Хамилтон и Окон ќе стартуваат од боксот на Големата награда на Азербејџан


Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон и Естебан Окон од Алпин ќе стартуваат од боксот поради промена на моторот на трката за Големата награда на Азербејџан во Формула 1, објавено е денеска на официјалната веб-страница на натпреварувањето. Хамилтон вчерашните официјални квалификации ги заврши на седмото место, но поради промената на погонската единица ќе мора да стартува […]

Пјастри победи на трката за ГН на Унгарија и ја забележа првата победа во Формула 1


Оскар Пјастри ја забележа првата победа во Формула 1 откако Австралиецот триумфираше на трката за ГН на Унгарија. Дваесет и три годишниот возач на Мекларен стартуваше втор, но веќе на стартот се справи со својот тимски колега Ландо Норис и излезе на чело на колоната. На крајот од трката, со Норис во водство, од боксот […]

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1


 Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1, изјави тајландскиот премиер Срета Тависин, кој денеска оствари средба со шефот на Ф1, Стефано Доменикали. „Тајланд има капацитет да биде домаќин на Формула 1 во Бангкок“, напиша шефот на владата на социјалната мреќа Икс, по разговорите во Бангкок. „Ако го направиме тоа, сигурен сум дека […]

Нов скандал во Формула 1 – претседателот на ФИА под истрага за манипулација со резултати


Нов скандал го тресе светот на Формула 1. Овој пат во центарот на скандалот е претседателот на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), Мохамед бин Сулејем, против кого се води истрага за манипулации со резултати во сезоната 2023, информираат светските медиуми. Според „Би-Би-Си Спорт“, повикувајќи се на анонимен извор од ФИА, Бин Сулејем имал директно влијание врз […]

Стигна официјалната потврда за еден од најспектакуларните трансфери во историјата на Формула 1


Од 2025 година Луис Хамилтон ќе вози за Ферари! Веста која како молња се прошири низ автомобилскиот свет овој четврток вечерта доби официјална потврда. Седумкратниот светски шампион оваа сезона сепак ќе вози болид на Мерцедес, а потоа ќе се пресели во најпознатиот тим во историјата на овој спорт. „Одлуката да го напуштам Мерцедес е една […]

Формула 1: Пол-позицијата во Мексико за Леклер


Возачот на Ферари, Шарл Леклер ја освои пол-позицијата за трката во Формула 1 за Големата награда на Мексико. Во квалификациите одржани синоќа доминацијата на Ферари ја потврди Карлос Сајнц. Од првите 10 позиции ќе стартуваат: 1. Шарл Леклер (Ферари) 2. Карлос Саинс (Ферари) 3. Макс Ферстапен (Ред Бул) 4. Даниел Рикардо (Алфа Таури) 5. Серхио […]

Додека трепнеш и готово е: Мекларен постави нов рекорд во пит-стоп во Формула 1, само 1,8 секунди (видео)


Тимот на Мекларен постави Формула 1 рекорд за најбрз пит-стоп. Механичарите на Мекларен го сервисираа Ландо Норис на Големата награда на Катар за 1,8 секунди. – Нов светски рекорд! Ова е доказ за неуморниот тренинг и напорната работа на нашиот одличен тим на механичари. Честитки тим! 🥇👏“, напиша извршниот директор на Мекларен, Зак Браун. Fastest […]

Ред Бул не успеа да победи за прв пат во 2023 година, прекинувајќи ја рекордната серија од 15 последователни први места


Тимот на Ред Бул не успеа да победи за прв пат во сезоната 2023 во Формула 1 шампионатот. На крајот од Големата награда на Сингапур, најдобриот резултат на тимот го покажа Макс Верстапен, кој заврши на петтото место. Другиот возач на Ред Бул, Серхио Перез, заврши на осмото место. Победничката серија на Ред Бул траеше […]

Верстапен победи во Монца и постави рекорд во Формула 1


Холандскиот возач во болидот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја забележа денеска рекордната 10. победа во серија во Формула 1, триумфирајќи на патеката во Монца за Големата награда на Италија. За Верстапен ова е 12 победа оваа сезона и вкупно 47 во кариерата, со која ја зголеми предноста во генералниот пласман. Триумфот на Верстапен, воедно, […]

Ферстапен супериорно триумфираше на Големата награда на Монако


Актуелниот светски првак Макс Ферстапен во доминантен стил триумфираше на денешната трка во Формула 1 која по дождливо време се возеше низ улиците во Монако. Ферстапен ја стартуваше трката за Големата награда на Монако од пол позицијата и постојано беше во водство, минувајќи прв низ целта пред Фернандо Алонсо од Астон Мартин. На подиумот како […]

