За седум месеци, во Буџетот прибрани 53,9 отсто од планираните приходи


Приходите во Буџетот од почетокот на годината се прибираат согласно планот и со раст во споредба со претходната година, соопшти Министерството за финансии. Истовремено и на расходната страна се исплаќаат обврските согласно планираното. Податоците за реализација на Буџетот за 2026 година на заклучно со 31 јули 2026 година покажуваат дека вкупните приходи се реализирани во […]

Димитриеска-Кочоска: Правиме чекори за да го зајакнеме пазарот на капитал и даваме шанса на компаниите полесно да дојдат до капитал


Министерството за финансии вложува напори да создаде услови за пазарот на капитал, како еден вид мотор на економијата, да работи посилно и постабилно. Тој е извор на енергија за компаниите што сакаат да растат, да иновираат и да отворат нови работни места, затоа нашата цел е да создадеме современ, транспарентен и конкурентен пазар кој ќе ги […]

Димитриеска-Кочоска: Раст на повратот на ДДВ кон компаниите, во тек е постапката и за поврат на солидарниот данок


Повратот на ДДВ кон стопанството се враќа што се евидентира преку податоците на трезорот на Министерството за финансии, а во тек е и процесот за поврат на солидарниот данок кон компаниите кои го уплатија по основ на законско решение. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во ТВ 21. „Податоците јасно кажуваат […]

Петте најчести прашања за финансиите што ги добива Чет џи-пи-ти


Вештачката интелигенција сега може да служи како бесплатен финансиски советник за некои луѓе. Особено на оние кои барем еднаш дневно се прашуваат како да добијат повеќе пари. Кои се петте економски прашања кои ChatGPT ги добива најчесто од корисниците? А Chat GPT вели: „Најчестите економски прашања што ми се поставуваат обично се однесуваат на“: Инвестиции […]

Митева: Црвениот крст им префрли по 150.000 денари на сите семејства со пациенти во странство


Нема потреба од формирање посебни фондови, од повикување на граѓаните да донираат директно на семејствата кои имаат пациенти во странски држави, затоа што државата им плаќа сѐ, вели портпаролката на Владата, Марија Митева.  Дополнително, веќе се знае дека лекувањето на пациентите во сите држави кои ги презедоа е на сметка на Европската унија преку механизмот […]

Ниту сум потпишала, ниту има некаков договор за вработувања по етничка припадност, вели министерката за финансии


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска ги отфрли како неточни информациите дека наводно имало некаков договор за вработување 2 000 – 3 000 Албанци во јавната адинистрација.  -Не знам кој што изјавил. Знаете како оди издавањето согласности за вработување. Секоја согласност се издава врз основа на годишен план за вработување донесен претходната година. Годишните планови […]

Влада: Со закон ќе се регулира специјалната финансиска соработка со Унгарија


 Владата на денешната седница го задолжила Министерството за финансии да изготви Закон со кој ќе се регулира специјалната финансиска соработка со Унгарија за обезбедување на 500 милиони евра. Парите, како што наведуваат од прес-службата на Владата, ќе бидат наменети за капитални проекти во општините и домашното стопанство. Министерството за транспорт на денешната седница ја информирало […]

ДЗР: Претпазливо да се управува со јавните финансии, зголемениот јавен долг бара одржлива фискална политика


Потребно е претпазливо управување со јавните финансии преку одржливо ниво на јавен долг и соодветна фискална политика иако е дизајнирана системска сеопфатна правна и институционална рамка за управување со јавниот долг и покрај позитивните оценки од ЕУ и ММФ за процесот на сервисирање на долгот поради достигнатото ниво на јавен долг од 62,1 отсто од […]

Во Бечиќи започнува 11. Самит на министри за финансии, гувернери и директори на даночни управи


 Во Бечиќи денеска и утре се одржува 11. Регионален самит на министри за финансии, гувернери и директори на даночните управи на Западен Балкан. Како што е најавено, во рамки на Самитот ќе бидат организирани четири панели – на првиот панел ќе зборуваат директорите на даночните администрации, на вториот панел ќе се разговара за ефикасното управување […]

МФ: Добрите макроекономски политики го потврдија кредитниот рејтинг „ББ+“ со стабилен изглед од Фич


