ФЕИТ промовираше уште една генерација дипломирани инженери и магистри


 Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) вчеравечер, промовираше нова генерација дипломирани инженери по електротехника и информациски технологии и нова генерација магистри. Нови 141 дипломиран инженер и 41 магистер, во зградата на Македонската Филхармонија, ги добија своите дипломи за завршен прв и втор циклус студии. -Вообичаено, на овие настани се потсетуваме на вашето патување од […]

„Ван Хоол“ ќе стипендира и поддржува магистри на ФЕИТ


Компанијата „Ван Хоол Македонија“ ќе стипендира и поддржува магистри на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски, на потпишување на договорите за стипендирање, истакна дека Факултетот продолжува со своите активности за унапредување на својата трета мисија: соработката со индустријата. „Ова соработка […]

ФЕИТ организира меѓународна школа за е-здравје


Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) организира тематска „Зимска школа за е-здравје и паметни уреди и технологии“, во рамки на европскиот проект WideHealth. Меѓународната школа, како што соопшти Факултетот, ќе се организира хибридно – со физичко присуство на ФЕИТ и онлајн од денеска до 17-ти месецов. На зимската школа учествуваат 133 учесници од земјава, […]

Стартуваше „Недела на роботика“ на ФЕИТ


По повод десет години од организирање на манифестацијата „Робомак“ и 60 години од постоење на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), денеска се одржа свечено отворање на „Робомак 2019“ во организација на факултетот. Годинава, факултетот организира „Недела на роботика“ во чии рамки ќе се реализираат низа активности наменети за најмладите- учениците од основните училишта, […]

Адеми: Учебници за учениците ќе има


Министерот за образование и наука Арбер Адеми тврди дека за сите ученици ќе има учебници за учебната 2018/2019 година. За сè што работеле периодов, а ги опфаќа и дополнувањата и исправки во учебниците, рече дека Министерството има пријатни изненадувања, но повеќе ќе обелоденел на прес-конференција, иако  почетокот на учебната година е само за десетина дена. […]

Прва награда за студенти на ФЕИТ на натпреварот ICAMES во Истанбул


Петмина студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии, освоија прво место на натпреварот ICAMES 2018  организиран од Универзитетот Богазичи во Истанбул. ICAMES претставува меѓународен натпревар за инженерство и култура на кој учествуваат студенти од речиси сите континенти во светот и 23 години, традиционално, го организира Универзитетот Богазичи во Истанбул. Годинава се одржуваше од 4 […]

„Воведен час за кодирање“ за средношколци на ФЕИТ


Повеќе од 70 средношколци од девет училишта учествуваа на Четвртиот интернационален настан „Hour of Code“ (Воведен час во кодирање), што се одржа на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје. Овој меѓународен настан има цел да ги воведе младите во светот на програмирањето и информатичките науки, а средношколците имаа едначасовна можност да се запознаат […]