошата суша досега


Француската премиерка Елизабет Борн денеска формираше  меѓуминистерски кризен тим, кој треба да се справи со последиците од една од најлошата суша што ја погодиле земјата. – Актуелната исклучителна суша лишува многу заедници од вода и е трагедија за нашите земјоделци, нашите екосистеми и биолошката разновидност. Недостигот од дожд се влошува со последователните топлотни бранови, што […]

Франција ги укина правилата за Ковид за луѓе кои пристигнуваат во земјата


 Франција денеска ги укина правилата за влез во земјата, воведени поради пандемијата на коронавирусот, јави ДПА. Веќе не е потребно оние кои пристигнуваат во Франција од странство да имаат документ за вакцинација или негативен тест за ковид, а оние кои пристигнуваат од ЕУ да докажат дека неодамна прележалеКовид. Доколку се појават нови опасни варијанти на […]

Франција ги зголемува пензиите и социјалната помош за четири отсто


Француските пратеници синоќа гласаа за зголемување на социјалната помош и пензиите за 4 отсто во првото читање на нацрт-законот за куповна моќ.Освен пензиите, ова вклучува семејни додатоци, социјални студентски грантови. Ќе стапи на сила од 1 јули 2022 година. Левичарскиот сојуз Нов еколошки и социјален народен сојуз го критикуваше зголемувањето како помало од стапката на […]

Разорните шумски пожари се шират низ Португалија, Шпанија и Франција


Илјадници пожарникари продолжуваат да се борат со пожарите во Португалија, Шпанија и Франција, бидејќи топлотниот бран не покажува знаци на намалување, јави Би-Би-Си. Во северниот дел на Португалија, пилот загина во противпожарен авион во област во близина на границата со Шпанија. Португалските власти соопштија дека најмалку 238 лица починале од горештините во текот на изминатата […]

Пожарите продолжуваат да се шират на југозападот на Франција, изгореа 10.000 хектари


Шумските пожари во југозападна Франција денеска се проширија на речиси 10.000 хектари во провинцијата Жиронд, додека во петокот беа 7.300 хектари. Повеќе од 12.200 луѓе се евакуирани од областа до сабота наутро, а повеќе од илјада пожарникари се обидуваат да ги локализираат пожарите, се вели во соопштението на властите на провинциите Нова Аквитанија и Жиронд. […]

Гори во Шпанија, ќе биде критично во Франција и во Велика Британија


Топлотниот бран што ја зафати Југозападна Европа, веројатно ќе го достигне својот максимум денеска во Шпанија. Високите температури веќе ги разгоруваат шумските пожари на Пиринејскиот Полуостров и во Франција. Се очекува денеска да биде најтоплиот ден од овој топлотен бран, според државната метеоролошка агенција на Шпанија, АЕМЕТ. Како што соопшти АЕМЕТ, долините околу трите големи […]

Големи шумски пожари во Франција, во тек евакуација (видео)


Пожарникарите се борат против големи шумски пожари на францускиот југозападен брег на Атлантикот, затоа што сушата и топлотниот бран створија идеални услови за ширење пожари. Шумксите пожари во областите Ландирас и Тесте-ду-Буч проголтаа околу 450 хектари земја. Од Бордо можење да се види голем столб црн чад, пренесе Франс инфо. #incendie #gironde #landiras pic.twitter.com/Q5HPZEujha — […]

Странските инвеститори ќе ѝ донесат на Франција 6,7 милијарди евра


На Форумот „Изберете ја Франција“ што се одржува во замокот Версај ќе бидат презентирани странски инвестиции, што на земјата ќе и донесат 6,7 милијарди евра и 4.00 постојани вработувања. Се очекува да бидат презентирани 14 проекти, кои ќе ја потврдат атрактивноста на Франција во областа на новите технологии, придонесувајќи за нејзина Француско-италијанскиот производител на полупроводници […]

(Видео) Во гаснење голем пожар во југоисточна Франција вклучени 900 пожарникари


Стотици пожарникари, поддржани од авиони за гаснење пожари, денеска се борат со голем пожар во југоисточна Франција, што принуди евакуација на околни села. Тринаесет пожарникари се повредени во Бордезак, село каде избувна пожарот. Вкупно 18 пожарникари се повредени во неколку шумски пожари кои со денови пустошат во регионот, јавува радиото Франс Инфо. Неповолните временски услови […]

Франција сака да го ре-национализира гигантот за електрична енергија ЕДФ


Француската премиерка Елизабет Борн денеска нагласи дека Франција има намера да ја ре-национализира фирмата за електрична енергија ЕДФ со цел енергетска безбедност на државата. – Денеска ви потврдувам дека државата има намера да држи 100 проценти од капиталот на ЕДФ. Со тоа ќе му се овозможи на ЕДФ да ги зајакне своите капацитети за да […]

Француско село забрани користење вода поради суша


Село во Франција им забрани на жителите користење вода од славина за пиење или миење заби затоа што поради сушата може да стане неприкладна за човечко конзумирање. Водата од славина не смее да се пие ниту да се користи за подготвување храна за доенчиња или подготовка на сирова храна, објави општината Багремон во близина на […]

Уште еден кит виден во река во Франција


Кит долг 10 метри е виден во реката Сена во Франција, близу Ла Манш, само еден месец откако смртно заболен кит-убиец угина во истата река. Се верува дека се работи за видот „минки“, соопштија тамошните власти. Делфин Елои, раководителка на Институтот за истражување на цицачите, смета дека „ова е без преседан“, откако нејзиниот тим ги […]

Макрон објави дека има решение за Македонија


  Ројтерс само што објави вонредна вест дека францускиот претседател Емануел Макрон изјавил дека е најдено компромисно решение за спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија. Според него, решението го отвора патот кон ЕУ. Некоја минута претходно МИА објави дека Франција се обидува да договори меѓувладина конференција со Македонија, со која ќе почнат преговорите, веќе утре. […]

Франција со јасен став за абортусот


Новата претседателка на Долниот дом на францускиот парламент, за првпат жена која ќе ја извршува таа функција, енергично застана во одбрана на правото на абортус. Таа ги повика пратениците да бидат „будни“. Француското национално собрание во вторникот ја избра Жаел Брон-Пиве за претседателка на Долниот дом на својата прва седница, откако партијата на претседателот Емануел […]

Франција ги враќа заштитните маски во јавниот превоз


Франција – Французите би требало повторно да почнат да носат маски на преполни места, особено во јавниот превоз, бидејќи Франција се бори со новиот бран на заболени од Ковид-19, изјави синоќа министерката за здравство Брижит Боругињон. – Не велам дека треба да биде задолжително, но барам од народот на Франција да стави маска во јавниот превоз, […]

Франција оваа зима веројатно повторно ќе активира една електрана на јаглен


Електраната на јаглен на истокот на Франција, затворена на 31 март, би можела да биде рестартирана зимава, со оглед на ситуацијата во Украина и тензиите на енергетскиот пазар, потврди француското Министерство за енергетска транзиција. Од Министерството изјавија дека ја оставаат можноста за активирање на централата Сент Аволд на дополнителни неколку часа, доколку има потреба, за […]