Oтворen 32-от Филмски фестивал во Сараево. Холивудска атмосфера на црвениот тепих


Триесет и второто издание на Сараевскиот филмски фестивал беше свечено отворено синоќа во главниот град на БиХ. Во наредната недела, од 14 до 21 август, Сараево ќе биде домаќин на бројни филмски работници, актери, продуценти и љубители на филмот. Ѕвезден сјај на црвениот тепих Фестивалската атмосфера се чувствуваше на секој чекор, особено пред Националниот театар, […]

„Реално е“, слоган на 4. Младински филмски фестивал


Филмови од 20 млади автори од регионот на Балканот и Европа ќе бидат прикажани на четвртото издание на Младинскиот филмски фестивал (МФФ) кое започнува вечер во Кинотеката под мотото „Реално е“. -Дилемата дали филмовите ја рефлектираат реалноста е стара колку и самиот филм, а затоа годинешното издание го посветуваме (со доза иронија) на сѐ она […]

На 13-тиот филмски фестивал Watch Out во Тетово ќе се прикажат 26 филмови


По тринаесетти пат во Тетово ќе се одржи филмскиот фестивал „Вач аут“ (Watch Out), најавија денес преку прес-конференција претставници на Центар за балканска соработка Лоја. Фестивалот почнува вечер со свечено отворање во дворот од Меморијалниот музеј на Комунистичката партија од 20 часот во текот на овие четири дена до 15 јуни. -Ова издание на филмскиот […]

Почнува 76. Меѓународен филмски фестивал во Кан


 Меѓународниот филмски фестивал во Кан почнува денеска, со црвен тепих на којшто ќе зачекорат бројни ѕвезди, меѓу кои Харисон Форд, Џони Деп и Натали Портман. Во трката за „Златна палма“ се натпреваруваат 21 филм. Швеѓанецот Рубен Остлунд, минатогодишен добитник на главната награда за филмот „Без филтер“, годинава е претседател на жирито. Заштитно лице на годинашното, […]

Започна Фестивалот на Југоисточна Европа 2022, во селекција и македонските филмови


Од денеска почнува онлајн издание на Фестивалот на кинематографиите на земјите на Југоисточна Европа и ќе трае до 6 јуни. На Фестивалот ќе се презентираат најдобрите остварувања од регионот во европските престолнини Париз и Берлин и во Вашингтон. Фестивалот се организира во соработка со универзитетите Еуропа Прима од Скопје, ИНАЛКО од Париз, Хумболд од Берлин и American […]

Наградени македонски уметници на меѓународниот филмски фестивал TIFA во Индија


На независниот меѓународен филмски фестивал „Triloka International Filmfare award“ во Индија соработници од тимот на Македонскиот центар ИТИ/Продукција освоија неколку награди. Специјална награда од жири комисија за најдобар актер во секција независен краток филм доби Кирил Дончов во проектот Дестинација: Скопје-Габрово, награда за најдобра актерка во секција независен краток филм доби Димитрина Мицкоска  во проектот […]

„Ловци на вештерки” прикажан на филмски фестивал во Чешка


Играниот филм „Ловци на вештерки”, македонско-српска копродукција во режија на Рашко Миљковиќ, по светската премиера во Торонто, минатата недела имаше и европска премиера во официјалната програма на филмскиот фестивал во чешкиот град Злин, кој е меѓу најстарите фестивали за детски содржини. – „Ловци на вештерки” (англ. The Witch Hunters) е приказна за вистинско другарство на […]

„Бикини Мун“ на Манчевски на Софискиот филмски фестивал


Играниот филм „Бикини Мун“ на Милчо Манчевски ќе биде прикажан на 22. Софија филм фест кој ќе се одржува во март. Организаторот на фестивалот, пренесува бугарската новинска агенција БТА, го најавува Манчевски како еден од најуспешните режисери на Балканот, потсетувајќи дека за „Пред дождот“ е добитник на Златниот лав во Венеција и номиниран за Оскар […]

Краткиот филм „Види ја ти неа“ на Горан Столевски во селекција на фестивалите Санденс и Клермон – Феран


Краткометражниот филм „Види ја ти неа“ во режија на Горан Столевски влезе во официјалната програма на најпрестижниот фестивал посветен на краткиот филм кој се одржува во Клермон – Феран во Франција. Овој фестивал е од А – категорија, специјализиран за краток филм, според FIAPF – Интернационалната Федерација на Асоцијации на Филмски Продуценти овластена за категоризација […]