Изјава на директорката на УЈП Елена Петрова (во живо)
Изјава на директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова.
Изјава на директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова.
Даночните обврзници кои вршат промет на добра и промет на услуги за кој плаќањето се извршува во готово, должни се да го регистрираат готовинскиот промет преку фискален систем на опрема (фискални каси) и да издаваат фискални сметки. Обврската да се воведе и користи одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања, не се […]
Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.07/2024 за долгови доспеани до 31.03.2024 и неплатени до 30.06.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. На Листата на должници бр.07/2024 објавени се 1870 должници – правни лица (помалку за 38 од […]
Управата за јавни приходи информира дека денеска поради опожарување на оптички кабли кај повеќе телекомуникациски оператори, меѓу кои и операторот кој обезбедува услуга за интернет симетричен пристап на УЈП, системите за електронски услуги не беа достапни во периодот од 07:40 до 11:30 часот. -Овој технички проблем е надминат и системите на УЈП се достапни за […]
Управата за јавни приходи денеска преку соопштение ги повика сите даночни обврзници кои во законскиот рок не ја платиле даночната обврска по ДЛД-ГДП 2023, да го платат веднаш својот даночен долг. Согласно евиденцијата на УЈП, 4.767 даночни обврзници ја немаат платено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во Годишната даночна пријава за […]
Управата за јавни приходи денеска ги повика ДДВ обврзниците, да го поднесат на образецот ДДВ – 04. До 25 јули се очекуваат 40.509 пријави за ДДВ. Притоа, од УЈП посочуваат да се искористат бенефитите од раното поднесување на ДДВ – 04 пријавата, како дали пријава е примена, и обработена без грешки, а тоа овозможува навремено […]
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари работна средба со новоназначените директори на Управата за јавни приходи Елена Петрова и на Царинската управа Бобан Николовски. „Ова е прва средба што ја одржуваме со првите луѓе на УЈП и Царината како клучни институции во прибирање на приходите во Буџетот. Ги поставуваме основите на работа и начинот […]
Елена Петрова денеска формално ја презеде функцијата директор на Управата за јавни приходи од заменик-директорот Мевљудин Синани. -Елена Петрова е професионалец со долгогодишно работно искуство во УЈП, која во моментот на назначувањето беше Раководител на Секторот за наплата и управување со долгови, соопштија денеска од УЈП. Директорката Елена Петрова изјавила дека нејзина долгорочна и стратешка […]
Управата за јавни приходи ги потсетува граѓаните да направат увид во Годишните даночни пријави (ДЛД ГДП), кои веќе се поставени на системот а се однесуваат за остварени приходи во 2023 година. Секој кој е регистриран на системот ППД – (ujp.gov.mk) има обврска во својот кориснички профил, најдоцна до 31.05.2024 година, да ја потврди или доколку […]
Управата за јавни приходи соопшти дека пропишаниот рок за поднесување на Пријавите за данокот на додадена вредност “ДДВ–04“ кој истекува на 25 април 2024 година, се продолжува за еден ден, односно, краен рок за поднесување на пријавите ДДВ – 04, ќе се смета 26 април 2024 година. Како што појаснуваат од УЈП, рокот се продолжува […]
Даночните инспектори од Управата за јавни приходи преку експертска поддршка во наредниот период ќе стекнат вештини за спроведување конзистентни даночни контроли на мултинационални претпријатија и на тој начин ќе придонесат за успешно справување со даночната евазија и избегнување плаќање данок од страна на мултинационалните претпријатија. Управата за јавни приходи денеска објави дека активностите се резултат […]
Се зголеми бројот на фирми должници кон Управата за јавни приходи, а се намали бројот на физички лица кои имаат обврски кон УЈП, покажува најновата листа на должници која ја објави даночната управа. На Листата на должници објавени се вкупно 1.872 должници – правни лица (повеќе за 15 од претходната листа) и 3.628 физички лица […]
Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници и корисниците на електронските услуги на системот е – Персонален данок, дека врши надградба на системот е – ПДД. Поради тоа, системот е-ПДД ќе биде во прекин почнувајќи од 26.01.2024 година (петок) во 16:00 часот. Интервенцијата ќе се извршува за време на претстојниот викенд, а по завршувањето […]
Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на должници кои не ги подмириле даночните обврски. Според објавените податоци, зголемен е бројот на должници и кај правните и кај физичките лица. Вкупниот број на должници е 5.573 од кои 1.857 се правни, а 3 716 физички лица. Кај правните лица бројот е зголемен за 25 […]
По празниците се очекува Управата за јавни приходи (УЈП) да излезе со информација за компании од нафтениот бизнис кои затајувале данок. Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска изјави дека до полноќ треба да заврши пописот во уште една бензинска пумпа и дека станува збор за мрежа во која се вклучени и три […]
Од почетокот на годинава, странските лица кои немаат седиште или подружница на територија на државава, а вршат промет на добра и услуги кои подлежат на данокот на додадена вредност, ќе мора да назначат даночен застапник за ДДВ. Оваа обврска, како што стои во информацијата објавена на веб страницата на Управата за јавни приходи, произлегува од […]
Во рамки на програмата за одбележување на „Св. Матеј“ – Ден на даночните работници, директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска додели донација во Дом за доенчиња и мали деца-Битола. Донацијата е обезбедена преку синдикалната организација „Солидарност“, односно сите средства се обезбедени од вработените, посочи Лукаревска. -Како општествено одговорни граѓани, но и како даночници […]
Познати фирми, од кои некои се во фокусот на интересирањето на јавноста поради нивната поврзаност со звучни имиња од македонската бизнис и политичка сфера се најдоа на најновата листа на должници што во петокот ја објави Управата за јавни приходи. На оваа листа има вкупно 1.815 должници – правни лица, за 32 повеќе од претходната […]
Управата за јавни приходи (УЈП) од почетокот на годинава до 30 октомври извршила 3.712 надворешни контроли кај субјекти од различни дејности по основ на Законот за регистрирање готовински плаќања и кај 1.948 од нив се констатирани неправилности. Само во октомври извршени се 679 контроли и во 416 се евидентирани неправилности. Како што соопшти директорката на […]
Со реализација на обврските со МПИН-пресметките што треба да ги достават до УЈП за уплатата на придонеси и исплата на нето-плата доцнат 5.428 работодавачи во државава, покажува анализата на Управата за јавни приходи (УЈП) за периодот од јануари до крајот на септември 2023. -Од нив, 1.912 доцнеле повеќе од еден месец, а 700 доцнат со […]