Обвинителството го следи случајот со Ева Крстаноска


Јавното обвинителство го следи случајот со Ева Крстаноска, девојчето кое боледуваше од леукемија и не успеа да замине на лекување надвор од државата. Во меѓувреме, семејството обвини дека државата го убила детето, а од ФЗОМ одговараат дека работеле законски. „Основното јавно обвинителство Скопје интензивно ги следи сите информации поврзани со настанот. Доколку се утврдат елементи […]

ФЗОМ: Понудите од болниците во Гисен и во Дизелдорф не се презентирани кај нас


Понудите од болниците во Гисен и во Дизелдорф не се добиени ниту презентирани во Фондот од страна на барателот, соопштија од Фондот за здравствено осигурување, откако „Независен весник“ ги објави истите како документација со која располага семејството на Ева Крстаноска, девојчето кое не издржа да замине на лекување во странство. „Понудата од болницата во Дизелдорф која […]

(АУДИО)Благојче Крстаноски: Три деца што ги пратија во Турција не се вратија назад


Таткото на Ева, Благојче Крстаноски, во разговорот за „Независен весник“ објаснува зошто се противел да го лекува детето во Турција, зошто инсистирал лекувањето да биде во Германија, зборува за третманот на Ева, одговара на обвинувањата дека собирале донации наместо да побрзаат да одат во болница… Разговорот можете да го слушнете овде:

Фондот за поевтино ја праќал Ева во Турција


Ева Крстаноска од Горно Коњско, Охридско, ја изгуби битката со болеста. 11-годишното девојче, кое се бореше со леукемија, замина од овој свет завчера откако нејзиното семејство не стигна да ги собере потребните пари за таа да се лекува во Германија. Дали државата повторно не изреагира навреме, се прашањата кои вчера ги поставуваа револтирани граѓани. Според […]

Обвинение за 12 лица за случајот со Тамара Димовска


Поднесено е обвинение против 12 лица за несовесно работење во службата во случајот со лекувањето на Тамара Димовска, соопшти денеска Основното јавно обвинителство Скопје. За случајот, според соопштението, обвинети се петте члена на Првостепената и членовите на Второстепената комисија, кои го донеле односно го потврдиле негативното решение за лекување на Тамара во странство, како и […]

Зголемени коефициентите за дежурства и ноќен труд на здравствените работници


Дежурствата и ноќниот труд на докторите, медицинските сестри, транспортерите, гипсерите и протетичарите од мартовската плата ќе се исплатат по нови покачени коефициенти. Ова го соопшти вечерва Министерството за здравство по средбата на ресорниот министер Венко Филипче со претседателите на Самостојниот синдикат на Клинички центар Горан Беговиќ и на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална […]

ФЗОМ даде аванс за да се одблокира сметката на Клиниката за гинекологија


Сметката на Клиниката за гинекологија и акушерство ќе биде одблокирана со средства што Фондот за здравствено осигурување ги обезбедил за клиниката како аванс, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче. Изутрината имале состанок со директорот на ФЗОМ и проблемот веќе е решен. Авансот е во висина колкава што е сумата за блокираната сметка. Филипче посочи […]

Приватните гинеколози на средба во ФЗОМ


Менаџментот на Фондот за здравствено осигурување попладнево ќе одржи средба со претставници на Здружението на приватни гинеколози. Од Здружението бараат зголемување на капитацискиот бод од 55 на 60 денари, бодот да биде според возраста на пациентката и да се дефинира пакетот на услуги кои ги покрива државата. – Сите одлуки кои ќе бидат заеднички донесени […]

ФЗОМ ќе ги зголеми квотата и буџетот за лекови


Фондот за здравствено осигурување со цел да обезбеди доволно лекови за осигурениците одлучи да ги зголеми квотите за овој месец во износ од 15 милиони денари кои ќе бидат линеарно распределени по аптека, рече денеска на прес-конференција директорот на ФЗОМ Ден Дончев. Осврнувајќи се на краткорочните мерки кои ќе бидат преземени, посочи дека вкупниот буџет […]

Нема лекови на рецепт во аптеките


Снемува лекови на рецепт во аптеките уште на почеток на месецот, се жалат и граѓаните и фармацевтите. Се трошат квотите покриени од државата и истиот лек  може да се купи само приватно, за повисока цена. Граѓани реагираат дека ако порано можеле истиот лек да го најдат и на 20, сега го нема ни на 10 […]

Ќе се лекуваме ли во приватни болници на државен трошок?


Ќе можат ли пациентите на државен трошок да се лекуваат во приватните болници кај нас наместо да одат во странство, е прашање што повторно го загатнуваат сопственици на болници, но и здравствените власти. За да се случи тоа, треба Фондот за здравствено осигурување да одобри пари за повеќе услуги што осигурениците би ги добивале во […]

Лицата со ниски примања автоматски ќе се пререгистрираат во ФЗОМ


Лицата со ниски примања и оваа година нема потреба да доаѓаат во Фондот за пререгистрација за остварување на право на здравствено осигурување. Од Фондот информираат дека автоматската пререгистрација ќе биде извршена за лицата кои оствариле нето приход под 144.000 денари и оти тие нема потреба да дојдат во Фондот. Во соопштението додаваат дека лимитот според […]