Вицепремиерот на Италија повика на одложување на Формула 1 трката поради поплави


Матео Салвини, заменикот на италијанскиот премиер, побара одложување на Формула 1 трката планирана за претстојниот викенд. Причината за потегот на Салвини се поплавите во регионот Емилија Ромања предизвикани од силниот дожд. Властите ја евакуираа патеката и ги предупредија Ф1 тимовите да се држат настрана од Имола, а сега се водат разговори со цел да се […]

Ферари го претстави новиот болид


  Италијанската екипа Ферари го претстави денеска својот нов болид „SF-23“ со кој ќе се обиде во новата сезона во Формула 1 да му биде конкурентен на Ред Бул. Презентацијата на новиот болид беше организирана во базата на италијанскиот тим во Маранело со концерт и во присуство на голем број навивачи на Ферари. За Ферари во претстојната сезона […]

Хамилтон: Големата награда на Лас Вегас ќе биде една од најдобрите во Ф1, ако не и најдобра


  Луис Хамилтон има големи надежи за Големата награда на Лас Вегас. Првата трка ќе се одржи во 2023 година и ќе биде трета Формула 1 настан во земјата заедно со ГН на САД и Мајами. – Не се сомневам дека организаторите ќе се подготват одлично. Трката ќе биде апсолутно неверојатна. Без сомнение, патеката можеби, […]

Верстапен победи во Сузука и ја обезбеди титулата во Формула 1


  Холандскиот возач на Ред Бул, Макс Верстапен, претпладнево го освои првото место на јапонското Гран при и по 18-тата трка од Светскиот шампионат во Формула 1 во 2022 година ја обезбеди титулата. Втор на целта мина пилотот на тимот на Ферари, Шарл Леклер. На третото место е Мексиканецот Серхио Перез од Ред Бул. Поради […]

Порше се откажа од влез во Формула 1


  Германската автомобилска компанија Порше се откажа од идејата да учествува во Формула 1 како снабдувач на мотори. Првично, Порше сакаше да купи 50 проценти од Ред Бул. Сепак, преговорите не завршија успешно. Според „Auto-Motor-und-Sport“, Порше одлучи да не бара партнери за алтернативен договор и го ограничи својот план да се натпреварува во Формула 1 […]

Леклер победи на aвстриското ГП


Возачот на Ферари, Шарл Леклерк победи на денешната трка од шампионатот во Формула 1 возена за Големата награда на Австрија. Втор беше Макс Верстапен од Ред Бул, додека третот место го освои возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон. Серхио Перез од Ред Бул, Николас Латифи од Вилијамс и Карлос Сајнц од Ферари не успеаја да ја […]

Формула 1 останува во Мелбурн до 2035. година


Големата награда (ГН) на Австралија ќе продолжи да се одржува во Мелбурн до 2035 година, предвидува новиот десетгодишен договор што денеска го објави промоторот на трката. – Оваа трка секогаш беше една од најомилените на навивачите, возачите и екипите. Мелбурн е неверојатен и динамичен град, кој совршено одговара на нашиот спорт, изјави извршниот директор на Формула 1, Стефано […]

Верстапен победи на Големата награда на Азербејџан


Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на денешната трка од шампионатот во Формула 1 возена во Баку за Големата награда на Азербејџан. Второто место му припадна на тимскиот колега од Верстапен, Серхио Перез, кој исто така доби и дополнителен поен за најбрз круг на трката. Место на победничкиот подиум си обезбеди и Џорџ Расел […]

Серхио Перез победи на трката за Големата награда на Монако


Возачот на Ред Бул, Серхио Перез победи на седмата трка од шампионатот во Формула 1, возена попладнево за Големата награда на Монако. Шпанецот од Ферари, Карлос Саинц го освои второто место, додека Холанѓанецот Макс Верстапен од Ред Бул, кој е актуелен светски шампион од Ред Бул, заврши на третото место. Бодови освоија уште и: Шарл […]

Перез: Би ја напуштил Формула 1 доколку ме сметаат за втор возач


Возачот на Ред Бул, Серхио Перез смета дека нема прв и втор возач во тимот, туку дека тој и Макс Верстапен имаат ист третман. – Би ја напуштил Формула 1 доколку ме сметаат за втор возач на тимот. Тоа би било непочитување кон мојата кариера. Возам во Формула 1 затоа што знам дека можам да […]