 Република Северна Македонија го задржа кредитниот рејтинг „ББ+“ со стабилен изглед, што е потврдено во најновиот извештај на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“. Задржувањето на кредитниот рејтинг е резултат на спроведувањето правилно дизајнирани, кредибилни и кохерентни макроекономски и финансиски политики, конзистентни со долго одржуваниот фиксен девизен курс. Резултатот е особено значаен, ако се има предвид глобалното […]

Испразнети работни места во здравство ќе се пополнуваат без согласност од Министерството за финансии


Испразнети работни места во здравство ќе се надополнуваат без согласност од Министерството за финансии, најави министерот за здравство Фатмир Меџити на денешната прес-конференција. – Не ми беше јасно зошто секогаш треба согласност од Министерството за финансии за вработувања во здравство. Некој ќе се пензионира, друг ќе си оди од државата или ќе се префрли во […]

Арсовска: Да не беше хакиран системот на финансии, ќе ни беа исплатени трансакциите


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска на седница на Советот на Град Скопје уште еднаш повтори дека не е блокирана сметката на градот, туку имало проблеми со трансакциите поради неодамнешниот хакерски напад на Министерството за финансии. -Да не беше хакерскиот напад на Министерството за финансии, се што е тековна обврска ќе ни беше исплатено. […]

Бугарски маки со финансиите: Дали ќе се тропне на вратата на ММФ


  Финансиите на Бугарија не се во добра состојба, буџетскиот дефицит стигна до големи размери. Затоа денеска службената влада објави дека ќе предложи пакет мерки за драстично намалување на буџетскиот дефицит за 2023 година од над 11 милијарди лева (5,5 милијарди евра) што е 6,9% од БДП, на околу 5 милијарди лева (3%) од БДП, […]

Германскиот министер за финансии: Буџетот за одбрана треба да се зголеми


Буџетот за одбрана на Германија ќе мора да се зголеми „во следните години“, изјави министерот за финансии на земјата Кристијан Линднер во интервју за „Велт ам Зонтаг“. Тој во четврток го одложи претставувањето на првиот предлог-буџет, но се очекува в среда јавно да ги соопшти буџетските планови и финансиските проекции до 2027 година. Во интервјуто […]

Синдикатот на вработените во Министерството за финансии најавуваат масовни штрајкови


Од Синдикатот на вработените во Министерството за финансии најавуваат масовни штрајкови, ако денеска толкувањето на чл.66 од Законот за буџети, биде дека само некои треба да добијат 30 отсто зголемување на платата. „Пред извесен временски период се донесе Закон за буџети со политички консензус од сите пратенички групи, со кој се предвидува зголемување на платите […]

МФ апелира да се усвојат измените на Законот за игри на среќа


Собранието што побрзо да ги усвои измените на Законот за приредување игри на среќа со кои ќе се обезбеди 500 метри оддалеченост на обложувалниците од училиштата, апелираат од Министерството за финансии, на чиј предлог од јуни лани законот е во собраниска процедура и чека расправа во матичната Комисија за финансирање и буџет. – Измените и […]

Продолжи штрајкот на ССМ, денеска пред Министерството за финансии


Членовите на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска генералниот штрајк на вработените во јавниот сектор го реализираат пред Министерството за финансии, од каде повторно побараа нивното барање за линеарно зголемување на платите од 2.806 денари за секој работник да се вметне или преку амандман или преку Општиот колективен договор. Претседателот на ССМ Дарко Димовски […]

Со Законот за платежни услуги влез на нови даватели на услуги, пониски трошоци и заштита на потрошувачите


Од утре стапува во сила Законот за платежни услуги и платни системи со кој се овозможува либерализација на финансискиот пазар со влез на нови даватели на платежни услуги, нови платежни услуги и намалување на надоместот за трансакциите. Овие новини ќе им бидат достапни на граѓаните и фирмите од 1 јануари 2023 година. Со либерализацијата на […]

Финансиски хороскоп од 18-ти до 24-ти април


Благодарение на положбата на ѕвездите, одредени хороскопски знаци ќе можат да ја подобрат својата материјална благосостојба и да успеат да ги решат моменталните финансиски проблеми. Некои ќе мора да се чуваат од измами и завидливи луѓе, како и несогласувања, додека некои ќе добијат примамливи понуди за работа и напредување во кариерата. Овен На самиот почеток […]