Нема веќе да никнуваат фотоволтаици на најплодните ниви


Државата преку новиот предлог Закон за земјоделско земјиште воведува правила за да спречи неконтролирана урбанизација и уништување на обработливите површини. Строга забрана за поставување фотоволтаици на најквалитетното земјоделско земјиште од прва до четврта категорија, забрана за возење по ниви, строги правила за градење на земјоделски површини и задолжително враќање во правобитна состојба на државната земја […]

Левица: Фотоволтаиците открија колапс на електроенергетскиот систем


Постоечкиот електроенергетски систем не е подготвен да се справи со зголеменото производство на електрична енергија од фотоволтаици. Производството од фотоволтаици е променливо и непредвидливо, пред сѐ затоа што зависи од временските услови и од нивното управување од човечки фактор. Наместо да се направи адаптација на системот, институциите дозволија да се приклучуваат сѐ повеќе и повеќе […]

Македонија како енергетски рај: Божиновска најави 5,7 милијарди евра инвестиции во производство и складирање на електрична енергија


Владата го објави годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2026 година, кој почнува масивни инвестиции од над 5,7 милијарди евра во производство и складирање на електрична енергија. Министерката Сања Божиновска денеска на прес-конференција појасни дека планот вклучува реализација на 67 нови енергетски објекти за производство на електрична енергија со моќност од најмалку 1 […]

Минатата година над 5.000 домаќинства инсталирале фотоволтаични системи, за 20 отсто зголемени инвестициите во соларни панели


Чистата енергија не е веќе опција, туку насока. Енергијата што ја користиме денес го обликува општеството во кое ќе живееме утре, порачаа учесниците на денешниот настан „Соларен ден – чиста енергија во пракса“, што се одржа по повод одбележувањето на 26 Јануари – Меѓународниот ден на чиста енергија. Како што беше речено, економскиот раст и […]

Активирани се банкарски гаранции поради незаконско постапување при инвестирањето во фотоволтаици


Активирани се банкарски гаранции вредни вкупно 39 401 550 денари поради незаконско постапување при инвестирањето во фотоволтаици. Се работи за компаниите ЕМК ДООЕЛ – Мали хидроелектрани – Скопје, Пуцкопетрол, СБН ЕНЕРГИ увоз-извоз ДОО Кичево и Сол груп 5 ДОО Скопје, обелодени денеска министерката за енергетика Сања Божиновска. Како што истакна Божиновска на брифинг со новинарите, […]

Се зголемува прагот: Домаќинствата ќе може да поставуваат фотоволтаици до 10 киловати


Ќе се зголеми прагот за електраните на домаќинствата или потрошувачите-производители на 10 kW и ќе се скрати рокот за издавање дозволи за инсталација на кровни фотоволтаици. Прв пат во законската регулатива се предлага воведување законски рок за административната постапка за издавање дозволи за поставување кровни фотоволтаици за потрошувач – производител. Ова го предвидуваат измените и […]

Инсталираната моќност на фотоволтаиците во државата ја надмина онаа на хидроцентралите


Повеќе од половина од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори (55,72%) – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2024 година на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Во извештајот се регистрира за прв пат поголема инсталирана моќност на фотонапонските електроцентрали (28,40%) во споредба со […]

Општина Гази Баба доделува субвенции за сончеви термални колектори


Општина Гази Баба објави Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Гази Баба за набавка и вградување на сончеви термални колектори. Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на општина Гази Баба кои имаат купено и вградено сончеви термални колекторски системи во својот дом во периодот од […]

Вонреден состанок на Божиновска и Бислимовски: МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем за 1 Мај


По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа применети од страна на операторот на електропреносниот систем МЕПСО и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за време на велигденските празници, со цел да се обезбеди стабилен и сигурен електроенергетски систем, соопшти Министерството […]

ЕК лансира иницијатива за поддршка на локални иновативни трансформациски политики ширум Европа


 Европската комисија денеска ја лансира иницијативата „Иновација за локална трансформација“, која има за цел поддршка на иновативните трансформациски политики во околу 200 области ширум Европа, вклучително и во Северна Македонија.   – Оваа иницијатива има за цел да ја подобри нивната конкурентност и да ги подготви за идните предизвици. Со неа се опфатени неколку влади […]

