Емисиите на јаглерод и енергетската транзиција клучен тест за конкурентноста на македонската индустрија: Трибина на „Фајнанс тинк“
Македонија се наоѓа во клучен период на енергетска и индустриска трансформација и иако изложеноста на Механизмот за јаглеродно прилагодување на границите (CBAM) е концентрирана во неколку сектори – пред сè железо, челик и електрична енергија – неговите ефекти ќе се почувствуваат многу пошироко низ синџирите на снабдување, инвестициските текови и конкурентноста на извозно ориентираните компании. […]