Пандев суспендиран на еден натпревар


Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев е казнет со еден натпревар суспензија поради црвениот картон, кој викендов го доби на мечот против Фиорентина. Дисциплинската комисија на Серија А го санкционираше Пандев за опасниот старт со две нозе врз играчот на Фиорентина. Тој нема да настапи на последното гостување за Џенова во сабота против Беневенто, […]

Фиорентина се прости од капитенот Давиде Астори


Во траорна атмосфера на стадионот „Артемио Франки“ во Фиренца, играчите и навивачите на Фиорентина се простија од капитенот Давиде Астори, кој ненадејно почина пред една седмица. Пред натпреварот против Беневенто, прв по смртта на фудбалерот, се беше во знакот на Астори. Беа пуштени балони, а во негова чест играчите на двете екипи излегоа во дресови со бројот 13. Навивачите направија кореографија на трибините и беа испратени пораки дека засекогаш […]

Истрага за убиство од небрежност на фудбалерот на Фиорентина


Јавноста во Италија е повторно во шок откако Обвинителството реши да отвори истрага за смртта на 31-годишниот Давиде Астори, капитен на фудбалскиот клуб Фиорентина, кој почина во сон ноќта спроти неделата во хотелска соба во Удине, каде неговиот тим беше во карантин пред мечот со Удинезе. „Отворивме истрага против непознат сторител поради сомневање за убиство […]

Навивачите на Фиорентина се збогуваат со капитенот


„Чао, капитену“! Тоа е само еден од транспарентите на навивачите на Фиреонтина посветени на нивниот миленик Давиде Астори. Триесет и едногодишниот фудбалер почина ноќта спроти неделата во хотелска соба во Удине каде што го чекаше натпревар против Удинезе. Навивачите на составот од Фиренца, неделата ја минаа пред стадионот „Артемио Франки“. И утрово доаѓаат таму, се […]

Почина капитенот на Фиорентина


Италијанскиот фудбалер Давиде Астори почина утрово на 31-годишна возраст, објави неговиот клуб Фиорентина. Капитенот на тимот од Фиренца не се разбудил од сон во хотелот во Удине, каде што Фиорентина требаше да го одигра натпреварот со Удинезе. Италијанските медиуми пишуваат дека Астори имал срцев удар. Астори, кој има 14 натпревари за националниот тим на Италија, […]