Над 40 концерти на светски и регионални артисти за 20 години „Таксират“


Годинава се одбележуваат две децении на фестивалот „Таксират“. И покрај тоа што преку целата година се одржуваа концерти и настани поврзани со јубилејот, главната вечер ќе биде на 8 декември во салата „Борис Трајковски“. Одбележувањето на дваесетката на „Таксират“ започна со легендарните „Крафтверк“ уште во февруари годинава, продолжи со концертите на „Лајбах“, Акуа Нару, „Гогол […]

(ВИДЕО) Концерт на „Гогољ Бордело“ во МКЦ: Енергија до плафон


Џипси-панк составот од Њујорк, „Гогољ Бордело“, во вторникот првпат во својата 20-годишна кариера настапи во Скопје. Концертот се одржа во Дансинг-салата во Младинскиот културен центар, како дел од одбележувањето на 20. издание на фестивалот „Таксират“. Спојувањето на двата поединечни 20-годишни јубилеи ѝ донесе неверојатно задоволство на македонската публика. Како предгрупа настапи регионалниот бенд „Маика“, кој […]

Џипси-панк бендот „Гогол Бордељо“ вечерва со концерт во Скопје


Во рамките на „Seekers And Finders“ турнејата за истоимениот нов албум, вечерва во Младинскиот културен центар во Скопје, концерт ќе одржат „Гогол Бордељо“. Концертот се реализира за одбележувањето на 20 години од фестивалот „Таксират“. Комбинирајќи ги панк и ромската музика со хумор и ефектни, хаотични и енергични сценски настапи, „Гогол Бордељо“ (Gogol Bordello) ја раскажува […]

Театрален концерт на „Лајбах“ во Скопје


Авангардниот словенечки бенд „Лајбах“ завчеравечер ја исполни до последно место Дансинг салата во Младинскиот културен центар во Скопје. Овој настан беше во рамките на одбележување на 20 години од фестивалот „Таксират“, а бендот го промовираше својот последен албум „Also Sprach Zarathustra“ издаден минатата година. Музиката на овој албум е подготвена за потребите на театарската претстава […]

Вечерва концерт на „Лајбах“ во Скопје


Култната словенечка група „Лајбах“ вечерва ќе одржи концерт во Младинскиот културен центар во Скопје на кој ќе го претстави фантастичниот нов студиски албум „Also Sprach Zarathustra“. Настапот на групата е во низата концертни настани со кои Таксират фестивал годинава го одбележува 20. издание. Музиката за новиот албум, групата ја компонирала за театарската претстава „Така зборуваше […]

Михаил Стангл – „Боилер рум“: Преку музиката решаваме проблеми


Љубителите на некомерцијалната музика со години се поврзани преку најпознатата онлајн-музичка заедница „Боилер рум“ (Boiler Room). Тие создадоа нов начин на поглед кон музичката андерграунд-сцена во светот, велат дека спојуваат милиони музички глави со сета нивна специфичност. Оваа платформа ја издигна аундерграунд-културата на поинакво ниво и ги предизвика младите повеќе да се информираат и да […]

Лузер фест: Скопскиот бенд „Conspiracy“ е годинашен победник


Младиот скопски бенд „Conspiracy“ е годинашниот победник на Лузер фест, настан посветен на промоција на новите музички артисти кој во организација на Таксират се одржа викендов во МКЦ. „Conspiracy“ во денешниот состав постои од 2016-та година, а станува збор за вистински вљубеници во треш метал звукот, кои со својата музика сакаат да придонесат за враќањето […]

Повеќе од 60 артисти ќе настапат на Таксират и Десонанц


Десетина настани со учество на повеќе од 60 артисти ќе понуди деветнаесетото издание на музичкиот фестивал Таксират што во партнерство со Десонанц фестивалот ќе се одржи од утре до 9 декември во Младинскиот културен центар. Катарина Евго, претставник на „Пасворд продукција“ која е организатор на Таксират, истакна дека гости на фестивалот се музички уметници од […]

Над 30 бесплатни концерти на ПИН музичката конференција во рамките на „Таксират“


Фестивалот „Таксират“ за 20-тото издание организира меѓународна ПИН музичка конференција и шоукејс фестивал од 30 ноември до 2 декември во Младинскиот културен центар. – Само во рамки на концертната програма, ПИН во Скопје претставува повеќе од 30 музички артисти чии концерти и настапи ќе се одржуваат со бесплатен влез за посетителите. Во чест на 20 […]