Најмалку 25 жртви во тропската бура Меги на Филипините


Најмалку 25 лица загинаа во свлечишта и поплави предизвикани од тропската бура Меги, што ги погоди источниот и јужниот брег на Филипините, соопштија денеска властите во Манила. На копното Меги предизвика ветрови со постојана јачина од 65, а налетите достигнуваа и 80 километри на час. Ова е првата бура што го погоди архипелагот оваа година, […]

Едно лице загина, а 17.000 ги напуштиле домовите по налетот на тропската бура Меги на Филипини


Најмалку едно лице загина, а повеќе од 17.000 мораа да ги напуштат своите домови поради поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикани од првата тропска бура на Филипините оваа година. Тропската бура Меги, локално наречена Агатон, во неделата го погоди источниот брег на земјата, а обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во погодените области. […]

Силен земјотрес ги погоди Филипините


Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска филипинскиот остров Минданао, соопшти германскиот Истражувачки центар за геолошки науки (ГФЗ). Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 10 километри. Минданао е вториот по големина остров на Филипините, и воедно најјужниот и […]

Бројот на жртви од тајфунот на Филипини се искачи на 375, преживеаните молат за вода и храна


Најмалку 375 луѓе загинаа, повеќе од 500 се повредени, а 56 се водат како исчезнати, по тајфунот Раи, кој ги погоди Филипините. Околу 380.000 луѓе ја напуштија областа поради невремето, кое го погоди архипелагот во четвртокот. Преживеаните бараат залихи на вода и храна, пишува Гардијан. Тајфунот корнеше покриви и дрвја, уништи куќи и поплави помали […]

Најмалку 375 загинати и 56 исчезнати во тајфунот на Филипините


Најмалку 375 лица загинаа по налетот на тајфунот на Филипините, најсилниот годинава во оваа азиска земја, соопштија локалните власти. Најмалку 56 лица сè уште се водат како исчезнати, а 500 се повредени. Населението во неколку провинции во централниот дел на земјата се соочува со сериозни проблеми, бидејќи нема струја, а телефонските линии се во прекин. Полицијата соопшти дека бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи комуникацијата […]

Бројот на загинати во тајфунот на Филипините се искачи на 142


Бројот на загинати во најсилниот тајфун оваа година кој ги опустоши Филипините порасна на 142, објавија надлежните. Најмногу починати има во покраината Бохол, сместена на истоимениот остров – дури 72. Гувернерот на оваа покраина предупреди на криза со снабдувањето, па повика на донации за елекртични генератори за да с еовозможи работа на станицата за полнење […]

Над 20 загинати во тајфун на Филипините


Најмалку 20 луѓе загинаа во налетот на супертајфунот Раи на Флипините, утрово го соопшти локалната служба за итни случаи новиот биланс. Повеќе од 300.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови од четвртокот, кога ветерот на островот Сијарго достигна 195 километри на час. Во акцијата за пребарување и спасување учествуваат 18.000 припадници на армијата, крајбрежната […]

Најмалку 12 загинати во супер тајфунот Раи на Филипините


Најмалку 12 лица загинаа во налетот на супер тајфунот Раи на Филипините, соопшти денеска локалната служба за вонредни состојби.   Повеќе од 300.000 луѓе вчера ги напуштија своите домови, а околу 18.000 и денеска се во засолништа.   Тајфунот Раи стигна до северниот остров Палаван, популарна туристичка дестинација.   Метеоролозите најавија дека тајфунот во текот […]

(Фото/Видео) Супертајфунот Раи ги погоди Филипините


Супертајфунот Раи, локално познат и како Одета, стигна на источниот брег на Филипините. Евакуирани се десетици илјади луѓе, а бурата нагло зајакна и од тајфун прерасна во супертајфун. Во моментот кога Раи пристигна на островот Сиаргао кај источниот брег на Филипините, достигна трајна брзина на ветрот од 260 километри на час, а некои удари беа […]

Тајфунот Мангкут уби 64 лица на Филипини


Моќниот тајфун Мангкут денеска ја погоди јужната кинеска покраина Гуангдунг, откако беснееше на Филипини, носејќи со себе силни ветрови и дожд, поради што најмалку 64 лица го загубија животот, но се стравува и дека уште десетици лица се затрупани под земјата од многуте свлечишта кои ги предизвика тајфунот. Над 2,4 милиони лица денеска се евакуирани […]

(ВИДЕО) Моќниот тајфун Мангхут ги погоди Филипини


Моќниот тајфун Мангхут ги погоди Филипините, соопштија  локалните метеоролошки служби. Невремето беснее на североисточното крајбрежје на земјата со ветер со брзина од 205 километри на час. Тајфунот дошол на копно во 01,40 часот, во сабота, по локално време, во реонот на крајбрежниот град Багао во провинцијата Кагајан. Областа е подложна на поплави и лизгање на […]