Цената на струјата во Финска отиде во минус


Само во понеделникот цената на киловат час струја во Финска се движеше од -0,013 до 2,99 евра или во просек 0,54 евра. Вакво сценарио е во игра секојдневно од средината на минатата недела, кога цената на киловатите за првпат отиде во минус на пазарот на електрична енергија во таа земја. Експертот за енергетика Милош Здравковиќ, […]

Се урна пешачки мост во Финска – повредени 27 малолетници


  При уривање на привремен пешачки мост во финскиот град Еспо повредени се 27 малолетни лица. Десетмина од повредените се во тешка здравствена состојба. Најголем дел од повредените се осмоодделенци. Според очевидци, на градилиштето бил изграден пешачки мост кој води до еден од трговските центри. 🔴 Espoon sillan romahduksessa loukkaantui noin 27 nuoren koululaisryhmä – […]

Во Финска почна со работа најголемиот нуклеарен реактор во Европа


 Во Финска денеска почна со работа најголемиот нуклеарен реактор „Олкилуото 3“ (ОЛ3) во Европа, со што ќе се осигури енергетската безбедност што беше нарушена откако Русија во мај минатата година престана да доставува гас и електрична енергија. Операторот на ОЛ3, „Теолисуден воима“ (ТВО) соопшти дека очекува новиот нуклеарен реактор да задоволува околу 14 отсто од финската побарувачка за електрична […]

Финска почна да гради ограда на границата со Русија


 Финска почна со изградба на ограда од бодликава жица долж границата со Русија за да ја намали илегалната миграција. Изградбата почна југоисточно од градот Иматра, кој брои околу 25.000 жители. Финска има 1.340 километри граница со Русија. Изградбата на оградата е иницијатива на граничната полиција, одобрена од владата на Сана Марин. Оградата ќе биде висока […]

Амбасадата на Финска во Москва добила три писма со прав


 Амбасадата на Финска во Москва го контактираше руското Министерство за надворешни работи окако добила три писма со прав. Билатералните односи помеѓу Москва и Хелсинки се влошија откако Финска на 4 април стана членка на НАТО. Финска дели долга копнена граница со Русија. 

Кремљ се заканува по приемот на Финска во НАТО: Принудени сме да преземеме контрамерки


Од Москва рекоа дека приемот на Финска во НАТО денеска ќе го принуди Кремљ да преземе конкретни контрамерки и дека тоа е директно навлегување во безбедноста на Русија. „Кремљ смета дека ова е уште една ескалација на ситуацијата, дека проширувањето на НАТО е навлегување во нашата безбедност, интересите на Руската Федерација. Токму така го перципираме. […]

Сана Марин претрпе пораз на изборите во Финска


  Премиерката на Финска, Сана Марин, ја загуби битката да остане на власт откако нејзината централно-левичарска Социјалдемократска партија (СДП) беше тесно победена и го освои третото место на изборите зад нејзините конзервативни и екстремно десничарски ривали. Резултатите од изборите се неверојатно тесни – со сите пребројани гласови во неделата, десничарската партија Национална коалиција (НЦП) освои […]

Избори во Финска: Сана Марин во тесна трка да остане на власт


  Четири години откако стана најмладата премиерка на светот, Сана Марин од Финска се соочува со тешка битка да ја задржи својата работа во недела на непредвидливи избори, толку тесни што би можеле да ги добие која било од трите главни партии во земјата. Марин, кој сега има 37 години, ги презеде уздите на Социјалдемократската […]

Столтенберг: Финска ќе влезе во НАТО во наредните денови


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Финска ќе и се приклучи на Алијансата во рок од неколку дена по одлуката на Турција да ја ратификува нејзината апликација. – Сите 30 сојузници на НАТО сега го ратификуваа Протоколот за пристапување. Финска формално ќе се приклучи на нашиот сојуз во наредните денови, рече Столтенберг. Турскиот Парламент вчера ја одобри […]

Парламентот на Унгарија го одобри влезот на Финска во НАТО


Парламентот на Унгарија на денешната седница гласаше за ратификација на членството на Финска во НАТО, со што се направи важен чекор кон влезот на оваа земја во воено-политичкиот сојуз. По неколку одложувања, унгарските претставници денеска ја започнаа дискусијата за прием на Финска во НАТО. По неколкучасовна дискусија, политичарите пристапија кон гласање и го усвоија предлогот […]

