Министерството за правда на САД тврди дека поранешниот директор на ФБИ, Коми, му се заканувал на Трамп


Министерството за правда на САД оцени дека поранешниот директор на Федералното истражно биро (ФБИ), Џејмс Коми, намерно објавил порака што можела да биде протолкувана како закана кон американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Вашингтон пост“. Според американското Министерство за правда, Коми со објавата соопштена преку социјалните мрежи сакал да го привлече вниманието на јавноста, меѓу другото […]

Судот го блокира планот на Трамп за преместување на седиштето на ФБИ


Американски федерален судија го блокираше планот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за преместување на седиштето на ФБИ во канцелариска зграда во Вашингтон. Судот вчера пресуди дека администрацијата незаконски го отфрлила претходно одобрениот план за изградба на нов комплекс во Мериленд. Станува збор за спор што трае со години, пишува Еуроњус. Локацијата во Гринбелт, […]

ФБИ уапси „клучен учесник“ во нападот врз американскиот конзулат во Бенгази во 2012 година


Американското Федерално истражно биро (ФБИ) го уапси еден од „клучните учесници“ во координираниот напад врз американскиот конзулат во Либија пред 13 години, јави ДПА. Во нападот врз дипломатската мисија во Бенгази беа убиени четворица американски државјани, вклучувајќи го амбасадорот Кристофер Стивенс и уште тројца други. Осомничениот, Зубајр ал-Бакуш, слета во воена база во близина на […]

ФБИ изврши рација во домот на новинарка на „Вашингтон пост“ која го истражуваше Трамп


  ФБИ изврши рација во домот на новинар на „Вашингтон пост“ рано во средата, во она што весникот го нарече „многу необичен и агресивен“ потег на органите за спроведување на законот, а групите за слобода на печатот го осудија како „огромен упад“ од страна на администрацијата на Трамп. Агенти упаднаа во домот на Хана Натансон […]

ФБИ на Каш Пател се распаѓа: Заменик-директорот поднесе оставка, се враќа на подкастот


Ден Бонгино објави дека ќе ја напушти својата позиција како заменик-директор на ФБИ во јануари, пишува Би-би-си. Неговата оставка доаѓа откако Трамп претходно во среда изјави дека поранешниот водител на подкаст одлично си ја завршил работата и дека сака да се врати во својата емисија. Бонгино, кого Трамп го назначи на позицијата во февруари, претходно […]

ФБИ истражува напад врз информациските системи на Универзитетот на Пенсилванија


Универзитетот на Пенсилванија соопшти дека се обратил до Федералното истражно биро (ФБИ), откако до негови поранешни студенти и донатори биле испратени навредливи пораки преку електронска пошта. Во изјавата на универзитетот се вели дека пробивот во базата на податоци ги погодил „избраните информациски системи“. „Соработуваме со органите за спроведување на законот и други технички ресурси од […]

ФБИ: Ова е само почеток на истрагата и борбата против „Коза Ностра“


Скандалот со нелегално обложување и игри на покер каде се вклучени сегашни и поранешни играчи и тренери од НБА лигата добива се повеќе внимание. Директорот на ФБИ, Кеш Пател даде и свое видување за случувањата. –  Едноставно е. Ги следиме парите. И гледајте, додека НБА е дел од ова, тие се само дел од тоа. […]

Во истрагата на ФБИ ќе има уште играчи од НБА лигата


Американските медиуми пренесуваат дека скандалот со обложување во НБА лигата „не е завршен“, со напомена дека може да се очекува уште имиња да бидат вклучени во федералната истрага. Скандалот со обложување започнува и не гледам дека ова блиску до крајот, истакна новинарот на ЕСПН Дејвид Пердум. Тој напомена дека постои можност на вмешаност на луѓе […]

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Кирк


Американското Федерално истражно биро (ФБИ) објави фотографии од осомничениот за убиството на влијателниот конзервативен активист Чарли Кирк. – Бараме помош од јавноста за идентификување на ова лице од интерес во врска со фаталното пукање врз Чарли Кирк на Универзитетот во Јута, објави ФБИ на социјалните мрежи. Претходно, Канцеларијата на ФБИ во Солт Лејк Сити отвори […]

ФБИ започна истраги против поранешни директори на ФБИ и ЦИА


Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) започна кривични истраги против поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан, и поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, објави „Фокс Њуз“. Според извори на телевизијата, истрагите се однесуваат на наводни прекршувања поврзани со претходни владини истраги за наводна руска интервенција во американските избори во 2016 година, на кои Доналд Трамп […]

ФБИ: Напаѓачот им пукал во грб на израелските дипломати, продолжил и откако паднале на земја


