Одобрена нова градежно-геодетска струка во средното училиште во Крива Паланка


Во средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка, во следната учебна 2022/23 година ќе се воведе нова дуална паралелка, градежно-геодетска струка за која со конкурсот е предвидено да се запишат 25 ученика.   По направените консултации со компаниите и нивните потреби од квалификуван работен кадар, оваа градежно – геодетска струка се воведува и ќе […]

Основците од утре без маски во училница


Учениците од прво до деветто одделение во Македонија од утре, 30 март, нема потреба да носат маски во училиште. Владата ја прифати препораката на Kомисијата за заразни болести. Главниот координативен кризен штаб за справување со Ковид на крајот од минатата недела ги прифати препораките од Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за носење […]

Две жени се убиени во напад со нож во шведско училиште


Две жени починаа од повредите здобиени во напад со нож во средно училиште во Малме, Шведска, а за нападот е осомничен 18-годишен ученик кој е уапсен, соопшти шведската полиција. Двете жени на возраст од 50-тина години биле вработени во средното училиште во Малем, трет град по големина во Шведска. Медиумите пишуваат дека имал нож и […]

Учениците и понатаму мора да носат маски во училиште


Комисијата за заразни болести не дискутирала за носењето заштитни маски во училиштата на денешниот состанок, на кој предложила нова  методологија за проценка и следење на епидемиолошкиот ризик. Портпаролот на Комисијата, д-р Злате Мехмедовиќ, за МИА изјави дека на состанокот денеска не било дикутирано за маските, но дека ставот е претходно познат – за укинување е […]

(Во живо) Министерката за култура во посета на тријазичното училиште „Јашар Беј Шкупи“


 По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ќе го посети тријазичното основно училиште „Јашар Беј Шкупи“ во општина Чаир. Пред министерката Костадиновска-Стојчевска, придружувана од државниот секретар од Министерство за образование и наука Анета Трпевска и градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу, учениците ќе читаат песни од познати автори на нивниот мајчин […]

Ембла ја покажа суровоста на околината, повторно е со своите соученици


Четвртоодделеката Ембла Адеми од Гостивар е повторно меѓу соучениците во ОУ „Башкими“. Таа не го почна второто полугодие во нејзиното одделение поради бојкот на родителите на учениците од паралелката кои се жалеле на агресивност од ова 11-годишно девојче со Даунов синдром. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири утрово на Фејсбук соопшти дека на негово […]

Грантови за развој на мултикултурализмот ќе добијат 70 основни и 25 средни училишта


 Седумдесет основни и 25 средни училишта во државава ќе добијат грантови за реализација на активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикулурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција во основните и средните училишта за учебната 2021/2022 година. Министерството за образование и наука на својата веб-страница ги објави резултатите од Јавниот повик за доделување средства со цел да се промовираат […]

(Видео) Министерот за образование Шаќири во основно училиште во Чаир – се почитуваат протоколите


По повод почетокот на второто полугодие од учебната 2021-2022 година, министерот за образование и наука Јетон Шаќири го посети основното училиште „Битолски конгрес“ во општина Чаир. Директорите на сите основни и средни училишта уверија дека се подготвени за почеток на второто полугодие со физичко присуство. – Од денеска, од професорите, кои се најмногу во контакт […]

Синдикатот на образование бара две недели онлајн настава, МОН не дозволува


Првите две недели учениците да следат онлајн настава, а ако се намалат големите бројки од ковид позитивни на дневно ниво, да се вратат во училиштата, бараат од Синдикатот за образование за почетокот на второто полугодие, откако Владата одлучи да почне со физичко присуство од први февруари. Претседателот на СОНК Јаким Неделков за „Канал 5“ вели […]

Наставата ќе продолжи со физичко присуство на учениците


 Наставата во основното и средното образование ќе продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари, одлучи Владата на денешната 7-ма редовна седница. -Оваа одлука е донесена врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ, а Владата повикува на доследно придржување и спроведувањето на протоколите за одржување настава со […]