Општина Карпош: Сите основни училишта добиваат фотоволтаични системи


Општина Карпош информира дека континуирано работи на зголемување на енергетската ефикасност и искористувањето на обновливи извори на енергија на својата територија, водејќи грижа за комфорот и условите за престој на децата во детските градинки и основните училишта. Во таа насока, минатиот викенд започна поставувањето на фотоволтаични панели во општинските основни училишта „Војдан Чернодрински“ и „Владо […]

Измама со фотоволтаици: Гостиварец изгубил 200.000 евра


Граѓанин од гостиварско пријавил во СВР Тетово дека бил измамен за 200.000 евра во инвестиција поврзана со изградба на фотоволтаици. Според неговата пријава, 58-годишниот оштетен во текот на 2023 година ги уплатил средствата во Хрватска, Шпанија и Германија, со договор дека и другите инвеститори ќе вложат дополнителни 50 милиони евра во заедничкиот проект. Според пријавата […]

Шест основни училишта во Битола добија фотоволтаици


Општина Битола ја заврши реализацијата на проектот „Сончеви училишта“, преку кој беа поставени фотоволтаици на шест основни училишта во градот и населени места. Проектот „Сончеви училишта“ ги поддржува училиштата, а со тоа и локалната заедница во справување со климатските промени, обезбедувајќи енергетска безбедност и промовирајќи фер зелена транзиција, соопштија од Општина Битола. Во наредниот период […]

Нова донација од ОКТА: Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во Велес доби соларна централа


ОКТА АД – Скопје ја реализираше првата од трите донации на фотоволтаични централи наменети за образовни институции во земјава, планирани за оваа година, соопшти компанијата. Со оваа најнова донација од ОКТА, основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Велес доби соларна централа со инсталирана моќност од 16,1 kW (киловати), поставена на покривот на училиштето. Централата […]

Потпишан договор за европски грант, 50-тина училишта ќе добијат соларни фотоволтаични системи


Педесетина училишта во државава ќе ја подобрат енергетската ефикасност преку инсталирање соларни фотоволтаични системи, за што, денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска и вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа, Томас Бошек потпишаа договор за неповратен грант вреден 1,1 милион евра.  – Училиштата ќе ја заменат енергијата базирана на фосилни горива […]

Уште две основни училишта во Карпош добија фотоволтаични системи


По поставувањето на фотоволтаични системи во ООУ „ Јан Амос Коменски“ и „Лазо Трповски “, општина Карпош продолжи со поставување на исти такви и во основните училишта „Димо Хаџи Димов„ и „Петар Поп Арсов“, како дел од планот за поставување на вакви фотоволтаични централи во сите основни училишта на територијата на локалната самоуправа. Градоначалникот Стевчо […]

Поставени фотоволтаици на пет јавни институции во Крива Паланка


Пет јавни општински институции во Крива Паланка добија фотоволтаични панели кои се поставени на објектите со цел самоодржливост на објектите преку енергетска ефикасност и користење обновливи извори на енергија. -Поставени се фотоволтаични панели на пет јавни институции во градот, инвестиција вредна 103.000 евра во рамки на проектот „Зелена енергија за јавни институции“. Општина Крива Паланка […]

Кавадарци меѓу првите општини со фотонапонски панели на јавните општински објекти


Општина Кавадарци е една од првите општини  во државата, која во 2022 година постави фотонапонски панели на сите јавни општински објекти со вкупна инсталирана моќ од 19,2 киловати на час. За ова попладнево информираа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев Во Кавадарци за првпат се реализира ваков иновативен проект со кој се придонесе кон заштита […]

Две училишта и детска градинка од Карпош користат енергија од фотоволтаици


Денеска беше пуштен во употреба првиот фотоволтаичен систем за добивање електрична енергија, кој е поставен во основното училиште „Јан Амос Коменски“, во населбата Тафталиџе 1. -Локалната самоуправа продолжува да работи на подобрување на енергетската ефикасност и независност, поставувајќи две фотоволтаични системи со моќност од 25 Kw, поточно во училиштата „Јан Амос Коменски“ и „Лазо Трповски“. […]

Со грант од Шпанија ќе се прави студија за пловечки фотоволтаици – да не поскапи водата за наводнување


Со грант вреден 765.158 евра од Кралството Шпанија, земјава ќе изготувува студија за поставување пловечки фотоволтаици. Целта е да се намалат трошоците за струја на АД „Водостопанство“ за пумпните станици и да не се дозволи да дојде до поскапување на водата за наводнување што ја користат земјоделците. Договорот за грантот го потпишаа денеска министерот за […]