Мажот осомничен за убиство на двајцата вработени во израелската амбасада во Вашингтон се наведнал над нив и продолжил да пука откако тие веќе биле на земја, соопшти американското ФБИ. Елиас Родригез, 31, е обвинет за убиство на Сара Милгрим и нејзиното момче, Јарон Лишински. Пријателите и членовите на групите на кои им припаѓале убиените рекоа […]

ФБИ: Тинејџер си ги убил родителите, а планирал да го убие Трамп


Седумнаесетгодишник од американската сојузна држава Висконсин, обвинет за убиство на своите родители, планирал да го убие американскиот претседател Доналд Трамп, се наведува во судскиот документ на ФБИ. Минатиот месец, Никита Касап (17) од Ваукеша, беше обвинет дека ги извршил убиствата на неговата мајка, 35-годишната Татјана Касап и очувот, 51-годишниот Доналд Мајер, а потоа живеел со […]

ФБИ: Смртоносниот напад со автомобил во Њу Орлеанс е „терористички чин“


Федералното истражно биро (ФБИ) соопшти дека смртоносниот напад со автомобил во Њу Орлеанс го смета за „терористички чин“. Човекот кој го предизвика инцидентот на новогодишната прослава во Њу Орлеанс, беше убиен од полициските службеници, наведува ФБИ.  Инцидентот се случи на улицата Бурбон за време на новогодишната прослава околу 03:15 часот по локално време. Најмалку 10 […]

Планирал да ја дигне во воздух берзата во Њујорк, за да ја „ресетира“ владата на САД


Американската полиција уапсила синоќа лице осомничено за подготовка да постави експлозивна направа во Њујоршката берза неделава за да ја „ресетира“ владата на САД. Полицијата дознала за неговите планови во прикриена операција. Харун Абдул-Малик Јенер (30) од Флорида е уапсен по повеќемесечна истрага спроведена од агенти на Федералното биро за истраги (ФБИ), на кои наводно им […]

ФБИ: Се чини дека имаше обид за атентат врз Трамп


Американскиот републикански претседателски кандидат Доналд Трамп е безбеден откако неколку истрели беа испукани во близина на неговиот терен за голф во Вест Палм Бич, Флорида. Истрелите дошле преку теренот за голф, велат изворите. Кампањата на Трамп претходно соопшти дека поранешниот претседател е безбеден по пукањето, но не беа објавени детали. ФБИ соопшти дека се чини […]

ФБИ: Американците лани изгубиле повеќе од 5,6 милијарди долари во измами поврзани со криптовалути


 Американците лани загубиле повеќе од 5,6 милијарди долари како резултат на измамнички шеми со користење на криптовалути или 45 отсто повеќе отколку во 2022 година, се наведува во извештај на Федералното истражно биро (ФБИ). ФБИ лани добило речиси 70.000 жалби од жртви на финансиски измами со користење на биткоин, етер и други криптовалути. – Децентрализираната […]

ФБИ почна истрага за иранските обиди за хакирање на кампањите на Трамп и на Харис


Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) синоќа соопшти дека почна истрага дали ирански хакери упаднале во компјутери на поединци поврзани со кампањите на Доналд Трамп и на Камала Харис, објави „Си-Би-Ес Њуз“. Во кратка изјава за телевизијата ФБИ потврди дека од почетокот на летото истражува наводи од кампањата на Трамп дека станале мета на ирански […]

ФБИ ја бара „крипто кралицата“ Ружа Игнатова, нуди 5 милиони долари. Која е таа?


ФБИ ја бара Ружа Игнатова (43) и нуди награда од 5 милиони долари за нејзиното откривање. Игнатова, позната и како „Крипто кралица“, е родена во Бугарија и е на листата на најбарани на ФБИ од 2022 година за перење пари и измама. Инаку, Игнатова има германско државјанство. Таа е обвинета дека измамила инвеститори од 4 […]

Специјален американски обвинител го критикуваше ФБИ за начинот на кој ја воделе истрагата против Трамп


Американското Федерално истражно биро (ФБИ) немаше доволно докази за да отвори истрага за претседателската кампања на Доналд Трамп во 2016 година и премногу се потпираше на советите на политичките противници на Трамп, се наведува во конечниот извештај на американскиот специјален советник Џон Дурам. Во извештајот од 306 страници, Дурам заклучи дека американските разузнавачки и агенции […]

ФБИ: Злосторствата од омраза во САД се зголемени за 11,6 отсто во 2021 година


Злосторствата од омраза во САД се зголемени за 11,6 отсто во 2021 година во споредба со 2020 година, а најчесто се мотивирани од расни и етнички предрасуди, соопшти денеска ФБИ. Во извештајот, ФБИ посочи дека пријавените случаи на злосторства од омраза се зголемиле на 9.065 во 2021 година од 8.120 во 2020 година. Според објавените […]