ВЛЕН бара и местото министер за животна средина да остане во нивни раце


По изборот на Изет Меџити за градоначалник на Чаир, коалицијата ВЛЕН очекува неговите досегашни владини позиции – заменик-премиер и министер за животна средина – да ѝ припаднат на партијата. Вицепремиерот за политики за добро владеење Арбен Фетаи изјави дека Влен ќе предложи Беким Сали за заменик-премиер, а дополнително ќе номинира уште едно лице за министер […]

Мицкоски со Фетаи се разбира на англиски јазик


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека комуникацијата со заменик претседател на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи се одвива на англиски јазик. Мицкоски ова го кажа како одговор на новинарско прашање околу одбивањето на Фетаи да го користи македонскиот јазик при давањето изјави за новинари, дури и кога прашањата се на македонски. „Јас имам […]

Делегација на Венецијанската комисија дојде во Македонија да го испита укинувањето на „балансерот“


Делегација на Венецијанската комисија  вчера имала средба со претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски и со судијката Ана Павловска-Данева на која, меѓу другото, било разговарано и за т.н. „балансер“, алатката за вработување според национална припадност во државните институции, која Уставен ја укина лани во октомври. Вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење Арбен Фетаи соопшти […]

Институциите стануваат транспарентни – информациите ќе бидат достапни на веб-страниците


На денешната седница на Владата, по предлог на заменик-претседателот на Владата Арбен Фетаи, беа усвоени важни одлуки за зајакнување на транспарентноста и отчетноста на државните институции. Според анализата на спроведувањето на Стратегијата за транспарентност 2023–2026, координирана од кабинетот на вицепремиерот Фетаи, произлегува дека претходната влада СДСМ-ДУИ реализирала само една активност од 24 мерки и 56 […]

Правичната застапеност ќе важи и на државно и на локално ниво: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност


Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција по одржаната владина седница. „Законот има јасна цел, администрацијата да биде вистински сервис за сите граѓани, изградена врз заслуги, знаење, професионалност и интегритет, согласно Уставот и Охридскиот рамковен договор. За разлика од времето кога партиска книшка беше поважна […]

Фетаи: АА останува во Влада – од 50 функционери, само тројца поднеле оставка


Алијансата за Албанците (АА) продолжува да биде дел од Владата, бидејќи огромното мнозинство функционери продолжуваат да одат на работа. Ова го изјави вицепремиерот Арбен Фетаи во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21, според кого оставката на само неколку поединци од нивните должности и на Арбен Таравари од Министерството за здравство не ја води АА во […]

Чекор поблиску до Национален регистар на државен имот


Владата на Република Северна Македонија вчера го одобри барањето на Кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, за проширување на работната група која ќе го изработи Акцискиот план за имплементација на препораките од Завршниот извештај на Државниот завод за ревизија за управувањето со државниот имот. „Ова е значаен чекор […]

Дефинитивно постигнување на правична застапеност во администрацијата треба да донесе новиот закон во подготовка, тврди Фетаи


 Работната група за подготовка на закон за правична застапеност досега одржала три состаноци, новото законско решение кое ќе биде изготвено потоа ќе биде доставено во собраниска процедура, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи. -Како што знаете веќе има консултации во рамките на Владата, иако имаше некои контрадикторни пораки, сепак основана е […]

Новиот вицепремиер за добро владеење, на англиски и на албански, најави конфискација на имот на владини функционери


Вицепремиерот за политики и добро владеење Арбен Фетаи на новинарско прашање за оценките по првите денови од преземањето на функцијата, смета дека Стратегијата за борба против корупцијата не е спроведена и изрази сомнеж дека тоа е заради спрега помеѓу функционери и бизнис секторот. – Слушнавме за заклучоците од извештајот на ДКСК, знаеме дека Стратегијата за […]

Мислење за Фетаи, Раичевиќ и Коцевски побара Владата по огласот за јавен обвинител


Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница донесе одлука да достави писмо до Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија, со барање писмено мислење за пријавените кандидати на Огласот за именување на јавен обвинител на Република Северна Македонија. Советот на ЈО, согласно законските рокови, треба во рок од 15 дена да даде позитивно […]

„Не“ за Русковска: Владиниот партнер Африм Гаши ја сака Фатиме Фетаи место Јанева


Алтернатива на Африм Гаши, која е коалициски партнер во владата на Зоран Заев, ја предлага Фатиме Фетаи за шефица на новото Обвинителство за организиран криминал и висока корупција. „Сега, кога треба да се избира новото име за управување со новото Обвинителство, Aлтернатива – како партија која повеќе од сé се грижи за правна држава и […]

Фетаи бара Мијалков и Тачи да одат во затвор


Осудителни пресуди за сите обвинети во предметот на СЈО „Титаник 2“ за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година, побара денеска во завршните зборови обвинителката Фатиме Фетаи. – Сосема оправдано можеме да очекуваме осудителна пресуда поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, лидерот на ДПА Мендух Тачи, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета […]

За кого ќе навива политичката елита: Заев за Хрватска и Србија, Мицкоски за Германија, Фетаи за Шпанија…


Двете најмоќни политички фигури во земјава имаат различно мислење и кога е во прашање фудбалот – најважната споредна работа на светот. Првите луѓе на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ ќе навиваат за различни репрезентации на претстојното Светското првенство во фудбал, кое од 14 јуни до 15 јули ќе се одржи во Русија. И двајцата жалат што […]