Турција се согласи Финска да влезе во НАТО, објави Ердоган


  Турција одлучи да го започне процесот на ратификација на пристапот на Финска во НАТО, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на прес-конференција во петокот во Анкара. „Одлучивме да го започнеме парламентарниот процес на ратификација на протоколот за пристапување на Финска во НАТО“, рече Ердоган. Финска и Шведска ја објавија својата намера да се приклучат […]

Претседателот на Финска утре во посета на Турција заради разговори за членството во НАТО


Финскиот претседател Саули Ниинисто утре и задутре ќе престојува во Турција, каде ќе се сретне со турскиот претседател Таип Ердоган за да разговара за членството во НАТО и други прашања, соопшти денеска кабинетот на финскиот претседател. Претходно денеска, спорад двајца претеставници на турските власти, официјална Анкара планира да ја одобри кандидатурата на Финска за НАТО […]

Во Финска усвоен закон кој го забрзува патот кон НАТО


Финскиот Парламент денеска го усвои законот со кој на таа земја и се овозможува да стане членка на НАТО независно од Шведска, односно двете земји да не мора истовремено да станат членки на Алијансата. Усвојувањето на овој закон не значи дека Финска автоматски ќе влезе во НАТО кога Турција и Унгарија ќе го ратификуваат нејзиниот […]

Унгарија одново ја одложува ратификацијата на членството на Шведска и Финска во НАТО


Шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан сигнализираше во саботата ново одложување на ратификацијата на членството на Финска и Шведска во НАТО во унгарскиот парламент и најави дека гласањето би можело да се одржи во втората половина на март. Шведска и Финска по децениската тесна соработка со НАТО и покрај декларираната воена неутралност ја […]

Бербок: Финска и Шведска треба заедно да влезат во НАТО


 Партнерите во НАТО треба брзо да го спроведат договорот за прием на Шведска и Финска заедно во Алијансата, изјави денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок. Бербок истакна дека Шведска презела видливи чекори за да ја смири загриженоста на Турција за нејзиното присоединување. „Беше правилно и важно што (Шведска) одговори на загриженоста на Турција, […]

Финскиот претседател верува дека Финска и Шведска ќе влезат во НАТО до лето


Финскиот претседател, Саули Нинисте, денеска изјави дека верува оти Финска и Шведска ќе бидат примени во НАТО во јули и посочи дека сака САД да ја притиснат Турција да ги одобри барањата за членство што ги поднесоа две држави. Нинисте изјави дека доколку се пролонгира решавањето на проблемот, ќе се доведе во прашање целиот процес […]

Турција не дозволува влез на Шведска во НАТО: Финската премиерка денеска во Шведска


Премиерите на земјите кандидати за НАТО Шведска и Финска денеска треба да се сретнат Стокхолм, еден ден откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Хелсинки може да добие зелено светло од Анкара, но не и Стокхолм за влез во Алијансата. Финската премиерка Сана Марин е првата шефица на влада што ќе биде примена од […]

САД очекуваат брзо решение за стопираните разговори за влез на Шведска и Финска во НАТО


  -Прекинатиот дијалог меѓу Анкара од една и Шведска и Финска од друга страна за влезот на овие две скандинавски земји во НАТО треба да продолжи и САД очекуваат брзо решение, изјави денеска Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност на Белата куќа.   Дијалогот е прекинат откако министерот за надворешни работи на Турцијa, Мевлет […]

Новиот шеф на руската војска најави дека праќаат корпус на границата со Финска


  Новата руска воена реформа е одговор на можноста за ширење на НАТО и „колективниот Запад“ на користење на Украина во хибридната војна против Русија, рече новоименуваниот началник на главниот штаб на руската војска Валериј Герасимов во првото јавно обраќање. Путин, кон средината на јануари одобри воена реформа и таа може да се прилагодува да […]

Финска: Мора да размислиме за влез во НАТО без Шведска


Финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто изјави дека Хелсинки мора да размисли за влез во НАТО без Шведска, откако Турција соопшти дека нема да го поддржи влезот на Шведска во Алијансата. Турција е лута по протестот пред турската Амбасада во Стокхолм каде, меѓу другото, беше запален куран. Хависто сепак додаде дека заедничкиот пристап е […]