Почна да се гради основно училиште во Визбегово за 500 ученици


Почнаа градежни работи за изградба на основно училиште во Визбегово во општина Бутел, на вкупна површина од 12 029 квадратни метри и со капацитет за над 500 ученици. Како што соопшти МОН претходно, склучениот договор за изведување на градежните работи за изградба на објектот е во износ од 106.590.812 денари со ДДВ, а реализацијата е […]

Основно училиште со капацитет за над 500 ученици ќе се гради во Визбегово


Почнува изградба на основно училиште во Визбегово во општина Бутел, на вкупна површина од 12 029 квадратни метри и со капацитет за над 500 ученици, соопшти Министерството за образование и наука. Склучениот договор за изведување на градежните работи за изградба на објектот, информира МОН, е во износ од 106.590.812 денари со ДДВ, а реализацијата е […]

Професорот што со метален предмет удри ученик во Струга бил проблематичен подолго време


Професорот, што денеска напладне со метален предмет повреди ученик бил проблематичен подолг период, потврди директорката на средното училиште „Ибраим Темо“ Бесиме Јонузи. Според неа, расправијата меѓу професорот и ученикот почнала завчера, а дисциплинската комисија во училиштето вчера донела одлука за негово суспендирање. – Мотивот не го знаеме, затоа што со професорот сме имале проблеми години […]

Училиштето „Димитар Македонски“ ќе почне да работи од второ полугодие


По неколкугодишна изградба, Основното училиште „Димитар Македонски” во населба Лисиче доби нов објект во кој учениците ќе почнат да ја следат наставата во второто полугодие на учебната 2021/2022 година. Училиштето е изградено на местото на стариот објект кој беше урнат. Оставена беше само спортската сала која е реновирана. Министерката за образование и наука Мила Царовска […]

Напад во Осло: Со нож повредени учител и вработени во училиште


Напаѓач повреди учител и тројца вработени во училиште во норвешкиот главен град Осло, соопшти полицијата. Напаѓачот е совладан, а мотивот сѐ уште не е познат, додаваат од полицијата, јави Inddependent. Четирите жртви, сите вработени во училиштето „Бринсенг“, во источниот дел од градот, се пренесени во болница со помали повреди. Свен Кристијан Лие, од полицијата во […]

Нужна е потребата од персонални и образовни асистенти во училиштата


Повеќе од нужна е потребата во училиштата да се вработат образовни и персонални асистенти, стручни лица кои ќе можат секојдневно да работат со децата што имаат телесен инвалидитет или интелектуална попреченост. Во дел од основите и од средните училишта има, ама тие не можат да ги опслужат сите дечиња што имаат попреченост. Синот на Горан […]

Филипче ќе ги убедува родителите дека вакцините се квалитетни


Министерството за здравство нема да бара вакцинирањето да биде услов за упис во училиштата, потврди вчера Гоце Чакаровски, заменик-министер за здравство, по бурата во јавноста што ја предизвика министерот Венко Филипче откако најави дека од септември, вакцината ќе биде услов за упис во градинка и во училиште. Тоа предизвика паника кај родителите бидејќи идната недела […]

Чакаровски: МЗ нема да бара вакцинирањето да биде услов за упис во училиштата


Министерството за здравство нема да бара вакцинирањето да биде услов за упис во училиштата. Во постојан контакт сме со Министерството за образование, ќе ги усогласиме ставовите. Не е точно дека работиме на тоа дека децата нема да се запишуваат во градинка или во училиште ако не бидат вакцинирани. Ќе работиме на тоа на родителите кои се […]

Просветен инспектор во училиштето во Неготино во чиј двор јавно беше тепана ученичка


Просветен инспектор влезе во Основното општинско училиште „Гоце Делчев” од Неготино во чиј двор, според јавно објавената снимка на интернет, беше претепано девојче од други две девојчиња, во присуство на други деца. Директорот Петар Мантев рече за МИА дека го погледнал видеото од вчера и оти се преземени сите мерки. – Повикани се учениците, изречена […]

Доцни декемвриската плата за вработените во училиштата во општина Тетово


Поради административни процедури доцни декемвриската плата за вработените во петте средни и 11 основни училишта во надлежност на општина Тетово. Поради проблеми со општинскиот буџет за 2018 година што се уште не ги поминал процедурите во Министерството за финасии без плата за декември е и општинската администрација, информираа од Секторот за јавни дејности во општина […]