Уништени се подводните фонтани во Вардар – Градот бара решение


Двете фонтаните во реката Вардар, кои требаше да прават водоскоци покрај Камениот мост, високи и по 20 метри, и да бидат осветлени во боите на виножитото, одамна се надвор од функција, а од Град Скопје потврдуваат дека нивниот систем е сериозно нарушен. „Во однос на подводните фонтани во коритото на Вардар, сакаме да информираме дека […]

Се уредуваат парковите и се чистат фонтаните во Аеродром


Во тек е пролетна за акција за уредување на парковите и чистење на фонтаните во Аеродром. – Првите денови во Аеродром се денови за пролетно уредување на општината кое опфаќа уредување на парковите и подготовка на фонтаните за пролетната сезона. Акцијата спроведена од страна на општинските служби во Аеродром изминатите денови опфати чистење, уредување и […]

Милано ги затвора фонтаните поради суша


Поради долготрајната суша на северот на Италија, градското подрачје на Милано сака да исклучи некои од своите фонтани, пишува во саботата германската агенција ДПА. Градоначалникот на Милано, Бепе Сала, во саботата на Фејсбук напиша дека исклучувањето нема да важи за фонтаните што содржат растенија и животни. Поради претстојниот топлотен бран ќе продолжат да работат и […]

Се подготвуваат за пуштање фонтаните во Аеродром


Општина Аеродром деновиве ги подготвува фонтаните во сите паркови за нивно пролетно пуштање во употреба. Наскоро вода ќе бликне во фонтаната „Тоше Проески“ во Ново Лисиче, како и во парковите „Јане Сандански“, Паркот на езерата, Паркот на светлината, паркот „Бановина“, паркот „Авион“, паркот „Бојмија“, како и од други фонтани низ целата територија. Службите интензивно работат […]

Фонтаните спроти „Скопјанка“ не работат


Фонтаните спроти трговскиот центар „Скопјанка“ нема да работат летово затоа што нема кој да ги одржува. Фонтаните, кои го означуваат влезот во општината Аеродром, воопшто не проработеа летово, а општинарите најавуваат дека во функција ќе бидат од пролет. „Тендерот за избор на фирма која ќе ги одржува беше поништен, а во моментов во тек е […]

„Водовод“ ќе ги земе фонтаните, ама од следната година


„Водовод и канализација“ ќе ги одржува фонтаните во Скопје, ама од идната година. Дотогаш обврската ќе ја дели со друга фирма, која ќе биде избрана на тендерот што минатата недела го распиша Градот Скопје. Градоначалникот Петре Шилегов неодамна најави дека градските власти веќе не планираат да плаќаат високи суми на фирми за да се грижат […]

Во Белград ќе се градат 54 фонтани и ќе се подигнуваат споменици


Во следните неколку години во Белград ќе бидат изградени 54 фонтани и секоја од нив ќе претставува мало уметничко дело, изјави денеска менаџерот на градот Белград, Горан Весиќ. – Фонтаните ќе имаат неправилен облик и ќе бидат поставени во парковите, на платоа, на плоштади, крстосници… Некои ќе бидат мали, а некои ќе чинат 10.000, 20.000 […]